Економска криза или неспособност?

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
да си ја чукнат главата малце и да почнат да гледаат колку лош економски тим има оваа влада и ако може да се отвори петиција со јавно барање славески да биде крвна жртва

Прво оној преку кој што ти даваш пример за некој да си ја чукне главата е рамно на хумор и сатира. Објаснив претходно. За петицијава, повели направи протест против протест на протестот за невозможност од протест заради протес и отварање на петиција за Славевски да биде крвна жртва. За репер на оние што ќе го потпишуваат барањето стави го Никола Поповски со сличичка пред тефтерите за потпишување колку да имаат мерило на својот потпис оние што ќе се потпишуваат.
 
Марко Крале, имаш коментар за ова подолу:

Кога светската економија и побарувачката во светот се движат по нагорна линија тоа влијае и на македонската економија, па нашата влада прави прес-конференции на кои си ги присвојува резултатите само за себе. Кога нашата економија оди надолу, Владата бега од прес-конференции и вината ја префрла само на светската криза. Еднаш ги крие, другпат ги потенцира влијанијата на светската економија врз македонската.

Точно или неточно ?
А или Б ?
 
може и тоа бе
какви аргументи човече :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
човека да пука од среќа полоша била претходната па затоа оваа може да биде лоша само за нијанса подобра од претходната

само уште да беше така од економски аспект инаку имаш тема на подфорумов и реални анализи каде што убаво пишува дека министеров наш е луд
инаку кој предвиде кризата нема да не фати нас?
 
Ај не туку колете, бесете, палите...нема корист од тоа, џабе кукање по истуреното млеко, глеј да ја опрајме работата за доброто на сите.
 
да беше од некој друг колумнава да вреди да се коментира
ама од Никола Поповски не треба ни да се потроси поглед да се погледне па камо ли да се чита
оти сите знаеме што беше кога тој имаше власт

тебе џабе ќе ти објаснувам сам си знаеш, а и онака ко коњине гледаш во еден правец така да нема што да се дискутира со тебе

крвна жртва ?
да
можи
откога ќе ги запалат сите тие во претходната влада на плоштад :vozbud::pos2::pos2:
ебати темата

се слагам со болдираното
се тоа од таа компанија со ред да се пали коли и беси
Alex_The_Great напиша:
а ти кое ниво си кога провоцираш?

Јас уште еднаш ја потенцирам причината поради која нивото на дискусиите на Кајгана паѓа под минималното дозволено ниво.
 
Дескридитирањето на Поповски е единствениот аргумент кои го имаат моите соговорници на темава.

Они би за се, само за она кое тој го напишал не.

Што е најжалосно јас мислам дека 95% од оние кои оставиле коментар на темава, го немат ни прочитано текстот.

Ај еден рипит на колумната, и ги замолувам следните дискутанти да го издвојат делот со кој не се согласуваат, па да продискутираме аргументирано :smir:

Кризата и Владата
Светската криза нема никаква врска со промашеното управување со процесите околу „Сведмилк“ и други такви случаи. Каква е релацијата меѓу светската криза и масовното колење на добитокот во Македонија?Никаква. Тој процес е во рамките на релацијата меѓу Владата, нејзината погрешна и еуфорична политика и сточарите во земјава

Кога светската економија и побарувачката во светот се движат по нагорна линија тоа влијае и на македонската економија, па нашата влада прави прес-конференции на кои си ги присвојува резултатите само за себе. Кога нашата економија оди надолу, Владата бега од прес-конференции и вината ја префрла само на светската криза. Еднаш ги крие, другпат ги потенцира влијанијата на светската економија врз македонската. Тоа засега успешно функционира. Мнозинството граѓани на земјава навистина мислат дека позитивните движења во економијата се резултат на владината политика, а негативните на светската криза. Како нашава влада да е безгрешна. А таа е грешна до гуша. Пред пет месеци сите предупредуваа дека владината економска политика за 2009 година е неиздржана, но Владата си тераше по свое и ги усвои мерките, а на Собранието му поттури буџет кој е неодржлив и штетен за економијата на земјава. Денес тоа се потврдува. Сега Владата, иако со задоцнување, почнува да ретерира. Каква врска со ваквата грешка има светската криза, освен што владата при очи се правеше слепа? Никаква.

