Г20 протести во Лондон

  • Креатор на темата Креатор на темата stefan_tm
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23

Што мислите зошто протестираат овие луѓе? Дали се оправдани или не протестите на Самитот Г20?
 
ахххх да сум џандар овде, аиии кука нон'н само еден пендрак у рака и има да летаат ова хипициве ко пуканки низ цел град.
уфф како ни нејќам тоа е чудо едно, антоглобалисти антиоанисти антиовансти...море газо мајчин би ги тепал дур не станат луѓе.!! :))
 
ахххх да сум џандар овде, аиии кука нон'н само еден пендрак у рака и има да летаат ова хипициве ко пуканки низ цел град.
уфф како ни нејќам тоа е чудо едно, антоглобалисти антиоанисти антиовансти...море газо мајчин би ги тепал дур не станат луѓе.!! :))

на тв видов една изјава.. го прашаа еден од протестантите, зошто протесирате? ..беа пред royal bank of scotland ако не се лажам. типот рече - ова е наша банка, постои ради нас и има да ги следи нашите правила.

ок јас го разбирам светот во кој живееме, ама генерално таа изјава најмногу ми се допадна. гневот беше насочен кон банкарите т.е. алчноста на банкарите. едноставно немаат допир со надворешниот свет, одржуваат еден состанок дневно и земаат годишна плата од неколку милиони со се бонуси.

затоа и главните точки на протестантите беа RBS и bank of england, а не местото каде беа светските лидери т.е. Г20.

обезбедувањето беше страшно. дури и многу подалеку од централното подрачје едноставно во секој момент имаш во видик полицаец. гледав и прилог како се беше опфатено со камери. да ти се одмили и живот и све... оние од big brother можат гомна да јадат..

интересен беше и случајот на оној што умре. прво се мислеше дека е несреќен случај, срцев удар, но завчера излезе снимка каде се гледа дека минута пред ударот на срцето :) добива еден друг удар од џандар, нешто како буткање од позади. но и покрај тоа насилство, сепак мислам дека смрта си му настапила природно, т.е. тоа му бил часот :)

интересно беше, најавите беа пострашни, она што се случи и не беше во рамките на очекуваното. веројатно полицијата во лондон по кој знае кој пат си ја заврши работата како што треба
 
не знам како оној членот на форумов опседнат со бранко не дошол на темава да каже дека за сите протести крив е фактот што бранко се враќал.
 
Ај да видам баш како ќе ја оценат тепачката на плоштадот Македонија vs. Протестите на Г20... :pos2:
 
треба да испратиме соопштение во кое ќе се вели:

"земјите надвор од европската унија, како и македонија, се длабоко изненадени и разочарани од најновите случувања внатре во ЕУ. изразуваме надеж дека немилите настани нема никогаш повеќе да се повторат и сторителите брзо ќе бидат изведени пред лицето на правдата. разочарувањето е големо особено ако се има во предвид дека полицијата уптреби прекумерна сила што е надвор од европските стандарди. се надеваме на брза рекација од надлежните и во иднина да не се случуваат вакви немили настани, кој сигурно ќе влијаат на одлуката дали македонија сака да се приклучи кон ЕУ"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom