Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
Ќе се запишам во средна школа
Елвис Бајрам, син на пратеникот Амди Бајрам, вели дека завршил само основно училиште бидејќи се посветил на семејниот бизнис и немал време за учење, но сепак ветува дека ќе се распраша каде и како може да го продолжи образованието
Новиот градоначалник смета дека фактот што има само основно образование нема да му пречи успешно да ја води Општината и да и даде сосема нов изглед
Елвис Бајрам, син на пратеникот Амди Бајрам, стана градоначалник на Општина Шуто Оризари, со завршено само основно образование. Иако Елвис Бајрам нема ниту средно образование, тој смета тоа не е пречка за успешно да ја води Општината во наредните четири години. 32-годишниот Бајрам осмолетка завршил во основното училиште "Браќа Рамиз и Хамид" во скопската населбата Шуто Оризари. По завршувањето на основното училиште, не го продолжува образованието во средно училиште бидејќи се посветил на бизнисот. Во тоа време бизнисот на неговиот татко Амди Бајрам бил во развој и била потребна неговата помош за да се развива успешно семејниот бизнис.
"Јас немам високо образование, ама имам уличен факултет. Па мојот противкандидат Курто Дудуш има завршено само четврто одделение. Тоа што имам само основно училиште, нема да ми пречи успешно да ја водам Општината, бидејќи на прсти ги знам сите проблеми и имам 3,5-годишно искуство како советник на Општина Шуто Оризари. Но, сепак, во план ми е да го продолжам образованието. Наскоро време ќе се распрашам како и каде можам да учам вонредно, бидејќи обврските како градоначалник нема да ми дозволат да посетувам редовна настава", вели Елвис Бајрам, новиот градоначалник на Општина Шуто Оризари.
Тој вели дека и со завршено само основно училиште, од Шутка ќе направи многу поубаво место за живеење. Во наредните четири години овој дел од Скопје ќе добие сосема нов изглед. Ќе го исчистел ѓубрето и депониите кои ги има на секој чекор во населбата, ќе ги асфалтира сите улици кои сега се во очајна состојба, ќе изгради споменици на плоштадот и ќе се бори дивиот пазар да не биде затворен бидејќи тој е единствен начин за преживување на жителите на Шуто Оризари.
"Јас сум многу добар човек, и тоа жителите на Шуто Оризари го препознаа. Во мојот мандат Шутка ќе ја преродам. Првите три месеци само ќе го чистам ѓубрето, мора да му најдам решение на тој голем проблем. Бидејќи сега секоја општина на плоштадите става споменици, и јас ќе одам кај министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска и ќе побарам дозвола на нашиот плоштад да ставиме споменик на браќата Рамиз и Хамид. Ние Ромите сме мирољубив народ, немаме револуционери. Браќата Рамиз и Хамид се бореле на дипломатски начин за правата на Ромите. Исто така, сакаме да ставиме и статуа на нашиот најголем пејач Тоше Проески. Тоа е желба на сите жителите на Шутка", вели Бајрам.
Елвис Бајрам вели дека во моментов не се занимава со семејниот бизнис туку целосно е посветен на политиката, а слободното време го поминува со сопругата и со трите деца.
"Во брак сум веќе 12 години. Можам да се пофалам дека имав несекојдневна свадба. Мојот татко донесе хеликоптер од Бугарија, со кој јас и мојата сопруга отидовме од матичната служба во Општината до ресторанот 'Опатија' во Градскиот парк. Хеликоптерот слета на Градскиот стадион и од таму пеш дојдовме до ресторанот", раскажува Елвис Бајрам.
Извор.
Малце весела политика за промена. Малце лабаво нека биде на подфорумов за промена.