Ќар за банките, повисоки камати за граѓаните

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Има.Само што изјавија дека сега на странски банки ќе продавале,зошто нашиве не биле интересни.

koi " hartii od vrednost" prodava Ministerstvoto za finansii?? Ima li toa ministerstvo bilo kakvo zakonsko pravo za bilo kakva prodazba ?????
 
koi " hartii od vrednost" prodava Ministerstvoto za finansii?? Ima li toa ministerstvo bilo kakvo zakonsko pravo za bilo kakva prodazba ?????

Министерството за финансии има законско право да издава хартии од вредност.Кога го финансира дефицитот (кратерот во буџетот) издава благајнички записи со рок на достасување од 3 и 6 месеци,или кога си фраер ќе издадеш на еден месец со висока каматна стапка:)После ќе кажеш дека немаш проблем со буџет или не ти треба ребаланс,додека не увидиш дека немаш скршен денар да исплатиш плати и пензии,а камоли да градиш цркви или скулптури.Најлошото од се,е што има даночни олеснувања за овој вид на профит,бидејќи учествуваш во финансирање на слабата држава.
Други хартии од вредност се државните обврзници со рок на достасување од 2 и 5 години.Имаат помала каматна стапка и со нив се тргува на секундарните пазари(кои во македонија ги нема) но надвор ги има.А за да ги изнесат надвор,нашите банки се со универзален карактер(што значи имаат право на работа за секаква трансакција,меѓу кои и дилерска).Овие се оданочуваат повисоко,за разлика од записите.
 
1. Како резултат на кризата зголемен е ризкот од рикнување на банките, подобро е ако дават помалце кредити ќе бидат побезбедни, т.е мора да ги поскапат.
2. Зошто би му дале кредит на Тајче од Росоман кога Трајко од Влада плаќа висока камата ? (пази моментот, првиот трајче ако му родат нивите ќе ги врати парите, вториот трајче секако дека ќе ги врати оти зема даноци т.е е сигурен)

Парите се ограничени, при високи каматни стапки на сигурни пласмани банките секогаш ќе и даваат пари на државата наместо на приватниот сектор.

3. Ако некој има приметено каматните стапки на штедните влогови се зголемени! Тоа е оти нема пара во банките. Одтаму банките ги зголемуват каматите на штедните влгови да соберат поќе пари, а ги зголемуваат на кредитие за да даваат помалце пари (помалце пари да пласираат).

Сума сумарум, банките во најдобар случај се 0-0... т.е кај нив во профитот нема никаква промена. Во за нив најдобар случај... во полошо сценарио тие ги имаат намалено профитите (разликата од едната камата до другата) со цел да опстанат.

Ако некој слушнал некаде дека каматните стапки паѓаат во светот не е точно. Тие се намалуваат од централните банки ширум светот, луксуз што нашата централна банка го нема. Тоа се компензира со зголемениот ризик кој постои во услови на криза. Или уште поточно, централните банки ширум светот ги намалуваат камантите стапки за го одмрзнат кредитот, односно да го компензираат ефектот за зголемениот ризик (со тоа и кам. стапка) во светот.
 
Сума сумарум, банките во најдобар случај се 0-0... т.е кај нив во профитот нема никаква промена. Во за нив најдобар случај... во полошо сценарио тие ги имаат намалено профитите (разликата од едната камата до другата) со цел да опстанат.

abe ti se plasis mnogu bankite da ne riknat a ?

sto znam dali e 0-0 ..Bankute vodat 10-0

ostvarija profit od 370 milioni evra ovaa godina i pak gi zgolemuvaat kamatite
 
Секоја банка се труди да прикаже профит! Секоја банка сака и конкурентните банки да прикаажат профит! Банките ќе направат се што е потребно за да прикажат профит, бидејќи ако рикне една банка, таквите како тебе први ќе се посерат и ќе ги стават парите под перница место во банка!

Неможам да разберам со кој памет се задолжуваат луѓево ако неможат да враќаат! Па потоа кукаат и даваат изјави... леле леле не ограбија!
Пази ситуација - Ми се јавија од банка и ми удрија затезна камата, тие нормални ли се, не ограбуваат а државата ништо не презема! А зашто ти удрија затезна камата? Епа каснам со враќање! Епа зашто касниш со враќање? Епа се презадолжив, сакав да одам во Египет на одмор!
Епа кој те врти бе, да не сакаш банката или државата да ти го плати одморот?
 
abe ti se plasis mnogu bankite da ne riknat a ?

sto znam dali e 0-0 ..Bankute vodat 10-0

ostvarija profit od 370 milioni evra ovaa godina i pak gi zgolemuvaat kamatite


Тебе да не ти е сеедно ако рикнат банките ?


Јас се плашам да не рикнат банките поќе од тие за нив што се плашат.. фигуративно


нема зголемување на маргината на профитот на банките.
Битна е разликата меѓу активната и пасивната каматна стапка.
значи ако порано на депозити даваа по 4% а на кредити земаа 11% тогаш имаат 7% профит
додека пак сега ако на депозити даваат 6% а на кредити земаат 13% кај нив апсолутно ништо не е сменето.. пак остваруваат 7% профит на капиталот....

Со една друга забелешка што кредитната активност е намалена како резултат на зголемениот ризик така да тие остваруваат 7% профит сега на помал обем на кредитирање. Поточно профитите по оваа логика треба да се намалени..
Таа разлика не е променета значително за да вие излезите со такви тврдења дека банките го зголемуваат профитот на товар на кредитобарателите..

 
Министерството за финансии има законско право да издава хартии од вредност.Кога го финансира дефицитот (кратерот во буџетот) издава благајнички записи со рок на достасување од 3 и 6 месеци,или кога си фраер ќе издадеш на еден месец со висока каматна стапка

Владата пак продава обврзници


Министерот за финансии Трајко Славески експресно, за еден ден, го прекрши ветувањето дека веќе нема да издава вонредни емисии на државни обврзници. Министерството за финансии и вчера продаде тримесечни државни обврзници што не беа планирани во годишниот календар. Иако со каматна стапка од 8,97 отсто, речиси идентична со благајничките записи на НБМ, Министерството прибра рекордно малку пари од фирмите и од банките. Финансии бараше околу 8,1 милиони евра, а продаде обврзници за околу 5,4 милиони евра. Поуспешен ден имаше централната банка. Таа по цена од 9 отсто кај банките се задолжи со 22,6 милиони евра.

Откако НБМ и Владата ја смирија меѓусебната каматна трка, неа ја продолжија банките. Веднаш штом НБМ за два отсто ја зголеми референтната камата, банките распалија со повисоки каматни стапки. Прва повлече нога Стопанска банка и ги поскапе сите кредити. По неа истото само за новите граѓански задолжувања го најавија и Тутунска и Комерцијална банка.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4D5878EA16E3B04FA95EEFBCFA7767F6
 
Министерството за финансии има законско право да издава хартии од вредност.Кога го финансира дефицитот (кратерот во буџетот) издава благајнички записи со рок на достасување од 3 и 6 месеци,или кога си фраер ќе издадеш на еден месец со висока каматна стапка:)После ќе кажеш дека немаш проблем со буџет или не ти треба ребаланс,додека не увидиш дека немаш скршен денар да исплатиш плати и пензии,а камоли да градиш цркви или скулптури.Најлошото од се,е што има даночни олеснувања за овој вид на профит,бидејќи учествуваш во финансирање на слабата држава.
Други хартии од вредност се државните обврзници со рок на достасување од 2 и 5 години.Имаат помала каматна стапка и со нив се тргува на секундарните пазари(кои во македонија ги нема) но надвор ги има.А за да ги изнесат надвор,нашите банки се со универзален карактер(што значи имаат право на работа за секаква трансакција,меѓу кои и дилерска).Овие се оданочуваат повисоко,за разлика од записите.
Браво за објаснението, веке извесно време слушам по медиуми за слични дебатирања, но досега не успеав да поврзам што е приказната :kesa:
 
Аман...некои не разбираат ма каматите пазарно се формираат-кај нас централна банка е тапа и:toe:
или со лјубоморат...ај нека казат како свет без банки:vozbud:



SO FAKTOT STO POSLE PADOT NA KOMUNIZMOT EKS-KOMUNISTICKITE ZEMJI TREBASE SO PRIFATENATA PAZARNA EKONOMIJA DA SE RAZVIJAT-NO TOA NE SE SLUCI.

PRVO DA GO VIDIME PAZARNIOT MEHANIZAM-KOJ GO ZASTAPUVAAT KONZERVATIVCITE ILI FUNDAMENTALMI EKONOMISTI A I DO NEGDE I MONETARCITE.

PRVIOT PRINCIP E DEKA INDIVIDUITE SE SKLONI KON PROFIT.
VTORIOT E DEKA INDIVIDUALCITE PODOBRO GI ALOCIRAAT RESURSITE OTKOLKU DRZAVATA.

I SPORED KLASICNATA EKONOMIJA PAZAROT IMA “MAGIJA”-MEHANIZAM NA URAMNOTEZUVANJE NA CENITE,PONUDATA I POBARUVACKATA .

ADAM SMIT VO SVOETO DELO REKOL”DAJ MI GO ONA STO JAS GO SAKAM,PA KE GO DOBIES TOA STO TI GOSAKAS”ZNACI PRVIOT PRINCIP E OSNOVAN NA EGOIZMOT I ZELBATA ZA BOGATSTVO NA INDIVIDUITE NA MIKRO NIVO A NA MAKRO NIVIO I DRZAVATA.
EPA TOGAS AKO OVOJ PRINCIP FUNKCIONIRA CELOSNO ZOSTO TOGAS SEUSTE IMA NERAZVIENI ZEMJI A I ZEMJI VO RAZVOJ(KOI SO PRETHODNO EKONOMSKO UREDUVANJE FUNKCIONIRAA)ZNACI POSTOI EGOIZAM,NO DELUMEN-EVE KAKO BOGATITE I VISOKO RAZVIENI ZEMJI VODENI OD EGOIZMOT BI SAKALE OSTANATITE DRZAVI DA OSTANAT NERAZVIENI.OVA SE DOKAZA POSEBNO SO DOLZNICKATA KRIZA A NAJMNOGU SO MOKTA NA MOKNITE KORPORACII-IMENO TRCAJKI PO PROFIT OD NOVITE VLASTI(EKS KOMUNISTICKI) BARAA PONIZOK DANOK I PLATI KAKO BI INVESTIRALE-E OVDE KAPITALIZMOT I PRKOSI NA DEMOKRATIJATA ODNOSNO JAVEN INTERES(NA GRAGANITE GLASACITE)E DA DOBIJAT POVISOKI PLATI I PODOBAR ZIVOTEN STANDARD I BLAGODET-DODEKA PRIVATNIOT(KOJ E PROTIV DRZAVNA INTERVENCIJA)SEGA BARA OD OVIE VLASTI DA VLIJAAT NA PAZAROT I TAKA I E-IMENO SE NAMALI DANOKOT NA DOBIVKA,PLATITE SE NISKI A PORASNA DDV DANOK KOJ GO PLAKAAT GRAGANITE(KRAJNIOT POTROSUVAC)OVOAKVI SLUCAI IMA VO40%OD EKS KOMUNISTICKITE DRZAVI(EDEN INTERESEN FAKT….MULTINACIONALNITE KORPORACII PODDRZUVALE ODREDENI SISTEMI NO DIKTATORSKI OTI TUKA POLESNO SE KONTROLIRA PAZAROT PA KE SI DOBIJAT PROFIT-NA PRIMER VO PORANESNA BURMA A DENES MJANMAR VOENATA ELITA BESE PODDRZUVANA OD SHELL I DUTCH PETROL PORADI NAFTOVODITE A I NISKITE DANOCI)

SO OVAA ANALIZA GLEDAME DEKA PAZARNIOT MEHANIZAM NE FUNKCIONIRA PRIOVAKVI USLOVI.POSTULAT NA KLASICNITE EKONOMISTI ISTO TAKA E I DEKA MOZAT SO PRECIZNOST DA JA PREDVIDAT EKONMIJATA KAKO I PONUDATA I POBARUVACKATA SO STO EKONOMIJATA JA STAVAAT NA RAMO DO RAMO KAKO FIZIKATA,MATEMATIKATA I DR(IMENO GO ZNAEME MEHANIZMOT KE SE SLUCI UTRE OVA I OVA)E OVDE E NIVNATA NAJGOLEMA GRESKA PORADI FAKTOT STO POEDINCITE MISLAT DA RECEME SE OCEKUVA ZA 10 DENA DA PADNE ILI PORASNE CENATA NA NEKOJ PROIZVOD PA VRZ TAA OSNOVA KE ODLUCAT POEDINCITE-DODEKA VO HEMIJATA ELEMENTITE NE MISLATJ(OVDE NEMA URAMNOTEZUVANJE ISTO E I SO FINANSISKIOT PAZAR.

ZNACI VIDOVME DEKA EGOIZMOT NA MAKRO NIVO SE PROTIVI NA DEMOKRATIJATA PA I NA PAZARNIOT MEHANIZAM-KOJ VSUSNOST POSTOI OD NIV T.E TAKA SE STVARA MAGIJATA NA URAMNOTEZUVANJETO NA CENITE I DR.
[FONT=&quot]PA NA KRAJ KRAEVI SVESNI SME ZA GLOBALNATA EKONOMSKA KRIZA KOJA SE ZAKANUVASE DA GO SOBORI KAPITALIZMOT(IPOKRAJ KRIZATA ZEMJITE NE PREZEMAA MERKI VERUVAJKI DEKA PAZAROT NEKOE VREME VARIRA PA POTOA KE S URAMNOTEZI)-SE DODEKA NE SE POJAVI JON MAJNARDKEJNZ KOJ POBARA DRZAVNA INTERVENCIJA KAKO NA PRIMER GRADEMJE PATISTA BOLNICI T.E JAVNI RABOTI A I POBARA DA SE SMENI RESTRIKTIVNATA POLITIKA NA BANKITE NA TOJ NACIN KEJNZ GO DOBI PREKAROT MESIJA NA KAPITALIZMOT,NO IRONICNO E STO SO SAMATA KEJNZIJANSKA POLITIKA SE STVARA INFLATORNO DVIZENJE(SE POKAZA TOCNO BIDEJKI PAGAAT KAMATITE POVEKE LUGE SE VRABOTENI VO TIE JAVNI RABOTI)NA TOJ NACIN STO JA ZGOLEMUVA POBARUVACKATA DRASTICNO-A OTTUKA I CENITE-PA POSLE KE TREBA DA SE ODI NA RESTRIKTIVNA POLITIKA.

[/FONT] POKRAJ TOA STO OVOJ SISTEM I PRKOSI NA DEMOKRATIJATA(JAVNIOT SEKTOR)EVE DRUGI FAKTI:
PRIVATNATA KOMPANIJA NE SE GRIZI ZA JAVNOTO OSVETLUVANJE ZA BOLNICITE ILI ZA SOSTOJBATA NA PATISTATA TUKU SE GRIZI ISKLUCIVO ZA PROFIT,ZA GORENAVEDENITE JAVNI RABOTI SE GRIZI DRZAVATA KOJA VSUSNOST MESTO POGOLEM DANOK NA DOBIVKA(SVEDSKA E OKOLU 40% ,GERMANIJA 30% IDR KADE SEUSTE BSE POCITUVA KONCEPTOT NA DRZAVA NA BLAGOSOSTOJBA ZA SITE)KAJ EKS KOMUNISTICKITE ZEMJI PORASNA DDV SO STO PLAKAAT DEFINITIVNO SE NA SVOJ GRB-A ZGORA NA TOA POVEKETO SE UVOZNO ZAVISNI PA SOGLEDAJTE KOLKU PAZARNIOT MEHANIZAM KE POMOGNE.
EDINSTVENI DRZAVI NA KOI IM POMOGNA KAPITALIZMOT SE AZISKITE TIGRI J.KOREJA.JAPONIJA.I TAJVAN(KOI NE SO NAMALUVANJE DANOCI TUKU SO VOVEDUVANJE NA TEHNOLOGIJA(PONISKI TROSOCI ZA PROIZVODSTVO)USPJAA DA SE OPORAVAT I DEN DENES DA BIDAT LIDERI.

ISTO TAKA VREDI I OVA DA SE KAZE AKO PAZAROT NE PREDVIDI KASLANJE NA WALL STREET TOGAS CEL SVET KE GO FANE BRONHITIS(SVESNI SME ZA VLIJANIETO NA NJUJORSKATA BERZA I ZA NEJZINOTO VLIJANIE NA PAZAROT NA KAPITAL,FINANSII I DR.

ISTO TAKA PROTIV “MAGICNATA NEVIDLIVA RAKA NA ADAM SMIT”(T.E PAZRNIOT MEHANIZAM)GOVORI I TEORIJATA NA INOVACII-IMENO KAKO PAZAROT KE PRESMETA INOVACIJA KOJA KE GO PTRESE SEGASNOTO NIVO NA PRIMER. TAKOV TIP NA INOVACII SE NA PRIMER TV KOMPJUTERITE A DENESKA SE PRAVAT INOVACII OKOLU PROBLEMOT ZA ENERGETSKATA KRIZA,POKRAJ GLADOT-ALAL DA MU E NA PAZAROT VO INDIJA I AFRIKA MILIONI GLADUVAAT.

DODEKA ZA TVRDENJETO NA LIBERALNITE EKONOMISTI I NIVNATA TEZA DEKA DRZAVATA NE E DOBAR ALOKATOR-NEKA JA POSETAT KINA,SVEDSKA I MNOSTVO ZEMJI KADE ZA DOLGOROCNOPRASANJA DRZAVATA GO IMA KRAJNIOT ZBOR-NE PAZAROT.

ILI POTOCNO SAKAM DA KAZAM DEKA KAPITALIZMOT(KOJ SE ZASNOVA NA REFORMI A NE MOZE VECNO TAKA) E VSUSNOST E “PRIKLUCEN” NA APARAT ZA REANIMACIJA I ODRZUVANJE. VO KNIGATA EMPIRE KAKO EDNA OD GLAVNITE PRICINI ZA PAD NA KAPITALIZMOT E TOKMU NEGOVIOT VODAC-EGOIZMOT IMENOVO DENESNI USLOVI NA POBRZ TRANSFER NA KAPITAL,INFORMACIIMNOGU POLESNO KE IZVRSITE MANIPULACIJA A IKAKO DRUGA PRICINA E MITOTO I KORUPCIJATA KOI IMAAT TREND NA PORAST VO RAZVIENITE ZEMJI.

VO RAZVIENITE ZEMJI VEKE STANA NEOPHODNOST OD DRZAVNA INTERVENCIJA.
SEGA KE DADAM VISTINSKI PRIMER NA NEPOCITUVANJE NA PAZARNITEPRINCIPI,IMENO USTE PRED DVE GODINI KOGA NBM GI NAMALI BANKARSKITE DEPOZITI VO NBM,A I KAMATNATA STAPKA ZA KREDITITE KOI GI DAVA NA PRIVATNITE BANKI-SPORED PAZARNIOT MODEL BI TREBALO DA SE NAMALI KAMATNATA STAPKA NA PRIMER.OD13%NA8% A PORADI GARANTNIOT IZNOS ISTO TAKA PONUDATA NA PARI ODNOSNO KREDITI NE PORASNA-OVA E TIPICEN PRIMERNA NEMANJE NIKAKOV MEHANIZAM I ZA PERCEPCIJA NA PAZARNITE SIGNALI -INAKU CELTA NA NBM SO OVIE MERKI DA JA ZGOLEMI PONUDATA NA KAPITAL SO POEVTINA KAMATNA STAPKA STO BI PREDIZVIKALO PORAST NA INVESTICIITE A SO TOA I POZITIVEN TREND VO EKONOMIJATA-NO ZALUDNO


I ZA KRAJ KE NAPOMENAM DEKA JAS SMETAM DEKA TEORIJATA NA INOVACII NA JOZEF SUMPETER(TREBA DA SE PODDRZUVA OBRAZOVANIETO A I POD HITNO DA SE SPRECI TAKANARECENIOT BRAIN DRAIN ILI ODLIV NA MOZOCI VO STRANSTVO) KAKO I NEOKEJNZIJANCITE MNOGU PODOBRO BI VODELE EKONOMIJA
 
Продолжува зголемувањето на каматите


1C72920AA9463343A62515D79D7B4AAD.jpg

Вкупните кредити кон населението и фирмите, заклучно со март, изнесуваат 2,8 милијарди евра

Продолжува процесот на скок на банкарските камати. И Комерцијална банка утре ќе објави нови повисоки камати за кредитите.

Последното поскапување на кредитите следува откако Владата почна да се задолжува на домашниот пазар со високи камати, по што и Народна банка на Македонија ги зголеми каматите на благајничките записи на 9 отсто. Дали сега, откако Владата реши да се задолжува во странство, ќе се отвори простор за поевтинување на кредитите?

Во меѓувреме, граѓаните прават пресметки колку ќе им скокне ратата за кредит.

Од големата банкарска тројка, Стопанска банка прва повлече нога во почетокот на април. Повисоките камати во оваа банка достигнуваат и до 17 отсто. Во Тутунска банка, со последниот скок, каматите, на пример на лесните потрошувачки кредити, се движат и до 18,9 проценти.

Кај дел од помалите банки, каматите достигнуваат и до 19 отсто.

Скапите кредити ги одвраќаат и граѓаните и компаниите од банкарските шалтери. Граѓаните се исплашени, но велат дека немаат друг избор. Поголемиот дел од Македонците и основните животни потреби ги покриваат со длабоко забраздување во минус на картичките или преку друг вид кредитирање.

Сепак, од банките објаснуваат дека се' уште е рано, со оглед на тоа што новите камати важат некаде од средината на месецов, да се види дали поскапувањето на кредитите го намалил бројот на кредитобарателите.

„Моментно во Стопанска банка не се бележат промени во бројот на примени барања, апликации за кредити за население. Широката палета на производи на банката и' овозможува да ги задоволи потребите за финансии на секој клиент“, велат од Стопанска банка.

Инаку, банкарите отворено проговорија дека последниот раст на каматите е последица на високите каматни стапки со кои НБМ ги продава благајничките записи, а Министерството за финансии државните записи.

Тие и' порачаа на Владата да го смени начинот на финансирање на буџетскиот дефицит со странски кредити наместо, како досега, со домашно задолжување преку издавање краткорочни записи.

Министерот за финансии, Трајко Славески, кој деновиве во Вашингтон преговараше за нови заеми од 200 милиони евра, конечно призна и повторно вети дека Владата ќе забави со задолжувањата на домашниот пазар со екстра-камати. Тој порача дека ако и натаму се свртат кон домашниот пазар, ќе ги влошат условите, односно дека каматите ќе се зголемат уште повеќе. Затоа Владата сега преговара за задолжување во странство. Славески најави и издавање еврообврзница за која, исто така, ќе се плати висока камата од 9 до 10 отсто.

Цехот од каматната трка што се случуваше изминативе месеци излегува дека ќе го платат само граѓаните и фирмите. Зголемувањето на каматните стапки ќе значи и директно намалување на инвестициската активност на стопанството. Од бизнис-заедниците упорно укажуваат дека им е отежнат пристапот до свеж капитал.

Инаку, според последните податоци на НБМ, вкупните кредити кон населението и фирмите, заклучно со март, изнесуваат 2,8 милијарди евра. Тенденција на поголем раст и натаму има кај денарските кредити. Очигледно, поради страв од девалвација, граѓаните повеќе се решаваат да земат денарски заем. Вкупните денарски кредити изнесуваат 2,2 милијарди евра, додека девизни заеми се одобрени во износ од 640 милиони евра.

Податоците, исто така, од НБМ за депозитите велат дека, заклучно со март, тие се намалени за 30 милиони евра и изнесуваат 2,8 милијарди евра. Овие податоци покажуваат дека нивото на депозити е еднакво на нивото на кредити во земјава. Ако се земе дека основниот извор на домашните банки за кредитирање се заштедите, банкарите очигледно ќе мора да ја одржуваат довербата кај штедачите по секоја цена.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3A2FD0652BB3844886176A14DF585A54
 
Наместо да ја советуваат да се задолжува нека ја посоветуваат да се прибере.Со тој совет и волкот сит и овците на број,ем каматите нема да рипаат,ем дупката на главната сметка на државата (платен биланс +јавен долг) ќе ја прошират.
Неможам да ги читам изјавите повеќе сафра ме фаќа.
 
...likvidnosta na "domashnite" banki zavisi od svetskata berza, a so toa i kako nejzini dominioni, i politikata momentalna na bankite vo vrska so kreditite...da ne go zaboravime i toj fakt, mnogu e biten u cel ovoj muabet...sostojbata e takva sea...
 
Ќе биде интересно сега кога ќе мора да се намали МЕГА Администрацијата во Македонија.Се знае дека банките им даваа кредити само на вработените во администрацијата,сите други не ни помислуваа да аплицираат,или само мал дел успеваа да дојдат до кредит.Мислам дека без разлика колку ги зголемуваат каматите,банките во Македонија ќе го попушат со тоа што нема да можат да си ги наплатат кредитите од 2.8 милјарди евра колку што се задолжени некои од граѓаните во Македонија,иако владата прави обиди да се задолжи за да ги финансира нивните плати,кредитобарателите тешко ќе можат да им ги вратат парите кој ги позајмуваа во вид на кредити од нашите банки,па така ќе преживеат само оние кој ќе успеат да си ги вратат кредитите што масовно ги делеа на претежно административната класа вработени во Македонија.:smir:.
 
Ќе биде интересно сега кога ќе мора да се намали МЕГА Администрацијата во Македонија.Се знае дека банките им даваа кредити само на вработените во администрацијата,сите други не ни помислуваа да аплицираат,или само мал дел успеваа да дојдат до кредит.Мислам дека без разлика колку ги зголемуваат каматите,банките во Македонија ќе го попушат со тоа што нема да можат да си ги наплатат кредитите од 2.8 милјарди евра колку што се задолжени некои од граѓаните во Македонија,иако владата прави обиди да се задолжи за да ги финансира нивните плати,кредитобарателите тешко ќе можат да им ги вратат парите кој ги позајмуваа во вид на кредити од нашите банки,па така ќе преживеат само оние кој ќе успеат да си ги вратат кредитите што масовно ги делеа на претежно административната класа вработени во Македонија.:smir:.

Токму така АБЦ,една погрешна политика (записите) влече друга политика хипотекарно-должничка криза.Мислам дете од прво одделение знае што се случува кога 30% од населението е невработено,кога животниот стандард е под ниво,кога пола од населението има земено кредити да ги платат ратите за факултет на своите деца,а каматите вештачки се пумпаат нагоре.
Со сила ги дигнаа каматите,иначе трендот ќе беше затегнување на каматните побарувања (построги критериуми за кредит) и паѓање на каматните стапки.Јас пак ќе повторам,планерот во министерство за финансии да се избрка под хитно.
 
Токму така АБЦ,една погрешна политика (записите) влече друга политика хипотекарно-должничка криза.Мислам дете од прво одделение знае што се случува кога 30% од населението е невработено,кога животниот стандард е под ниво,кога пола од населението има земено кредити да ги платат ратите за факултет на своите деца,а каматите вештачки се пумпаат нагоре.
Со сила ги дигнаа каматите,иначе трендот ќе беше затегнување на каматните побарувања (построги критериуми за кредит) и паѓање на каматните стапки.Јас пак ќе повторам,планерот во министерство за финансии да се избрка под хитно.

Не заебаај , зар и во сон помисли деја Гwујо , министерот му замастен и останатите преродбеници се на ниво на дете во прво одделение.....мене не ми фаќаат око ни за забавиште......:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom