- Член од
- 18 декември 2008
- Мислења
- 166
- Поени од реакции
- 18
Чавес во посета на Куба
Уго Чавес, претседателот на Венецуела, доцна синоќа пристигна во посета на Куба, на подготовка за Самитот на организацијата Боливиска алтернатива за американските дражви (АЛБА), што идната недела треба да се одржи во Каракас
Лично, кубанскиот лидер, Раул Кастро, ја пречека бројната венецуелска владина делегација предводена од Чавес, на аеродормот во Хавана.
Чавес допатува од Кина, каде беше на последна етапа од неговата азиска турнеја, кога ги посети и Катар, Иран и Јапонија.
Членките на АЛБА ќе ги усогласат своите ставови и ќе формираат „единствен и засилен фронт“ во пресрет на самитот на Организацијата на американски држави (ОАС), што ќе се одржи од 17 до 19 април во Тринидад и Тобаго, изјави Чавес по пристугнувањето.
Самитот на ОАС ќе биде првиот панамерикански собир на врвот на кој ќе учествува новиот претседател на САД, Барак Обама.
Организацијата на американски држави (ОАС) ги обединува сите земји од двата американски континети, со исклучок на Куба.