Камини

Камини

  • Класични

    Гласови: 51 69,9%
  • Модерни

    Гласови: 22 30,1%
  • Не сакам камини

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    73

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Убава тема, мора да се сложам. Каминот претставува еден од централните елементи за уредување, како во европската, така и во македонската традиционална архитектура. Уште неимарите, во нивниот најголем подем на градителство низ Македонија, во секоја куќа вградувале камин, во централната, најголемата, таканаречена „зимска“ просторија. Самата просторија ја нарекувале „куќа“ (како посебна соба), најчесто се наоѓала на првиот кат, а огништето било залепено (најчесто) до северниот ѕид, на вертикална секција од ѕидан камен која продолжувала од приземниот (камен) дел, кон горните, бондручни делови на куќата.

Топлината од природниот оган, се смета како најефикасна и најинтензивна, поради комбинацијата на зрачења кои се испуштаат од огнот при неговото горење... Природниот оган, покрај тоа што најбрзо затоплува просторија, тој продира во структурата на ѕидот и дел од топлинската енергија му предава нему, како на привремен термички акумулатор. Подоцна, во периодот кога нема да има оган, ѕидовите ја враќаат топлината назад во просторијата, не дозволувајќи нагло ладење на истата.

Во однос на прашањето од анкетата, мој личен избор се современи изработки на камини и отворени огништа, централно поставени и комплетно транспарентни - повеќе поради доловување на барана естетика, одколку поради греење како порано. Сепак, покрај позитивните карактеристики, природниот оган добиен од огревно дрво е скап и нееколошки, а во денешно време постојат многу други конвенционални и алтернативни методи за затоплување.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Сепак, покрај позитивните карактеристики, природниот оган добиен од огревно дрво е скап и нееколошки, а во денешно време постојат многу други конвенционални и алтернативни методи за затоплување.
Да и затоа во денешно време се почесто се користи како еден вид декорација и естетски фактор.
Многу од новите домови од средна или пониска вредност воопшто не се опремени со камини, бидејќи греењето уште одамна е централно или електрично, а неговата друштвена функција ја имаат заменето медиумите. Некои камини се затворени за да не се користат, со табла врз отворот или плоча врз оџакот, за да не излегува топлиот воздух.
Постојат и префабрикувани камини кои се набавуваат заради помалата цена, но се со ограничен дијапазон на стилови и големини. Најтрајни се камините од тули и камен и можат да се направат според точните барања за големина на отворот, длабочина и украсување. Затоа овие се и значително поскапи.
 

tati123

struga
Член од
5 март 2009
Мислења
8
Поени од реакции
0
Asto znaete za kaminite so priklucok na parno,dali se funkcionalni,ili podobra opcija e samo sam kamin,so vgradeno loziste vo otvorot i kako na slikite so staklena vratnica i resetki za izduvavanje na topliot vozduh vo prostorijata,e sega vaka nema da se stoplat drugite prostorii no sakam mislenje ako ima nekoj doma neka kaze koj se podobri za zatopluvanje makar samo vo dnevnata prostorija.Prvata slika standarden kamin sto zatopluva 65 m2,a vtoriot kamin so parno.Za sto bi se odlucile,normalno i finansiite se bidni soogled na toa sto vtoriot ke bide poskap. http://img219.imageshack.us/img219/1210/image017k.jpg http://img19.imageshack.us/img19/3366/kaminagens01.jpg
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Камини повеќе ми се допаѓаат класични... некако ко некоја поссебна топлина да имаат..

 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
5.227
Поени од реакции
972
Класинчните најмногу ми се допаѓаат...
 
Член од
8 јануари 2009
Мислења
929
Поени од реакции
21
Модерните дефинитивно имааат најдобар изглед.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Обожавам камини. Ммм, така некое смирувачко дејство имаат, тоа е чудо едно. Каминот дава некој шмек, некоја доза на елеганција и хармонија во една куќа, така што јас еден ден ако имам своја куќа, би сакала да имам и камин. И баш гледав слики на гугл од различни видови камини и дефинитивно повеќе ми се допаѓаат old school камините односно класичните, имаат некоја топлина, даваат некако повеќе топлина. Модерните ми делуваат некако...ладно, некако не го даваат тој филинг што го осеќам кога гледам класичен камин.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ваков камин некој да ми вгради дома ако сака да ме измачува. Цело време паметот ќе ми биде таму... “А што ако сепак не е добро осигуран, книгите отидоа“ :icon_lol:

Базен во лето, камин во зима... тотална еротика. Не знам дали е од тоа што растевме со некои бајки каде каминот беше честа слика за зимска идила, или по западната култура, Дедо Мраз доаѓа преку оџакот кој секако доаѓа од каминот но, и во мене е врежана таа мила, тивка, спокојна слика за каминот.

А и замисли стварно, дрвото потпукнува, чај кој испарува од што е врел, две дебели свеќи со мирис на лаванда, маче кое спие веднаш до твоите нозе и добра книга. :wub: Сцена втора, љубовта на твојот живот се вкуткува од другата страна на мачето, потпирајќи ја главата на твоите гради не кажувајќи ни збор, ужива да го слуша твоето срце. Мир, спокој и љубов за која само каминот сведочи... а тој, старецот со пламена брада се смешка одобрувачки. Мх... слики. :kesa:
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.371
Поени од реакции
21.915
Дефинитивно класични..
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Klasicnite kamini se poubavi :smir:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
- класичните се потопли на изглед но речиси 50% не функционираат правилно , додека посовремените се нешто друго ем добиваш топлина ем не те штипат очите.
- додуша некои понови дизајни , од последните 20 години , повеке личат на играчки отколку на грејни тела.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
иако го имам- и уживам зимно време- незнам од кај им искрсна сеа ова дека камините на дрва се штетни- и предизвикувачи на рак и срцеви заболувања !?

Наводно,дрвата произведувале невидливи частици, коишто можат да бидат причинители на заболувања . Вдишувањето на тие частици има ист ефект како вдишвањето на издувните гасови од автомобилите и електро централите.
http://www.thrillldrillls.com/kaminite-mogat-da-prichiniat-sardechni-zaboliavaniia-i-rak-1835.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom