A бе крастав еден, благодарам интелектуалецу наш,ти личи јудеецу лажлив.
од лет нови глупости - за тебе се има и Ематија и Паонија и Илирија и Тракија и Грција и Словенија и Хетитија и Троја ... само Македонија нема.
Каде лет ги споменував Грција,Словенија и зошто лажеш дека Македонија не сум ја спомнал,ако тоа било некогаш Илирија,подоцна била Троја,дури послем Троја се формира Македонија,што значи една територија на кои живеел еден ист народ,а само името им се менело,во случајов Илрија - Троја - Македонија,запомни лет народот е ист со исти или сличен јазик,исти фолклор,исто или слично писмо и.т.н.како што е ден денес што наместо Македонија е Балканот.
Македонија е држава која менувала кралеви, кои и го менувале името раководени од нивното име, но народот кој живеел во неа од некои па до сега останува со исти или слични традиции, особености и посебности во однос со сите од подалечното соседство.
Од изнесеново преку извадоците од споменатите автори јасно се гледа каква била геополитичката состојба на Балканот, кои народи биле присутни и со кои народи се судрил таткото на тогаш современата Македонија, кралот Филип втори Македонски.
Од ова читателот може сам да ги извади заклучоците што му се потребни за да ја утврди вистината за генезата на тогашните жители на балканските држави и на крај да се убеди дека на тие територии живееле народи што потекнуваат од ист корен.
Лет дали денес со докажување на нашата вистина галеничето на Е.У. Грција ке остане без своја култура, историја, културен апарат, бидејки денешна Грција е земја која вештачки е створена, со украдена историја од македонскиот народ.
За да бидат светени сите мои постови од претходно морам дел да доставам за освојувањето на римјаните на некогашната Илирија - Троја - Македонија
За време на владение на Рим со народот македонски е доста пишувано и од нашите автори, но и од римски автори и речиси е позната нивната цел за секого, како и нивните методи за постигнување на таа цел, која македонецот ја насетува преку влијанието што го наметнува нашиот јужниот сосед и обединета Европа.
Ако ја погледнеме денес ѓеополитичката карта на Балканот, многу нешта ќе ни бидат јасни зошто така постапувал Рим,а денес Е.У.
Се наметнува прашањето дали се навистина овие народи што го населуваат Балканот дојденци од Карпатите под името Славјани-Словени, или пак тоа е постепено вградувано во свеста на нашиот човек додека се уште бил под власт на источното-римско царство, односно Византија порано, а и континуирано до денешни дни од грчките власти и нивните ментори.
Дали навистина подлегнала одеднаш тоа толку силно иммперија (Илирско-Македонска) на притисоците на нееманципираните и неписмените племиња на кои дури не им се знаат ниту водачите, а ниту пак кралевите, ниту пак од кои земји доаѓаат?
Згора на тоа, поради тоа што биле толку хумани, некој се досетил да им состави азбука и писмо за да го приспособи на нивниот говор. Биле итри, досетливи и на сите територии што ги освоиле формирале држави со нови имиња, но не се опредилиле за постапка како нивните претходни кралеви на Македонија и го оставиле името неѓибнато.
Според кажувањата и видувањата на некои автори за тој дел од Историјата, на дојденците многу им се бендисал фолклорот, обичаите, имињата, празниците на тукашните и си ги присвоиле. Не одеднаш, туку постепено во тек на неколку векови, како да од почетокот на нивното навлегување на Балканот па до целосното освојување не требало да општат меѓу себе и не требало да вршат работи што подразбираат култура, економија, политика. Или пак сето време им минувало во изучување на културата и достигнувањата во еконоијата и политиката и откако го постигнале тоа се појавуваат како еманципиран фактор на Балканот?
Значи, по навлегувањето на Славјаните на Балканскиот Полуостров одеднаш или во време од три до четири века ги снемува - Автаријатите, Перхебите, Дарданците, Паонците, Траките, Трибалите, Скодрите, Диорсите, Јасонците кои го прифатиле името Македонци, едноставно кажано сите од лозата на кралот Илириј.
Можеби како што изгледа, Рим им ја подготвил територијата на дојденците за нивно непречено навлегување. За престјот на Римјаните на Балканските простори постојат многу пишани книги во кои ќе најдеме, ако ги читаме - многу факти што сведочат за како што рековме порано, нивните намери, но и за самото практицирање на власта.
Македонскиот цар Персеј бил поразен покрај Пидна, им се покорил на Римјаните и под нивна доминација, станал главен град на цела Македонија. Тој служел како главен штаб на сенатот и на партијата на Помпеј Секст (кој по убиството на Цезар, влегол во Рим и станал проконзул на поморските сили. Влегол во борба со Октавијан, бил поразен и избегал во Милет каде бил убиен во 35 год .п.н.е.) Тој ја избрал странката-партијата на Октавијан и Марк Антониј и го добил како награда името на слободен град.
За време на трите први века од христијанскиот период и дури по подигањето на Цариград, градот бил главен на целиот регион опфатен меѓу Јадранското и Црното Море, а неговото население достигнало до 220 000 жители.
Во третиот век од н.е. бил подигнат во статус на римска колонија за да го заштитува царството од инвазијата на Варварите.
Се посетуваме на страшниот масакр нареден од Теодисиј Велики (346-395 )кој во 390 год.од н.е.наредил да се заколат 7000 граѓани на овој град.
дали ли лет знаеш нешто повеке за масакарот и кој ден го слават јудејците во чест на овој масакар врз македонскиот народ од Теодисиј Велики.верувам дека знаеш
Во 904год. тој бил заземен и опљачкан од Сарацените (Шпански муслимани, Арапи и Маври - кој за време на Кртоносните војни така ги викале и азијатските муслимани, особено од Палестина), Норманите (северни луѓе главно од Норвешка, Данска и Шведска) под водство на Танкред (легендарен јунак од Првата крстоносна војна. Се истакнал во борбите за заземањето на Ерусалим во 1099 год. Станал кнез на Галилеј) го освоиле во 1185 год. и се однесувале варварски кон неговите жители.
Во почетокот на тринаесетиот век. од н.е. тој поминал под доминација на маркизите Монтеферат (благородничко семејство од Ломбардија, еден од водачите на четвртиот крстоносен поход - 1202, кој помогнал да се заземе Цариград ,а потоа станал крал на истоимениот град).
Градот подоцна е продаден на Веницијанците, и на крај завземен од Турците во 1430 год.
Св.Павле им го препорачал христијанството на граганите на овој град, и им упатил две религиозни писма. Градот е сметан како главен град на христијанството на исток, бил наречен ,,Православен град,,
Последиците од таа римска победа ние ги чувствуваат цели тринаест векови.
Инаку Рим владеал со Илировите потомци, но народот затекнат не си ги изменил корените, навиките, чувствата, и.т.н; но морал да бега од своите огништа, буништа?
Со огромна тага во срцата и со верба дека некогаш ќе се врати на своето. Впрочем, овие работи се присутни и сега, секаде каде што има војни има и бегалци.
Сведоци сме на војниве во сегашниот свет и последиците од нив, гледаме каде се упатуваат бегалците. Скоро сите што се во состојба да се изборат за место во колоната бегалци се упатуваат кај своите блиски, во соседните држави, каде што можат да се снајдат најлесно, односно каде што можат да разберат и да бидат разберени.
Таков случај беше и со бегалците од Косово, таков случај беше и со луѓето од кризните подрачја во бивша С.Ф.Р.Ј., таков е случајот и во Македонија.
Ниту домородечкото население во Македонија, Трибалија, Скодрија, Дарданија, Тракија може слободно да се констатира дека и при упаѓањето на римските легии на Балканскиот Полуостров речиси постоела држава што таа се викала Македонија.
Населението не било имуно да се скрие и бегало од разулавените римски легии кај своите, кои можеле да ги разберат, кои зборувале на сличен јазик и негувале многу слични нешта.
Колоните бегалци не ја завршиле работата за година-две, тоа се процеси што траеле со векови, народот како мравки од Балканот се упатува во пределите на бившото Илирско кралство, кое не било зафатено од пламенот на војната наметната од Рим. Многу бегалци заминале на северо-исток преку Дунав, или како што го викале тогаш - Истар, во земјите на Скитите, каде изградиле свои домови и живеалишта и каде биле добро примени од еден народ што за себе стекнал придобивка дека е алчноста нешто што ќе се вгради најтешко во нивниот карактер.
Да спомениме дека териториите на кои биле населени скитските племиња се северо-источно од Црното и Каспиското Море, северо-западно кон планинскиот масив Карпати, што подразбира денешни територии на Украина, Белорусија, Молдавија и јужниот дел на Русија.
Враќањето на бегалците на своите поранешни живеалишта е процес што траел исто така долго. Впрочем истоветен е со сегашниот-божемски Славјаните-Словените го освојуваат Балканот.
Зошто е така прикажано во многуте научни трудови, дури и на не многу упатените лица им е јасно, а тој што го правел тоа, го правел со цел да биде прв. Но за да се биде прв е потребно симнување од престолот што подразбира прво место.
Во случајов тоа се сегашниве жители на Балканскиот Полуостров да не бидат потомци на Илириј.
Мислиме дека сегашниот потег на владата на нашиот јужен сосед да им дозволи на македонските бегалци од еѓејскиот дел од Македонија да се вратат на своите поранешни живеалишта оди во тој прилог, дека скоро секогаш, бегалците се враќаат на своите огништа.
Времето течело, настаните се ределе, што се запишани и се паметат, некои паднале во заборав, некои се уништени, како што е случајот со крстоносните војни, кои се водени со цел да се избришат од мемориите на луѓето на фактите што би можеле да им сведочат за минатото на идните генерации.
Меморијата на луѓето се брише кога ќе се уништат посто- ечките неми докази како што се пишаните книги, артефакти, монументите ,и.т.н.
Значи на Балканскиот Полуостров се враќаат луѓе што имаат многу слични нешта со домородното население, и за кратко време стануваат народ со исти обележја ,кој прави нација, значи сега наместо Трибали, потомците на Паон и Автариј сега има срби, наместо Скодри, потомците на Паон и Автариј, сега се појавуваат црногорци, наместо Траки и Паонци сега се појавуваат Бугари, наместо Дарти и Дисари се Хрвати, наместо Парти се Словенци и на крај југот на Балканот се Хелени, денес се грци,со тоа што во вториот милениум по новото броење на годините им се придодаваат и албанците.
Спомнавме дека по настанувањето на Римската империја и нејзиното ширење низ просторот на балканските народи добиваат други имиња, како и териториите на кои живеаат, освен македонците и Македонија.
Македонија се бори за својата самобитност и ја возобновува преку царот Самоил својата поранешна Филипова Македонија по што повторно влегува во немирните води на Балканот и конечно во 1371 год, по битката кај Марица паѓа под ту- рскиот окупатор.
Пота е дел од Османлиското царство под име Македонија се до 1912 год .кога се појавува на светската сцена под име Македонија.
Се поставува прашање дали народите биле од Балканскиот Полуостров под турска власт во подобра позиција отколку под Рим, дали имало и тогаш многу бегалци и дали се случило одродување на народите. Сите знаеме, бидејќи тој дел од историјата на Балканот е прилично свеж, со обзир на малите временски длабочини, под налет на турскиот аскер доморо- дечкото население бегало, ги напуштало домашните огништа со цел да не биде одродено, но и да спаси жива глава и да обезбеди каква таква сигурност на живеење на сопствениот пород.
Најчести дестинации им биле прекуокеанските земји: Австра- алија ,Америка, Канада; не биле заобикколувани ниту земјите на Европа.
Тие што не можеле да си обезбедат средства за бегство останале на своите огништа и успеале да ги дочуваат за нас, иако поминале низ пеколот наречен ропство. Сепак, по прошетката низ историјата на овие народи низ тој период, преку народното творештво, приказните, песните, до- сетките, спомениците, религијата и други нешта може слободно да се заклучи дека робувањето на рајата било во поблага форма.
Во прилог на ова тврдење одат податоците дека, сепак, и покрај толкав временски интервал од пет и пол века, многу градби, многу книги, многу археолошки наоѓалишта се оста- вени да сведочат за идентитетот на поробените. Во овој период на земјата енхелејска, во Енхелеја под закрилата на владетелот Турчин доаѓа до експанзија на албанскиот елемент од самиот почеток на практицирањето на турската-власт.