Дефицитот на општиот буџет за 2009 година е погрешно планиран на близу 3 отсто од годишниот БДП на земјата и тоа ја турка Владата во постојани, дури и месечни задолжувања, за да си ги обезбеди парите за финансирање на дефицитот на буџетот. Таа грешка го доведе Министерството за финансии во состојба да мора да ги зголеми каматите на трезорските записи за да ги привлече проектираните средства од банките, населението и претпријатијата. Тоа што на сите им беше јасно е дека тоа ќе ги зголеми и каматите на благајничките записи на НБМ, но и каматите на банкарските кредити за населението и корпоративниот сектор. Реакцијата на пазарот беше молскавична. Тоа се случи во рок од четири недели. Единствено власта го сфати тоа предоцна, откако каматите отидоа до небо. Последиците по населението и економијата се веќе големи. Но затоа Владата сега најавува корекција на сопствената грешка со поголема грешка. За финансирање на дефицитот ќе се задолжува во странство иако таа не мораше воопшто да се случи. Каква врска со оваа кусогледост на Владата има светската криза? Никаква. Таа единствено има врска со погрешната економска политика.

Во времето на евидентниот раст на светската економија, на огромните финансиските вишоци на пазарите и инвестицискиот бум во светот од 2006 до 2008 година Владата ги отфрли сите понуди за инвестиции во енергетскиот сектор од страна на реномирани странски компании. Немаше храброст (или нешто друго немаше?) да влезе во барем еден голем и вистински проект. Освен ако за големи не се сметаат проектите за изградба на некој музеј, некоја фискултурна сала или изработка на еееј... бронзана скулптура. Сега веќе е доцна. Сега нема заинтересирани инвеститори, што би се рекло „и со боринче да ги бараш“. Ако некој немаше добра процена, тоа е само Владата и никој друг. Тоа нема никаква врска со светската криза. На крајот од краиштата, оваа Влада без сериозно образложение ги поништи и вредните инвестициски преддоговори со странски компании што ги наследи од претходната власт.Поради погрешната надворешна политика на Владата, која сопствената непромислена агресија ја насочи на погрешна страна, земјава веќе губи околу 60 милиони евра поволни кредити од Европската банка за обнова и развој за изградба на патишта во земјава. Како тука влијаела светската криза? Никако. Влијаела само лошата владина политика.

Кога Владата на Македонија во 2007 година непромислено се засили во однос на процената за сопствената моќ, прво го истера ММФ од земјава и се' до пред една недела ја исмеваше оваа институција нарекувајќи ја со погрдни зборови, испраќајќи ја во историјата и во вечните ловишта. Сега конечно почна да ја преиспитува таа своја грешка, но нема сила самата да ја признае, па јавно повикува професори и стопански комори да и' укажат на сопствените грешки, за подоцна таа да соопшти дека ги прифаќа нивните сугестии, а не дека таа згрешила и се премислила. Ниту со ваквата грешка, светската криза нема ама баш никаква врска, како што нема ниту со промашеното управување со процесите околу „Сведмилк“ и други такви случаи. Каква е релацијата меѓу светската криза и масовното колење на добитокот, особено кравите, во Македонија? Никаква. Тој процес е во рамките на релацијата меѓу Владата, нејзината погрешна и еуфорична, но непромислена политика и сточарите во земјава.

Какво влијание има светската криза со неспособноста на здравствените власти во земјава да реализираат јавна набавка на здравствена опрема за 40 милиони евра, која со прес-конференција на целата Влада ја најави премиерот пред повеќе од две години, а потоа неколку пати ја одложуваа од само ним познати причини? Деновиве по кој знае којпат повторно се распишува јавен повик за истата таа опрема и истите тие пари.Какво е влијанието на светската криза врз компјутерите за училиштата што одамна се набавени и оттогаш се оставани да скапуваат по училишните подруми (заедно со парите потрошени за нив) и бесполезно да стојат по училниците со единствена задача да им ја намалат корисната површина на училишните клупи? Многу вакви прашања може да се постават што немаат никаква врска со светската криза, а кои Владата ги маскира со божемните светски случувања. Тоа веќе долго трае, но веројатно не може предолго да трае. Еден ден проблемите што власта, а не светот, сама ги создаде ќе испливаат на површината, а со нив и виновниците за тоа.
Никола Поповски

За Даб....овај за Крале Марко :)

Или евентуално за тектот погоре :smir:

За да има тежина текстот, мора пишувачот да има позадина.
Не успеа тој да обезбеди позадина за да сега неговиот збор има тежина. Човек кој со сопствен пример покажал, ќе заслужи внимание на она што го пишува. Поповски сигурно не!

