Во следната преговарачка рунда со државна стратегија за името

  • Креатор на темата Креатор на темата ЉУПЧО
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Во следната преговарачка рунда со државна стратегија за името

Автор: Ивана Костовска
ime.jpg
Собранието ќе донесе државна стратегија за преговорите околу името пред почетокот на новата преговарачка рунда, откако ќе завршат јунските избори во Грција. Координаторите на пратеничките групи и спикерот Трајко Вељановски деновиве се договориле дека Стојан Андов, кој ја поднесе предлог-стратегијата, треба да се сретне со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски. Целта на таа средба би била тие двајца да се договорат за можните сугестии на МНР во однос на содржината, со оглед на тоа што Владата даде негативно мислење за предлогот на Андов. Координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, ја доби задачата да ја договори средбата меѓу Андов и Милошоски.

- Целта е да договорат, да видат како треба да се одвива седницата и дали има некакви сугестии од МНР. Ова беше усогласен став на сите координатори на пратеничките групи - рече Бонева.

Најверојатно предлог-стратегијата на Андов за решавање на спорот со Грција ќе се најде пред пратениците на 27 мај. Самиот предлагач Андов, пак, вчера не знаеше дека еден ден претходно кај Вељаноски имало координација за неговата стратегија. Пратеничката Роза Топузовска-Каревска од ЛДП, која беше на координацијата, вели дека договорот да се организира средба меѓу Андов и Милошоски е поради негативната оцена на Владата за предлог-стратегијата. Во владиното мислење што пратениците го добија пред еден месец се вели дека севкупниот материјал не би можел да се донесе како државна стратегија, од причини што не ги содржи сите елементи неопходни за документ врз основа на кој Македонија би преземала одредени активности во насока на презентирање на нејзината позиција во однос на наметнатиот спор со Грција.

Во мислењето на кое е потпишан вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески се вели дека државната стратегија треба да се состои од прецизно наведени насоки и решенија што ќе ги определат содржината, формата, принципите и начинот на кој ќе се презентира позицијата на Македонија пред меѓународните фактори. Сепак Ставрески оценува дека предлогот на Андов може да се користи како основа за подготвување државна стратегија, но дека тоа треба да биде класифицирано со соодветен степен на доверливост, што предлогот на Андов не го содржи. Предлагачот Андов, пак, смета дека нема потреба да разговара со Милошоски за промена на текстот.

- За она што не се задоволни може да побараат промена преку амандмани - рече Андов.

Наспроти мислењето на Владата, тој смета дека стратегијата мора да биде јавен документ. Македонските парламентарци уште лани во ноември побараа итно донесување државна стратегија за преговорите околу името. Поради изборите, предлогот на Андов не беше ставен на гласање. Во резолуцијата треба јасно и недвосмислено да бидат вградени единствените ставови на политичките субјекти кои понатаму ќе бидат основа за преговори. Со документот се предвидува да се заштитат највисоките државни и национални интереси и да се зачува идентитетот на македонскиот народ, јазик, историја, култура и постоењето на македонско малцинство во Грција.

http://novamakedonija.com.mk/Deskto...=2&fCat=1&top=1&EditionID=368&ArticleID=22662
 
Како може државна стратегија да биде јавен документ додека траат преговорите?

Ќе играме шах ама ти ќе го знаеш секој мој нареден потег.
 
Како може државна стратегија да биде јавен документ додека траат преговорите?

Ќе играме шах ама ти ќе го знаеш секој мој нареден потег.

Kако може преговори кој се водат за нашето заедничко име и нашата взаемна национална припадност да бидат водени тајно од 2-3 луѓе во државава,кој според мене се поглупи од 99% други Македонци?
-Преговорите доколку се водат треба да бидат транспарентни и јавни да знаеме сите што “каша“ ни спремаат нашите политичари.
 
2-3 луѓе ги има избрано народот со мнозинство.

ај за секое гукање ке отвараме теми

Ако е гукање за тебе тоа што до сега не сме имале државна стратегија во преговорите, а сега конечно и тоа да го имаме тогаш ОК.:toe:
 
Како може државна стратегија да биде јавен документ додека траат преговорите?

Ќе играме шах ама ти ќе го знаеш секој мој нареден потег.

и мене не ми е јасно ...
државна стратегија, а јавна , сите наши потези на виделина, па и на собрание ќе ги слушаме како го договараат наредниот потег ... ??? чудно и смешно.
 
Eve sto mislat od SDS vo vrska so strategijata:

В.Д лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за А1 вели, на средбата на новиот претседател ќе му го кажеме нашиот став - име со географска одредница е добро решение за замена на ФИРОМ, но без менување на уставното име и со потврда на националниот идентитет и македонскиот јазик.

Izvor A1..

Se prasuvam samo dali lugeto od SDS dotolku ne gi svakat Gejskite pozicii, ili nas ne pravat ulavi....
Ovoj muabet go pravese i Frckovski vo predizbornata kampanja...
A da bide VICOT pogolem ima luge sto im VERUVAT...
 
Па доколку не се менува уставно име, и се добива гаранција на национална припадност и јазик...што уствари ти повеќе бараш??

Уставно име. Р. Македонија
Национална припадност. Македонец
Јазик. Македонски.

Кое од овие не ти се допаѓа?

Мислам ок, ја сфаќам потребата да се препукувате меѓупартиски, ама тоа што го кажал Заев, е нешто што секој од нас сака да го види како резултат на овие преговори. А за надворешно име, заболе ме муда...и така сме ФИРОМ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom