Македонските граѓани да се воздржат од патување во Грција, препорака од МНР

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Возраст
39
Скопје, 15 април (МИА) - Министерството за надворешни работи им советува на македонските граѓани да се воздржат од патување и подолг престој во поголемите градови во Грција.

Доколку патувањето и престојот се неопходни, МНР препорачува многу внимателно однесување, посебна грижа за безбеден паркинг доколку се патува со сопствено возило, одбегнување на градските центри и локациите каде што евентуално можат да бидат организирани протести и немири, како и одбегнување на објектите и институциите кои досега биле најчеста мета на насилни напади.

Во образложението на препораката МНР потсетува дека во последните неколку месеци, Грција беше зафатена од бран на внатрешни немири, насилни протести и вооружени инциденти, со што беше загрозена приватната сопственост и личната безбедност на многу лица.

- Ваквите инциденти, кои, за жал, се уште не се ставени под контрола, особено се случуваат во поголемите градови, како Атина, Солун и други, преку напади со молотови коктели на авто-салони и банки, напади кон полициски патроли и странски претставништва, заземање на универзитетските центри од страна на анархистички групи, закана со подметнување бомби во црковни објекти и протести на главните улици и плоштадите кои не ретко добиваат и насилни димензии. Дополнително, во последните неколку месеци десетици македонски граѓани, особено автопревозници, ги известиле надлежните македонски органи за проблеми поврзани со оштетување на нивните возила при нивниот престој или премин преку територијата на Република Грција, се вели во препораката.

Министерството за надворешни работи им укажува на македонските граѓани редовно да ја следат состојбата во Грција, како и да го контактираат Министерството и македонските дипломатски претставништва во Атина и Солун.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=63861670&lId=1
 
Секоја Грчка кола која ќе невлезе во оваа наша територија, да не излезе без скршен ретровизор, дупнати гуми, и со милион графити на нејзе.Да се донесе ваков закон.
 
Во образложението на препораката МНР потсетува дека во последните неколку месеци, Грција беше зафатена од бран на внатрешни немири, насилни протести и вооружени инциденти, со што беше загрозена приватната сопственост и личната безбедност на многу лица.
Е добро утро...
 
Ја па имам едно 10 '' познаници '' што се спремаат да идат во Грција =)

Али ако =) Човек иде за да биде виден ... не дека ке си помине убаво =)
 
Ова е индиректен повик за “оправдан“ бојкот.

Ама сепак мислам дека свеста на нашиов народ е далеку под потребното ниво за да се спроведе вакво нешто на дело.
Грција се соочува со најголемата криза, а ние со нашите пари ќе ги спасуваме.:toe:
 
Малце поише каснат овие од МНР со ова ... ? Не треаше ова да го кажат негде пред 1 година ? Ај добро е битно им текна боље некогаш него никогаш ... :smir:
 
Малце поише каснат овие од МНР со ова ... ? Не треаше ова да го кажат негде пред 1 година ? Ај добро е битно им текна боље некогаш него никогаш ... :smir:

МНР секогаш делува “касније“,па тапаните ги вика одкако ќе заврши свадбата.:smir:
 
Паметно смислена работа... 10 години по таквиот разговор овде на форумот. :helou:
 
Малце поише каснат овие од МНР со ова ... ? Не треаше ова да го кажат негде пред 1 година ? Ај добро е битно им текна боље некогаш него никогаш ... :smir:

МНР секогаш делува “касније“,па тапаните ги вика одкако ќе заврши свадбата.:smir:

Зашто бе, веќе сте резервирале апартмани на Миконос?
 
Малце поише каснат овие од МНР со ова ... ? Не треаше ова да го кажат негде пред 1 година ? Ај добро е битно им текна боље некогаш него никогаш ... :smir:

Без разлика дали каснат или не, ние треба да бидеме свесни дека не сме посакувани во нивната држава, а и ни тие во нашава. Кога сме кај МНР, тие си ја извшрија нивната задача и не предупредија за можните последици. Тоа е добро од нивна страна.
 
Доста елегантен начин за повикување на бојкот на патувањата во Грција. Ај лајкет...
 
Некои закоравени нема шанси да се оттргнат од гејрис па мајка Јана нека е. Само метла и лопатче за нив.
 
Пред некое време нозе искршија да се извинат за демолираните автобуси во Охрид сеа пак ни препорачуваат да не патуваме во Грција.Ќе треба да се научат нешто од Грците.На пример демантот на Кумуцакос денес.
 
Секоја Грчка кола која ќе невлезе во оваа наша територија, да не излезе без скршен ретровизор, дупнати гуми, и со милион графити на нејзе.Да се донесе ваков закон.

Некои закоравени нема шанси да се оттргнат од гејрис па мајка Јана нека е. Само метла и лопатче за нив.

а за тебе Џену Грл само изолација у Македонијава, нигде не искачај, најубаво е тука. Деца!

Така, само коментирајте како у грчка не не сакаат, најубаво да си седиме дома бе. Златен Охрид.
Како не бе! Пред 1 месец бев во Солун со кола, па еве сум бутур не ми фали. Анархистите маваат на големи банки и салони за автомобили, а не на странци. И да, ако имам можност година ќе идам у Грчка, бар знам дека за моите пари добивам асална услуга за разлика од Охридон.
 
Среќен ти пат....
Напрај по дома некој склек...можеби ќе ти притреба на граница,па да си бидеш кондиционо спремен.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom