Алкександрос Маљас: На маса е „конечно добар предлог“ за името

  • Креатор на темата Креатор на темата ^X^
  • Време на започнување Време на започнување

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Официјална Атина во „Република Северна Македонија“ гледа „конечно добар предлог“, кој медијаторот Метју Нимиц најпосле го ставил на преговарачката маса со Скопје.

Ова, како што пренесува Макфакс, го оценил грчкиот амбасадор во Вашингтон Алкександрос Маљас, зборувајќи на конференција за американската политика на Балканот.
„Најпосле во преговорите со Скопје околу разликите за името на северниот сосед на масата е ставен добар предлог“, изјавил Маљас, додавајќи дека официјална Атина се залага за името „Република Северна Македонија“.

Маљас зборувал на конференцијата „Довршување на американска мисија на Балканот“, одржана синоќа во влијателниот невладин Центар за стратешки и меѓународни студии (CSIS) во Вашингтон.

На конференцијата учествувал и македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски.

Главната порака испратена од собирот е дека САД треба да го задржат својот ангажман во југоисточна Европа, во интерес на стабилноста, развојот и интеграцијата на земјите од регионот во НАТО и ЕУ.
„На подрачјето на западен Балкан моментно владее мир, но повеќето земји се уште се надвор од двата потпорни столбови на Западот - НАТО и ЕУ. Потенцијалните сценарија за нестабилност налагаат потреба од реконфигурирање на улогата на САД и ЕУ, особено на планот на регионалната сигурност и економскиот развој“, оцени Јануш Бугајски од CSIS.

Посочувајќи дека САД сега имаат многу поважни приоритети од Балканот, Даниел Сервер од американскиот Институт за мир, оцени дека ЕУ треба што поскоро да ги прими во членство балканските држави.

„Потребна ни е заедничка акција на САД и ЕУ и ја повикувам Унијата што е можно поскоро да ги прими сите балкански земји, кога тие ќе ги исполнат условите“, наведе Сервер.
 
Предлогот е “добар“,колку што беше добар тој за Источна Германија,ама не можеше да опстои како таков.Можеби Маљас никогаш не разговарал со некој Германец од источна Германија или ДДР за да ги праша колку им беше “убаво“ на луѓето што беа присилени повеќе од 40 години да се нарекуваат така Источно Германци.:toe:
 
Да ама и нашиве политичари (СДСМ) го преферираа истиот предлог во изборната кампања. А ВМРО прифати за време на самитот на НАТО Република Македонија Скопје да оди на референдум. Грците не се согласија тогаш.
 
А што е со името на народот, културата, јазикот, итн?

За ова Маљас не дава одговор и токму и тука лежи проблемот.
 
Одлично. ЕУ нека нè прими што поскоро, зашто ние ги исполниваме сите услови. Интересен момент: ЕУ не ги исполнува условите да нè прими нас, т.е. Грција се спротивставува на нашиот влез во ЕУ.

Значи, овој предлог за промена на името е тотално погрешен од старт, зашто подразбира дека ние треба да направиме нешто, за да влеземе во ЕУ, а таа сака нас да нè прими што поскоро. Значи, ЕУ треба прво да си ги реши внатрешните проблеми, па за да нè прими нас.

Зашто, ние како сме преживеале до сега без ЕУ, кога никој не нè сакал и нè ашкал, апсолутно нема потреба па сега нешто да менуваме кај нас.

Со други зборови: овој предлог на Нимиц е само тоа - предлог. Честито на креативноста, но не фала.
 
А што е со името на народот, културата, јазикот, итн?

За ова Маљас не дава одговор и токму и тука лежи проблемот.

Името на народот,културата или јазикот порано или подоцна се сплотуваат со името на државата.:toe:
 
Името на народот,културата или јазикот порано или подоцна се сплотуваат со името на државата.:toe:

Не може така да се каже, тука има и друг проблем значи Северна Македонија да биде само замена за фиром или пак да стане уставното име на Македонија.

Што сакам да кажам е дека овој со изјавата баш ништо не изјавуват туку ми личи на некоја финта па како што ги познавам нашите политичари и погрешно ќе ја сфатат ова порака :kesa:
 
уф леле америте пресекоа .......нема сеа кажување не и од грчка и од македонска страна
 
уф леле америте пресекоа .......нема сеа кажување не и од грчка и од македонска страна

Абе ајде... До сега како кажувавме не и ние и тие (посебно тие)?

Предлог си е предлог и може да биде одбиен како и секој друг.
 
Во информацијата стои дека официјална Атина се залага за името „Република Северна Македонија“. За идентитетот и другите услови ништо не се спомнува.
Ако Грците зазеле официјален став, топката е кај нас...Т.е. кај нашиве политичари.
 
Не може така да се каже, тука има и друг проблем значи Северна Македонија да биде само замена за фиром или пак да стане уставното име на Македонија.

Што сакам да кажам е дека овој со изјавата баш ништо не изјавуват туку ми личи на некоја финта па како што ги познавам нашите политичари и погрешно ќе ја сфатат ова порака :kesa:

Всушност само така и може да се каже,и никако поинаку Името на државата секогаш го определува идентитетот,јазикот и културата на истата таа држава.Дали тоа ќе се случи веднаш или по 100 години,не е битно,доколку се знае дека мора да се случи,зошто друг начин нема,освен доколку некој не сака да му продава мадиња за бубрези на сопствениот народ.:toe:
 
Абе ајде... До сега како кажувавме не и ние и тие (посебно тие)?

Предлог си е предлог и може да биде одбиен како и секој друг.
Koga grcite vikaat дека е разумен предлогот а во него стои северна македонија а пред тоа бараа и индетитет и име и се да се мења и македонско да не стои а сега се е океј

веруј после шлаканици толку примени од обама почнаа да пејат друга песна американците имаат попаметна работаа не со нас да го дрват за едно име и они пресекоа а сеа ако сме глупи и пак да почнеме ко мали деца да се однесуваме е тоа веќе друга прича ако сме паметни ќе прифатиме,а со финишите ќе може да добиеме и повеќе
 
Всушност ние ништо не добиваме,само го губиме она што никој нормален не би се ни осудил ни да помисли да го изгуби,сопственото име јазик и идентитет со него.:toe:
 
ДА ДА ЕВЕ СЕГА ЗАКЛУЧИВ ДЕКА СИ ПЛАТЕНА ЗА ДА ПИШУВАШ ОВДЕ ДА ДАВАШ МИСЛЕЊА ЗА ДА СМЕНИМЕ ИМЕ.:tapp:
 
Всушност ние ништо не добиваме,само го губиме она што никој нормален не би се ни осудил ни да помисли да го изгуби,сопственото име јазик и идентитет со него.:toe:
абц виде што се случи со грција кога рече не на америка ?

мислам бирај шта ти дражије грција е појака а ние види не што сме ко држава ...мислам треба ли да цртам?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom