Продолжува изградбата на Филхармонијата и покрај реакциите на ИВЗ
13/04/2009 13:40:00
Големина на фонт:
Властите не ги почитуваат процедурите, ниту реакцијата на ИВЗ да се прекинат работите на местото каде порано беше џамијата Ибни Пајко.
Екипата на Алсат денеска регистрираше дека на ова место интензивно продолжуваат работите за градење на новиот објект на Филхармонијата иако се уште не заврши судската постапка околу барањето на ИВЗ за враќање на имотот врз основа на процесот на денационализација.
Иако најпрвин Комисијата за денационализација го одби барањето на ИВЗ за враќање на имотот и ја имаше согласноста на ИВЗ да се исплати имотот, властите ја оспорија ова одлука и најавија жалба до Управниот суд. Претседателката на Управниот суд потврди денеска за АЛСАТ дека предметот постои и дека се уште не е донесена одлука околу ова барање.
Со оваа жалба против владата на РМ, ИВЗ од Управниот суд бара да се одложи претходната одлука на второстепената Комисија за денационализација и предметот да се врати на второстепениот орган, но сега со конкретни дејствија, односно имотот да му се врати на ИВЗ.
Овој факт не е доволен за Министерството за култура да ги прекине градежните работи. Тие се повикуваат на одлуката на второстепената Комисијата за денационализација, не земајќи го предвид фактот дека ИВЗ на 26 март 2009 година поднесе жалба пред Управниот суд.
Земјиштето каде се гради зградата на филхармонијата сега припаѓа на државата, велат од Министерството за култура. ИВЗ само два дена по поставувањето на камен-темелникот на филхармонијата реагираше, обвинувајќи ги државните институции за, како што се велат, обидот за искоренување на исламската култура.
„Со оваа постапка владата сериозно ги повредува и руши меѓу-конфесионалните односи, каде високи свештеници на една религија ги осветуваат темелите на објектот кои неправедно се гради врз темелите на џамијата Ибни Пајко и на имотот на вакафот“ се вели во реакцијата на ИВЗ.
Izvor ALSAT M...
Znaci spored ova celo centralno podracje e imot na IVZ...
Rabotite bile vakvi TURCITE ne okupirale i se aknale na gradenje djamii...
Posle toa sme se oslobodile a so toa sme go oslobodile i okupiranoto....
Samo vo Bitola imalo 60 djamii (taa epten im bila omilena na Turcite ) od tie djamii preziveale nekolku a zemjisteto na tie sto se sruseni e vrateno pod drzavna kapa...
Navistina ne ja razbiram logikata na IVZ...
jas rekov ako e taka aj da vidime pred tursko kolku imot imala IVZ...