Атлантида

Дали постоела Атлантида?

  • Да

    Гласови: 157 82,6%
  • Не

    Гласови: 33 17,4%

  • Вкупно гласачи
    190

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Атлас, крал на Атлантида

Поголемиот број теории за Атлантида ги создале незјините одобрувачи. Нивниот метод бил да земат неколку приметени сличности од културата, археологијата или географијата на одредено подрачје, па потоа сето тоа да го соберат на куп и да објават дека „вистинската“ Атлантида е пронајдена. Ваквата методологија резултирала со мноштво поистоветувања. Така Атлантида е „откриена“ во Северна Америка, Цејлон, Палестина, Монголија, Картагина, Шпанија, Малта, централна Франција, Нигерија, Бразил, Перу, на Кавказ, во Мароко, Сахара, на Арктик, Антарктик, во Холандија, источна Прусија, на Балтик, Гренланд, јужен Пацифик, во Мексико, Иран, Ирак, на Крим, Кариби, во Шведска, Британија и, секако, на минојски Крит и Тера. Ниедна од овие теории - освен можниот исклучок минојската хипотеза - не поставува прашања како Платон можел да дојде до локацијата која ја спомнува. Тие едноставно тргнуваат од поставката дека тој на некој начин ја зборува вистината. Наспроти признавачите на овие идеи се наоѓаат скептици кои потрагата за Атлантида ја сметаат едноставно за залудна. По нивно мислење, Платон само фантазирал.
Единствен вистински излез од овој ќорсокак е да се откажеме од секакви наивни надежи да ја најдеме вистинската Атлантида и да се концентрираме на клучното прашање: дали можеме да идентификуваме извор на Платоновата приказна.
Иако тој редовно додавал сопствено видување, ни во ниедно свое дело тој не измислил цела приказна. Би требало и него да го доведеме во сомнеж и да го преиспитаме тврдењето дека приказната за Атлантида ја добил од својот предок Солон, кој за оваа тема напишал еп. Покрај тоа, дали Платон правилно заклучил дека Солон ја слушнал приказната од египетски свештеници?
Наводната египетска врска е загатка на целиот проблем. Старите Египќани слабо се интересирале за странците, така да помислата дека ја сочувале приказната за две оддалечени цивилизации - Атлантида и нејзината ривалка Атина - во најмала рака е малку веројатна. Уште помалку е прифатлива идејата дека Египќаните, горди дека се „најстара“ култура во светот, би ја опишувале толку волно цивилизацијата како што е атлантиѓанската, која била далеку постара и, оттаму, посупериорна од нивната. Освен тоа, како Египќаните воопшто би можеле да ги забележат случувањата кои, наводно, се случиле илјада години пред почетокот на нивната култура?
Улогата на Атина во оваа приказна и понатаму ги комплицира работите. Се сметало дека Атинјаните го одбиле нападот на Атлантиѓаните. Познато е, меѓутоа, дека атинското општество е многу позаостанато од египетското, па не межело да постои илјаи години пред него. Во 3 милениум п.н.е. кога се граделе пирамидите, Атина била населена навистина, но не постоела пред 1 400 г.п.н.е. Значи, се додека ја прифаќаме египетската врска во преносот на приказната за Атлантида, ништо нема никаква смисла.
Дали е можно Платон да е во право кога вели дека Солон ја чул приказната за време на патувањата, но дали згрешил во претпоставката дека тоа се случило за време на патувањето во Египет? Солон патувал и на друго место, посебно во кралството Лидија, на егејскиот брег на Анадолија (Турција). Велат дека таму, на дворот на кралот Крез (560-547 г.п.н.е.), Солон разменувал приказни не само со кралот туку и со големиот баснописец Езоп, лично.
И многу други патокази водат во Анадолија, почнувајќи со Атлас, познат од грчкиот мит за кој се верувало дека го држи небото. Атлас, вели Платон, бил првиот крал на Атлантида по кој и го добила името. Грците верувале дека по поразот на првите богови, Титани, од страна на Зевс и Олимпијците, титнаскиот водач Атлас бил осуден да биде на западниот крај на светот, каде го натерале на своите плеќи да ја држи огромната тежина на небото, и тоа вечно. На крај е претворен во планина - Атласка гора во Мароко - а по него го добил името Атлантскиот Океан. Сепак, пред неговото прогонство, Атлас и неговото семејство поседувале земја подалеку на исток. Атласовите ќерки биле претци на поголем број кралски династии, а најважна била тројанската на северозапад од Анадолија (Турција), а другата династија владеела со островот Лезбос кој е далеку од брегот. Се сметало дека сестрата на Атлас основала градови во југозападна Анадолија, додека за неговата мајка зборувале дека е нимфа Азија. Нејзиното име, кое сега се применува за цел огромен континент источно од Средоземјето, во римскиот период значело Анадолија (Мала Азија), а пред тоа бил израз за специфичното подрачје на Лидија на западниот брег.
Постојаното повторување на анадолските врски во митовите за Атлас сугерира дека Грците од таму ја презеле идејата за Атлас кој на своите плеќи го држи небото. Сликарското претставување на фигурата во стилот на Атлас потекнува некаде од прилика 1 500 г.п.н.е., што е 1 000 години пред првите грчки цртежи. Првите цртежи воглавно и припаѓаат на големата цивилизација Хетита, со чие царство се владеело од централна Анадолија во вториот милениум п.н.е. Бројни вајарски дела, од скулптури во стени до оние во восочни печати, покажуваат човечки или получовечки фигури (доста често планински богови) како ги креваат рацете кон небото. Еден хетитски текст го опишал огромниот Уберлис, чии стапала стојат во долниот свет, а со рамењата ја крева земјата и небото. Кога Грците велат дека Атласовото семејство дошло од Анадолија, постојат сите причини да им се верува.
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29


Не можев да најдам поголема сликичка на Кралот Атлас :icon_lol:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Изгубениот град Танталида

Сигурно имало многу приказни кои во древна Анадолија зборувале за планинските богови кои го држат небото. За среќа, постои зачувана приказна за еден од тие митолошки ликови. Неговото име било Тантал и бил легендарен крал на Лидија и Фригија.
Класичарите одамна прифатиле дека Тантал во суштина е лидиска верзија за Атлас. Тој имал толку роднински врски со Титаните, Атласовата раса, што е веројатно и самиот се сметал за Титан; дури се зборувало дека тој е Атласов зет. Двете имиња потекнуваат од грчките зборови tlao што значи „да носиш“ или „да трпиш“, а што е одраз на маките кои според митот им се наменети. Затоа што Тантал, како и Атлас, ги преминал овластувањата и им пркосел на олимписките богови. Боговите го почитувале како пријател, па дури ја прифатиле неговата покана за вечера, кога тој ја направил судбинската грешка со тоа што во јадењето го сервирал својот син. Други велат дека Тантал украл амброзија, боговска храна, и дека им поделил на смртниците. Што и да згрешил, Зевс го удрил со молња и го осудил на вечни маки, од што настанало она Танталови маки. Според Хомеровата верзија, Тантал е осуден на вечен глад и жед, но е честа приказна за стената која секогаш се нишала над неговата глава, пратејќи дали ќе падне. Дргуги верзии велат дека бил закачен на стена, осуден да ја држи и дека таа стена било самото небо - што несомнено тврди дека Тантал е лидијски Атлас.
Сличностите меѓу овие две личности тука не завршува. За Тантал, како и за Атлас, се верувало дека некогаш владеел со земско царство. Центар му бил градот кој го основал на планината Сипила, во златната богата земја Лидија. Како и историскиот крал Кресус, Тантал станал синоним за богатство. Кога Тантал паднал во немилост, неговиот град го проголтал страшен земјотрес, а тогаш градот потонал под езеро. Името на потонатиот град било Танталида.
Како е приказната за Танталида лидијска, се чини дека е разумно да претпоставиме дека била позната на дворот на лидијскиот крал Крез, кој Солон го посетил околу 570 г.п.н.е. На таа позната средба, според описот на грчкиот историчар Херодот, тие двајца размениле приказни кои илустрираат променливост на судбините. Лидијската приказна за Тантал и неговиот град, со поука како и моќните можат да паднат, совршено се вклопува во нивниот разговор. Во најмала рака, честото повторување на тврдењето дека Платоновата Атлантида е измислица, сега може да се преврти. Неговиот извор, Солон, можел во Лидија да присобере приказна за Тантал која ги содржела сите клучни елементи за нејзино претворање во приказна за Атлантида, од богатство до катастрофална трансформација во „потонато кралство“.
Но, како приказната за потонатиот град во Лидија би можела да се претвори во приказна за континент кој е уништен 9 600 г.п.н.е.? Нејзиното географско поместување лесно е да се објасни. Ако Солон или Платон „превел“ Тантал во познатата верзија, Атлас, место катастрофа можело со грешка да се пренесе далеку на запад, каде Атлас завршил по падот. А кога еднаш е сместена во Атлантик, приказната за „потонато кралство“ можела и понатаму неконтролирано да расте во текот на прераскажувањето преку генерациите од Солон до Платон.
Што се однесува до датирањето, далеку поприродно е да претпоставиме дека неегипетскиот извор - кои ги користеле Солон и Платон - зборувал за кралство кое постоело 1 000 години пред почетокот на египетската цивилизација. Во стариот свет постоела голема конкуренција меѓу грчките блискоисточни соседи за тоа која е најстарата раса. Околу 440 г.п.н.е. Херодот рекол дека два водечки претенденти биле Египќаните и Фригијците (Фригијците живееле до своите роднини Лидијци и биле некогаш дел од Танталовото кралство). Многу стари народи верувале дека првите луѓе спонтано никнувале како билки на тлото на Фригија. Херодот наведува антрополошки експеримент кој го извел еден египетски фараон бо 7 век п.н.е. за да го разреши ова прашање. Изолирал две деца, еден Фригиец и еден Египќанин и му наредил на нем козар да ги рани за да одреди кој бил „оригинален“ јазик на човечката раса. Прв збор кој децата го изговориле бил bek, фригијски збор за леб.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Легенда зад легенда

Овде би можеле да застанеме со заклучокот дека Платон навистина имал извор за приказната за Атлантида, иако потполно изменета и преувеличена од страна на Солон.
Сепак, можеме да одиме понатаму и да се запрашаме: дали местото на легендарната Танталида може да се одреди? Древните записи, како што е записот на грчкиот патеписец Паусанаис (2 век н.е.), јасно зборуваат дека се верувало дека Танталовиот изгубен град се наоѓал на планината Сипила, модерна Маниса Даг.
Класичните писатели ја опишуваат Танталида/Сипила не само како прва престолнина на Лидија, туку и како седиште на микенските кралови. Се сметало дека Агамемнон, кралот на Микена и водач на грчките сили против Троја, бил внук на Пелоп, Танталовиот син кој од Сипила се преселил на запад, во Грција, каде ја основал нобата династија и и дал име Пелопонез („Пелопов остров“). Дали планината Сипила навистина можела да биде седиште на кралство во бронзеното време?
Спрема критериумите на бронзеното време Сипила се наоѓала во внатрешноста на арзавските земји, државичка долж западниот брег на Анадолија кои делувале како тампон на зоната меѓу два моќни блока - на микенските кралеви на Грција и хетитските цареви кои владееле со централна Анадолија. Во 15 век п.н.е. арзавските кралеви биле номинално вазали на Хетити. Потоа, околу 1420 г.п.н.е. арзавскиот вазал, по име Мадуватас, склопил сојуз со микенските кралеви, непријателитена Хетити. Запишано е дека бил лоциран во „планинскиот предел Зипасла“. Од повеќе причини ова подрачје може да се идентификува како планината Сипила. Мадуватас постепено ги освојувал сите арзавски земји, а тогаш ја нападнал јужна Анадолија, директно предизвикувајќи ги Хетитите. За да стигне толку далеку, Мадуватас морал да го уништи Хетитското царство. Што очигледно и направил. Тешко е да се каже до каде напредувале неговите сили, но на Хетитското царство му требало 50 години да се појави како голема сила на Блискиот Исток.
Одговорите ќе дојдат сами по себе доколку би можеле да го одредиме точното место на градот Танталида, прототипот на Атлантида. Тука историјата, археологијата и легендата се приближуваат една кон друга. Кога еден од авторите отишол во Турција 1994 година за истражување, било можно да ги лоцира сите споменици кои Паусаниас ги поврзал со Тантал и неговото семејство, иако воглавно археолозите ги занемаруваат.
На северната страна на планината Сипила, ликот на Мајката божица, со висина од 10 метри, изработен е во стена, околу 100 метри над низината која се протега во подножјето. Паусаниас ја опишува како прва скулптура на Мајката божица и вели дека ја направил Танталовиот син Бротеј. Хетитски хиероглифски натписи покажуваат дека овој единствен споменик е направен во бронзеното време, веројатно околу 1 400 г.п.н.е. или порано.
Во негова близина, запишал Паусаниас, лежи „сосема славен“ споменик на кралот Тантал. И навистина, неколку милји источно од Кибела се наоѓа гроб, до кој се стигнува по долги скали. Сигурно потекнува од предкласични времиња, но тешко е да се каже колку е стар иако внатре нема никакви остатоци. Може да е и од бронзено време.
На планинскиот гребен меѓу Кибела и Танталовиот гроб се наоѓаат остатоците од едно грчко светилиште, кое Паусаниас го нарекува „Пелопов трон“. Тоа е гигантско седиште, направено од камен на самиот врв на гребенот. Ако седнете или застанете на него, имате целосен преглед на рамнините кои се протегаат под вас.
Најпосле, под овој гребен се наоѓа Јарикаја, длабока клисура која прави планината да делува како да ја „пресекла некое страшно дејство на природата“, како што запишал еден истражувач од 19 век. Класичните писатели запишале дека планината Сипила ја срамнал земјотрес кој ја уништил Танталида. Јарикаја е сигурно оној процеп во планините за кои Паусаниас вели дека вода од него потекла и го потопила градот.
А што е тогаш со самиот Танталис и езерото кое е речено дека го потопил? До пред четириесетина години во рамнината постоело мало езеро и тоа под Кибелинскиот лик. Записи на старите патници покажуваат дека пред 150 години ова езеро било многу поголемо. Исто така се наоѓа точно наместото на езерото кое се вика Салоја, за кое Паусаниас рекол дека крие рушевини од изгубениот град кои можеле да се видат пред да ги затрупа кал. Класичарите на 20 век, како што се Џејмс Фрејзер, го идентификувале како место на кое, по верувањето на старите, била потопена Танталида. Езерото Салоја, последното почивалиште на Танталис, неславно е исушено за да се ослободи повеќе плодно земјиште. Тешко е да се преуреди ова место како локација за вистински град: се наоѓа во плодна рамница меѓу стариот каравански пат кој ја прати планината и реката Гедиз, лидијската главна артерија. Кога ќе застанете на сува земја каде се наоѓало некогаш езерото, сфаќате дека огромната скулптура, божицата Мајка, бдее над ова место. Овој кип, висок 10 метри, кој стои 100 метри над рамницата, не би можеле да направат пастири номади. Тој е дело на организирана заедница од бронзеното време, така да е природно меговите творци да живееле баш во таа рамница.
Вистина е дека градовите не може да ги „проголта земјата“, како што тврдат класичните писатели за Танталида, но за време на јаки земјотреси големи делови од земја можат да потонат под нивото на водата. На такво потонување сеподложени особено ивични планински подрачја. Така 1970 година перуанските градови Јунгај и Ранрахирка заедно со десетина илјади жители, целосно биле затрупани за само четири минути од стените на планината Уаскаран за време на земјотрес.
Судбината на Танталида во подножјето на планината Сипила, според описот на класичните легенди, сосема е прифатлива. Да се надеваме дека еден ден копањето ќе утврди дали тој град е од бронзеното време - како Атлантида од легендите - навистина разорен од земјотрес и дали е положен во своја водена гробница.

п.с. Само ако некој се пожалил дека нема за Атлантида ништо! Се убив од преведување и куцање цел ден!:icon_lol: Ама ако:icon_lol:
 
Член од
24 мај 2005
Мислења
957
Поени од реакции
16
Ја мислам дека македонците дошле од таму откако ја потопиле буквално, сеа на ред е балканот ама немаме излез на море, па удрено е на економски план.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Уф, успеав да го прочитам.
Неверојатно добро напишано/составено..

Да повторам што напиша FortunE..

FortunE напиша:

Само ако некој се пожалил дека нема за Атлантида ништо!
 

Ninja

Кајгана на око
Член од
15 мај 2005
Мислења
623
Поени од реакции
9
Сметам дека со постовите на FortunE, оваа тема е исцрпена. Ако некој има нешто да додаде, нека ми пишува ПП.

Огромна пофалба за FortunE! :pehar:
Благодарение на нејзиниот труд, оваа тема ќе биде залепена.

:kajg:
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
темата не е ни начната :)

форчн напрај убави раскази, и секоја чест за тоа. јас не сум стручњак за атлантида, ама имам не така мала библиотека тука, па ќе чкртнам некој текст...

за почеток, само како увод:

- Не само јас, голем дел од научниот свет веќе подолго време изразува сомнеж во веродостојноста на „историјата“ за неколку периоди.
нормално, периодите пред „античко“ време се за нас енигма, затоа што денес постојат многу малку сведоштва... или барем така ни велат.

Атлантида е една од мистериите на овој свет, и не знам дали ние сме воопшто во можност некогаш да дознаеме со сигурност шо и како се случило, меѓутоа, да се негира нешто „на ѓутуре“ , или да се прифаќа нешто „на ѓутуре“ не е мој стил , се надевам ни ваш.

Затоа ќе пробам да ископам малку од „алтернативните“ истории и приказни, малку подалеку од „грчките“ верзии, кои и онака со добра причина ги сметам за фалсификат.

фала на модераторот шо беше толку СУПЕР и ја отвори темава.

До после некогаш :)
 
Член од
12 април 2006
Мислења
13
Поени од реакции
0
Постоел но сега е 20 000 мили под морето.
 
Член од
29 јануари 2006
Мислења
53
Поени од реакции
3
vred je

Atlantida bila kontinent vo sredinata na Atlantikot i celata frka okolu nejzinoto unishtuvanje bilo deka dvajcata vladeechki krala na Atlantida koi voedno bile i brakja, se skarale, pa zatoa zashtitnikot na Atlantida Posejdon ja kaznil i poplavil, Atlantida bila ekvivalentna na togashna antichka Grcija, i gi delele istite bozhestva, no sepak bile rivali, bidejkji grchiot zashtitnik bil Posejdonoviot brat- Zevs. Se veruva i deka Troja ila Atlandska kolonija za da gi pokori Grcite. Moe lichno veruvanje e deka istorijata kje se povtori, isto kako shto se sluchilo i so poznatata "prikazna" za dedo Noe, koga lugjeto vekje stanale nepodnoslivi.
Kje ni dojde krajot i na nas. Kje ne poplavi "sluchajnoto" globalno zatopluvanje. :)
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
за атлантида...знам само дека биле врвна цивилизациај...
која ја постигнана кулминацијана на човечкото постоенње...па...ја завршиле својата мисија тука на земјата...белким...зато изчезнале...
 

PuMbA

BUCENCE
Член од
22 февруари 2006
Мислења
1.064
Поени од реакции
2
за мене тоа е вистина па сега незнам што како е ...
 
Член од
1 мај 2006
Мислења
371
Поени од реакции
2
Гижо напиша:
и ја појма немам, чекам некој што знае да каже нешто

знам само дека е антички град кој што потонал дека боговите го осудиле :? или нешто слично, само незнам кај бил, дали во атлантскиот океан или во средоземното море
Potonal vo Atlanskiot okean

Imam procitano deka poradi vrvnata civilizacija, koga potonal gradot lugeto od Atlantida zaminale na nekoja druga planeta. A znaete deka se misli oti piramidite se od niv napraeni???:lud:
 
Член од
29 јануари 2006
Мислења
53
Поени од реакции
3
Ne piramidite ne se smeta deka se nivna gradba, tuku se smeta deka dokolku bi postoel kontinent(ostrov) so taa golemina vo sredishteto na Atlandskiot okean bi bilo mnogu polesno objasnivo kako toa gradbi od ist tip, t.e. piramidi (a opshto poznato e deka voobichaena gradba za choveshtvoto e kocka) bile gradeni i vo Egiped t.e. Africa i vo juzhna i sredisha Amerika. Prenesuvanjeto na istoto znaenje bi se poednostavilo, a voedno nema da ima potreba povekje vo taa teorija da vnesuvame natprirodni sili a ushte pomalku vonzemjani.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom