Секогаш тука за тебе

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Има моменти во животот кога едноставно целиот свет ни го има свртено грбот. Има моменти кога сме оставени сами на себе да се соочуваме со светот.
Не секогаш можеме да го слушнеме гласот на оние кои се тука за нас, за да не охрабри за да продолжиме понатаму. Мислата дека некој, некаде верува во нас треба да биде онаа која ќе не води понатаму.
Треба само да бидеме свесни дека каде и да сме, што и да правиме, кои и да сме, секогаш ќе има некој кој ќе внимава на нас и ќе ни биде показател на патот во животот, како и јака потпора за сите наши избори.
Дали верувате во ова?
Дали вие сте свесни дека секогаш, дури и во најтешките мигови, има некој кој се грижи за вас и внимава на секоја ваша постапка?
 
Па види, ако целиот свет ни го има свртено грбот, тоа значи дека никој не се грижи за мене. Не сакам никој да се преокупира со мене, не сакам да бидам на ничија прва листа, иако би било добро понекогаш да знам дека некој стои зад мене, дека имам на кого да се потпрам.
Но има моменти кога мислам дека сите меѓу-човечки односи се срушени, кога мислам дека никој не ме сфаќа. Нормално, тие моменти брзо поминуваат, затоа што се` уште има луѓе кои покажуваат дека им значам и дека кој и да биде мојот избор, ќе бидат тука за мене да ме поддржат.

Не ми треба да знам дека сите се грижат за мене. Важно ми е оние коишто ги сакам највеќе и кои ми значат највеќе, да покажат дека со право сум дел од нивниот живот. Да покажат дека што и да одлучам, со насмевка ќе ми подадат рака, ќе останат она што секогаш биле.
 
Верувам. Барем за себе ќе зборам. Има луѓе за кои секогаш, ама баш секогаш, без исклучок ќе бидам тука за нив, луѓе кои секогаш ќе се обидам да ги дигнам кога ќе паднат и да ми помогнам за што и да треба. Ако можам да помогнам, би помогнала со секое средство кое го имам.

И сум имала падови и подеми. Сум имала луѓе кои ми помогнале да се кренам од подот и кои се радувале за моите подеми. И сум му благодарна на Господ што имам такви прекрасни луѓе во моја околина.
 
Дали вие сте свесни дека секогаш, дури и во најтешките мигови, има некој кој се грижи за вас и внимава на секоја ваша постапка?
Не мора да значи дека доколку некој внимава на нас,ние ќе бидеме свесни за тоа.
Најчесто се навикнуваме на туѓата грижа за нас и во одреден момент забораваме да ја цениме,забораваме дека таа личност била тука кога ни било тешко и се однесуваме како себични копилиња.
Повредуваме некој,ама не е толку битно пошто секоја индивидуа смета дека е центар на универумот...
Како и да е..За жал,забораваме да ги цениме оние кои се секогаш тука за нас..
Тажно.
 
Секако дека има. Родителите. Ако сакаш тепај ги, пцуј ги и се најлошо али кога тогаш ке бидат покрај тебе за помош. Родителската љубов нема граници и се опростува се.
 
Шознам, барем на мене се ми е исто. Кога сум во фаза да ми се руши светот било кој и да е до мене исто ми се фаќа.

Се зависи од човекот тоа.
 
Кога сите бродови ќе потонат и кога целиот свет ти е срушен секогаш тука се најблиските..јас бар сум свесна за тоа дека секогаш има некој кој ја прати секоја моја постапка и покрај се ќе биде тука(тс систер:pipi:)
Таков е всушност живот- падови и подеми, неразделен дел од нашето постоење но многу е важно кој е покрај тебе за време на тие моменти...
 
Беа до мене и јас сум бил за некого.
 
Има моменти во животот кога едноставно целиот свет ни го има свртено грбот. Има моменти кога сме оставени сами на себе да се соочуваме со светот.
Не секогаш можеме да го слушнеме гласот на оние кои се тука за нас, за да не охрабри за да продолжиме понатаму. Мислата дека некој, некаде верува во нас треба да биде онаа која ќе не води понатаму.
Треба само да бидеме свесни дека каде и да сме, што и да правиме, кои и да сме, секогаш ќе има некој кој ќе внимава на нас и ќе ни биде показател на патот во животот, како и јака потпора за сите наши избори.
Дали верувате во ова?
Дали вие сте свесни дека секогаш, дури и во најтешките мигови, има некој кој се грижи за вас и внимава на секоја ваша постапка?
Сакам да носам розеви очила, ми помагаат да го преживеам секој нареден ден и нема да патетизирам за да кажувам дека животот ми е лош, напротив имам повеќе среќа од скоро сите луѓе што ги познавам, но секако тоа може да биде илузија поради очилата сами по себе.

Затоа, да, очајно силно верувам дека секогаш има и ќе има некој што ќе стои зад мене и ќе верува во мене, ќе ме бутка напред и ќе ми дава сила да продолжам, дури и тоа да биде некоја друга личност во мене.
 
..Ние се чуствуваме како целиот свет дека ни го свртел грбот,но секако дека не е така.
Секому се има десено кога едноставно ќе се скрши,паѓа во депресии и смета дека никој,ама баш никој,цел свет е против него.Но секогаш покрај некого има уште еден кој можеби не ја чуствува истата болка,тага како таа личност но секогаш е присутен и решен дека ќе направи се за таа личност да смета дека мора и може да верува во него.И да знае дека светот не му свтрел грб.Но денес се ретки таквии,освен домашните од пријатели,другари/ки тоа ретко може да се добие.
Јас верувам дека покрај мене има повеќе такви личности.
 
за тие кои сум им била најголема поддршка кога сите ги напуштиле очекувам да бидат тука и за мене!!!! но, сепак би ја издвоила мојата најдобра другарка со која сум од забавиште и верувам дека секогаш ќе биде покрај мене, едноставно прегомеа довреба имам во неа и имаме нешто што двете не поврзува!!!!
 
"No matter what you achieve in your life, somebody helps you" - не знам кој автор :smir:

Со други зборови, ако светот ми се руши и ако успеам да преживеам, значи нешто сум постигнал во животот - не сум се срушил и јас. Со самиот тој подвиг, знам дека не сум бил сам, т.е. дека некој ми помогнал. Можеби не сум сфатил кој бил тој/таа/тоа/тие, но знам дека не сум бил сам кога ми било најтешко.

Многу е можно некој сосема непознат човек да ми помогнал на некој најбезначаен начин, но тоа пак е помош. Не еднаш ми се има случено луѓето кои сум ги сметал за најголеми непријатели да ми дадат помош; можеби несвесно од нивна (и моја) страна, но помош си е помош, ако на подолги патеки испаднала корисна за мене.

И затоа секогаш сум благодарен кога нешто ќе постигнам, зашто знам дека не сум сам и секогаш некој ќе биде тука до мене и за мене, иако можеби не со мене.
 
Верувам....Како ќе преживеев до сега да не верував?
 
Многу се ретки личностите кои биле покрај мене без разлика на се`, кои ме поддржувале, охрабрувале, мотивирале и сл. Всушност, тулку се ретки, што и прстите од едната рака ќе ми бидат доволни за да ги пребројам.
Тие се личностите без кои мојот живот би немал смисла. Само во нивните очи гледам личност на која можам комплетно да и` се доверам и да знам дека на крајот од приказната нема да останам со прстот во уста, бидејќи сум им ја подарила сета моја доверба.
Но во никој случај не сум себична, не кон нив. Напротив, среќна сум кога и тие се среќни, тешко ми е кога не се во ред и се трудам секогаш да им украдам барем по една насмевка, без разлика колку е тешко и ми е задоволство да сум со нив и во најсреќните и во најтешките мигови.
Многу тешко се наоѓаат такви личности и сум благодарана што ги имам во мојот живот. Нема нешто што ми значи повеќе од нив.:back:
 
Секако дека има. Родителите. Ако сакаш тепај ги, пцуј ги и се најлошо али кога тогаш ке бидат покрај тебе за помош. Родителската љубов нема граници и се опростува се.

да точно родителите секогаш ќе ти помогнат во која и да било ситуација. имам исто и доволен број на пријател(к)и шо знам дека би ми помогнале да ја пребродам секоја болна и тешка ситуација. Мислам дека нема чоек шо нема вакви луѓе , мора да постој барем 1 личност шо можи во секое време да се ослониш на неа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom