Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
А бе дечки......Ви го читам муабетов и се чудам...Прво сакам да прашам каде студирате, второ ако студирате на архитектура зошто воопшто сте се запишале таму...И дали некој од вас случајно чита малку историја на архитектура (барем во 20ти век)...Некој од наведениве објекти (МНТ, студентскиот Гоце Деччев, Владата, Поштата, ) во времето кога се изградени претставуваат најмодерната архитектура во светот воопшто, а не комунистички бетонски згради, бидејќи во времето кога се изградени тоа беше најмодерниот стил и најмодерните форми што еден архитект може даси ги замисли....На форумов има еден топк, АРХИТЕКТИ НА МОДЕРНАТА,,,па дај малку пратите и учите од некои мајстори (Corbusier, Gropius, MisVanDer Roe, Живко Поповски, Константиновски, Чипан , Брезовсии, Драго Иблер...и да не бројам,.....многу е лошо да зборувате безвезарии...прво треба да се изградите ко архитекти , а после да критикувате или да фалите, бидејки од теорија на архитектура се гледа по муабетиве дека многу мнпгу не ги разбирате работиве околу архитектурава, или пак сте прва година на факс......Баш имав прилика да присуствувам на едно предавање на архитектонскиот факултет на еден истакнат архитект од англија Tim Stonor, и неговиот мубат за МНТ беше дека ...Па вие сте ја имале Заха Хадит уште пред Заха Хадит....Затоа дечки загревајте столиците и учете архитектура, не се бламирајте како идиоти, и овие муабети не ги терајте пред АРХИТЕКТИ или постари студенти (4та, 5та година) - ке ви се смеат...се надевам дека нема да ме сватите погрешно...
-А за најгрд објект во светот дефинитивно го прогласувам Куќата на Мајка Тереза
За да критикуваш дали нешто е убаво или грдо по изглед не треба да учиш на архитектура. Секој со очи знае да си оцени за себе. И темава не е за архитекти само кои студираат туку е за сите луѓе кои имаат мислење поврзано со темата (за кое според мене не е потребно знаење туку едноставно да се има свој став и вкус кон нештата)