- Член од
- 22 декември 2007
- Мислења
- 1.457
- Поени од реакции
- 376
Официјална Атина во „Република Северна Македонија“ гледа „конечно добар предлог“, кој медијаторот Метју Нимиц најпосле го ставил на преговарачката маса со Скопје.
Ова, како што пренесува Макфакс, го оценил грчкиот амбасадор во Вашингтон Алкександрос Маљас, зборувајќи на конференција за американската политика на Балканот.
„Најпосле во преговорите со Скопје околу разликите за името на северниот сосед на масата е ставен добар предлог“, изјавил Маљас, додавајќи дека официјална Атина се залага за името „Република Северна Македонија“.
Маљас зборувал на конференцијата „Довршување на американска мисија на Балканот“, одржана синоќа во влијателниот невладин Центар за стратешки и меѓународни студии (CSIS) во Вашингтон.
На конференцијата учествувал и македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски.
Главната порака испратена од собирот е дека САД треба да го задржат својот ангажман во југоисточна Европа, во интерес на стабилноста, развојот и интеграцијата на земјите од регионот во НАТО и ЕУ.
„На подрачјето на западен Балкан моментно владее мир, но повеќето земји се уште се надвор од двата потпорни столбови на Западот - НАТО и ЕУ. Потенцијалните сценарија за нестабилност налагаат потреба од реконфигурирање на улогата на САД и ЕУ, особено на планот на регионалната сигурност и економскиот развој“, оцени Јануш Бугајски од CSIS.
Посочувајќи дека САД сега имаат многу поважни приоритети од Балканот, Даниел Сервер од американскиот Институт за мир, оцени дека ЕУ треба што поскоро да ги прими во членство балканските држави.
„Потребна ни е заедничка акција на САД и ЕУ и ја повикувам Унијата што е можно поскоро да ги прими сите балкански земји, кога тие ќе ги исполнат условите“, наведе Сервер.