До тогаш, убаво рече, честам по еден Даб..... упс Крали Марко.Едно за тебе :party1:, едно за мене :party1: :smir:
 
Јас уште еднаш ја потенцирам причината поради која нивото на дискусиите на Кајгана паѓа под минималното дозволено ниво.

а ти кое ниво си кога провоцираш?
инаку те боли кога ги напаѓам пуленчињата твои
го приметив тоа
 
Марко Крале, имаш коментар за ова подолу:

Кога светската економија и побарувачката во светот се движат по нагорна линија тоа влијае и на македонската економија, па нашата влада прави прес-конференции на кои си ги присвојува резултатите само за себе. Кога нашата економија оди надолу, Владата бега од прес-конференции и вината ја префрла само на светската криза. Еднаш ги крие, другпат ги потенцира влијанијата на светската економија врз македонската.

Точно или неточно ?
А или Б ?

А помош од пријател или 50-50 :vozbud:
 
За да има тежина текстот, мора пишувачот да има позадина.
Не успеа тој да обезбеди позадина за да сега неговиот збор има тежина. Човек кој со сопствен пример покажал, ќе заслужи внимание на она што го пишува. Поповски сигурно не!
По твоја логика никој не е релевантен да ја дискутира работата на владата бидејќи едноставно подобри од нив нема :) Супер.
До тогаш, убаво рече, честам по еден Даб..... упс Крали Марко.Едно за тебе :party1:, едно за мене :party1: :smir:
Не е важно, битно е да има забава :party2:
А помош од пријател или 50-50 :vozbud:
Моит з'ш да не :)
 
Ај не туку колете, бесете, палите...нема корист од тоа, џабе кукање по истуреното млеко, глеј да ја опрајме работата за доброто на сите.
и тоа што велиш туку ајде разубе ди ги другиве како да се опрајме јас велам прва работа славески смена со некој асален
 
Па сега....нели најавуваат реконструкција на влада..ако имаме среќа...ќе му се заблагодарат на трајко
 
Па сега....нели најавуваат реконструкција на влада..ако имаме среќа...ќе му се заблагодарат на трајко
Тешка работа. По порцепциите на власта Славевски важи како еден од најдобрите министри во ова гарнитура.
 
Тешка работа. По порцепциите на власта Славевски важи како еден од најдобрите министри во ова гарнитура.
Најдобар во што......во промашувања....што е многу многу е
 
1По твоја логика никој не е релевантен да ја дискутира работата на владата бидејќи едноставно подобри од нив нема :) Супер.
2Не е важно, битно е да има забава :party2:
3Моит з'ш да не :)

1. Мојата дискусија се однесува на конкретната тема. А во конкретнава тема, конкретно анализата на работата на владата е направена од конкретен човек Никола Поповски кој како што се изјаснив претходно според мене не е релевантен критикувач. А владата може да ја критикува кој сака и за што сака, но во конкретнава тема јас дадов конкретно образложение. :wink:

2. И јас сум за тоа ред полемика ама два реда забава.:party2:

3. Тогаш бирам помош од пријател......Алоооо Реален 07 ај да ми одговориш на едно прашање ........:icon_bigg:helou:
 
Најдобар во што......во промашувања....што е многу многу е
..бига, перцеција :toe:
1. Мојата дискусија се однесува на конкретната тема. А во конкретнава тема, конкретно анализата на работата на владата е направена од конкретен човек Никола Поповски кој како што се изјаснив претходно според мене не е релевантен критикувач. А владата може да ја критикува кој сака и за што сака, но во конкретнава тема јас дадов конкретно образложение. :wink:
Во ред, јас ти го кажав моето мислење околу релевантноста на критичарот, иако темава не е за тоа како Поповски министерувал.
2. И јас сум за тоа ред полемика ама два реда забава.:party2:
Тогаш сигурно би дошле до заеднички заклучок, или како што денес милува да се каже - ќе кохабитираме уз пиво :)
3. Тогаш бирам помош од пријател......Алоооо Реален 07 ај да ми одговориш на едно прашање ........:icon_bigg:helou:
Претплатникот...дрн дрн....неплатени сметки :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom