Немам специфичен случај или така нешто.
Едноставно сакам да ги знам основите и елементите на составување тужба.Толку
Поздрав
еве ти содржина на тужбата, ако тоа ти помага:
1.тужбата мора да содржи определено барање
2.тужбата да ги содржи фактите врз кои тужителот го засновува своето барање
3.во тужбата се наведуваат доказите со кои се утврдуваат фактите
4.тужбата ги содржи сите други податоци кои ги содржи еден поднесок(ознака на судот, името, занимање, живеалиште, законски застапници, предмет на спорот, потпис)
5.кога надлежноста на судот или првото изјавување на ревизија зависат од износот на предметот на парницата, тужителот мора да ја назначи истата во тужбата.
6. кај некои тужби чие поднесување не е предвидено со закон, мора да биде во тужбата наведен и правниот интерес за поднесувањето.
овие се т.н. основни елементи и доколку фали некој елемент, тужбата е нецелосна!
факултативните елементи можат но не мораат да бидат наведени во неа.