Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 634
Ке се случи преседан во Македонија.Споменик на ОКУПАТОРСКО-КРВНИЧКА војска и нејзин офицер ке биде подигнат во Дојран со амин на владата. Откако беше дозволено од екс прецедателот Црвенковски реновирање на Бугарските гробишта во Струмичко, наместо благодарност бугарите се вдадоа во дипломатска офанзива во ЕУ настојувајки Македонија да ја претворат во света гробница за маршеви панихиди и лечење комплекси.
е сега знаејки ја нашата љубов према бугарите колку би траел овој споменик?
а) една недела
б) до истата вечер, кога ке биде продаден како старо железо
в) неколку часови пред да отиде на пливање во дојранското езеро
г) ке стои век и векова а ние ке му се поклонуваме и обожуваме
--------------------------------------------------------
Софија кај нас ќе му гради споменик на Каварналиев
Бугарскиот европратеникот Евгениј Кирилов тврди дека на минатонеделните средби македонската страна се согласила да се обнови споменикот на офицерот
Македонија се согласила на нејзина територија да се реконструираат бугарските споменици на полковникот Коста Каварналиев и спомен-чешмата посветена на царот Фердинанд, изјави бугарскиот европратеник Евгениј Кирилов по дводневната посетата на Македонија. Во интервјуто за бугарската агенција „Фокус“ Кирилов истакна дека ова било договорено на средбата со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и со Спиро Ристовски, заменик-министер за труд и социјална политика.
- Тие се согласија дека по оформувањето на работните групи ќе се направи листа со сите споменици и дека две приоритетни прашања ќе бидат решени - да се реконструира споменикот на полковникот Каварналиев и да се обнови чешмата на Фердинанд со спомен-плочата. Ние од блиску ќе следиме како ова се спроведува - изјави Кирилов за бугарската новинска агенција.
Ако македонската страна дозволи реконструкција на споменикот на бугарскиот полковник Коста Каварналиев, кој загина во борбите за Дојран во 1913 година, тоа ќе биде преседан со кој нашата земја ќе дозволи претставник на окупаторска војска да има споменик на нејзина територија. Воените историчари предупредуваат дека тоа е недозволиво бидејќи мора да се прави разлика меѓу достоинствено одбележување на колективните гробишта и на непријателските војници и нивните водачи.
Во македонската влада вчера не можеше да се добие официјалната потврда дали на бугарските европратеници им е ветено дека ќе се обноват и индивидуалните споменици, што досега постојано се одбиваше. Неофицијално, владините извори тврдат дека се' уште не е договорено кои споменици ќе бидат обновени. Таму соопштуваат дека македонската позиција била остакната во изјавата на вицепремиерот Ивица Боцевски по средбите со бугарската делегација.
- Станува збор за техничко прашање, кое треба да се реши во духот на европските искуства како што е примерот со германските споменици во Франција и со британските споменици во Германија. Време е на Балканот коските на мртвите да се смират зашто видовме што донесе повикувањето на коските на мртвите во регионот. Балканот треба да се фокусира на заедничката европска иднина - изјави тогаш Боцевски.Евгениј Кирилов смета дека состојбата со бугарските воени гробишта во Македонија е многу потресна.
- Изразувам умерен оптимизам. Овој пат Македонија покажа разбирање и грижа дека има двојни стандарди. Ни рекоа дека на сите други земји им била дадена можност да се грижат за своите гробишта и затоа тие се во подобра состојба - рече тој.Според него, македонската страна укажала дека во Македонија има влијателни кругови што не се согласуваат со обновата на обележјата бидејќи Бугарите биле окупатори тука.
- Ние одговоривме дека во тоа време Македонија не била држава и по таа логика сите војници на нејзина територија беа окупатори. Се согласивме дека Бугарија не може да биде нееднакво третирана и дека жртвите треба да бидат третирани еднакво - посочи Кирилов.
Бугарскиот полковник Коста Каварналиев загинал на 23-24 јуни 1913 година, во периодот меѓу Првата и Втората балканска војна. Во тој период Србија, Грција и Бугарија на територијата што ја зазеле во Македонија почнале да воспоставуваат окупаторски системи. Споменикот што му беше посветен е направен на патот Валандово - Дојран и бил висок четири метри. Разурнат е во средината на четириесеттите години, но се' уште е во делумно добра состојба.
Стојчев: Се бореше Дојран да биде во Бугарија
Универзитетски професор и воен историчар Ванче Стојчев во интервјуто за „Дневник“ пред една година укажа дека „Каварналиев не се борел да ги спаси Македонците, туку се борел да ја задржи поголемата територија на Дојран и таа да влезе во составот на територијата на Бугарија“.
- Ако сега дозволиме да му се подигне споменик на секој командант, ќе немаме право да ги спречуваме и Србите и Грците да им подигнат споменици на своите команданти на наша територија. Тогаш Србите ќе побараат да му се подигне споменик на кралот Петар и на другите воени личности што го претставувале окупаторскиот систем и спроведувале големодржавна и денационализаторска политика - укажува Стојчев. Тој истакнува дека бугарската страна треба да покаже подготвеност да се направи спомен-обележје на 12.000 Македонци, кои биле во составот на воената единица „Македонско - тракиско ополчение“. Многу Македонци од оваа единица што ги мобилизирала Бугарија загинале во битката за Едрене со Турција.