Избор за најгрдиот објект во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
А бе дечки......Ви го читам муабетов и се чудам...Прво сакам да прашам каде студирате, второ ако студирате на архитектура зошто воопшто сте се запишале таму...И дали некој од вас случајно чита малку историја на архитектура (барем во 20ти век)...Некој од наведениве објекти (МНТ, студентскиот Гоце Деччев, Владата, Поштата, ) во времето кога се изградени претставуваат најмодерната архитектура во светот воопшто, а не комунистички бетонски згради, бидејќи во времето кога се изградени тоа беше најмодерниот стил и најмодерните форми што еден архитект може даси ги замисли....На форумов има еден топк, АРХИТЕКТИ НА МОДЕРНАТА,,,па дај малку пратите и учите од некои мајстори (Corbusier, Gropius, MisVanDer Roe, Живко Поповски, Константиновски, Чипан , Брезовсии, Драго Иблер...и да не бројам,.....многу е лошо да зборувате безвезарии...прво треба да се изградите ко архитекти , а после да критикувате или да фалите, бидејки од теорија на архитектура се гледа по муабетиве дека многу мнпгу не ги разбирате работиве околу архитектурава, или пак сте прва година на факс......Баш имав прилика да присуствувам на едно предавање на архитектонскиот факултет на еден истакнат архитект од англија Tim Stonor, и неговиот мубат за МНТ беше дека ...Па вие сте ја имале Заха Хадит уште пред Заха Хадит....Затоа дечки загревајте столиците и учете архитектура, не се бламирајте како идиоти, и овие муабети не ги терајте пред АРХИТЕКТИ или постари студенти (4та, 5та година) - ке ви се смеат...се надевам дека нема да ме сватите погрешно...
-А за најгрд објект во светот дефинитивно го прогласувам Куќата на Мајка Тереза

За да критикуваш дали нешто е убаво или грдо по изглед не треба да учиш на архитектура. Секој со очи знае да си оцени за себе. И темава не е за архитекти само кои студираат туку е за сите луѓе кои имаат мислење поврзано со темата (за кое според мене не е потребно знаење туку едноставно да се има свој став и вкус кон нештата)
 
За да критикуваш (позитивно/негативно) некој објект, треба да имаш познавање од архитектура, и да можеш да го споредиш со други објекти од неговото време, без разлика за кој период се работи. Кога искажуваш сопствен вкус, не мешаш комунизам или други нерелевантни фактори - туку објаснуваш зошто некој објект ти се допаѓа или не. Прашање е на вкус, исто како и за секоја слика, скултпура, музичка композиција, девојка, ракија и шо ти знам јас. А вкусот може да се објасни само од субјективни аспекти, не мешајки ја околината. Am I right?
 
Секако али членот кој го цитирав, генерализираше дека сите сме студенти таму (секако од незнаење со оглед што е нов член) и го поправив само дека не е ограничена темава на тоа и дека може да си коментира кој сака.
 
Е, мило ми е што се дообјаснивме околу коментарите во врска со темата. Сега, нема да ја прошириме, за да се проследи континуитетот. Ова нека биде пресек во темата, за понатамошни мислења - нека бидат поискрени, пообјаснети и понеисполитизирани.
 
- модераторот ги исцрта и поплочи патеките во паркот!!!! се е по архитектонските правила и кодекси , освен еден мал недостаток - во таков парк веке на никого не му е до шетање :tapp: , се надевам научивме нешто.
 
Дефинитивно ми е фаворит куќата на Мајка Тереза. Слушнав еден коментар кој многу пластично ја опишува: како кога црта дете и во еден момент изгледа дека фалат моменти во просторот па почнува да додава срценца и цвеќенца. :smir:
 
Дефинитивно главната пошта у центар. Погрдо амин.
 
- Жално за Скопје е што најголемите архитектурни утки се направени во самиот центар на градот.:toe:Грдотиите од типот на МНТ , комерцијална банка , поштата , оноа гнасно чирче пред ЕСМ , железничката станица и најновиот бисер на грдоста-спомен куќата на Мајка Тереза,.не можат да се оправдаат со ништо.
- И не држат вода тезите за архитектура на времето т.е. периодот . Очигледно станува збор за архитектурна малограѓанштина и неразбирање на пораките на големите мајстори .
 
Топ листа:
- Лотарија (неизградената зграда веќе 15 год. )
- Куќата на Мајка Тереза
- Изродот од трговски центар пред ЕВН
- зградите на Фиком (Антигона 1 и 2 во К. Вода)
- новиот Управен суд, збутан, стуткан, никаков....
- Македонска опера и балет
 
Главно објектите во Скопје се грди. Што ли учат таму на архитектура????????:tapp:

Но куќата на Мајка Тереза, е врвот на глупоста, шлагот на тортата. Под итно парите за споменици да се пренаменат, на рушење ва ваквите грди објекти во центарот.
 
- Лотарија (неизградената зграда веќе 15 год.)

Да не мислиш на Југо Банка? :raz:
Таа е до Лотарија, ја нарекуваат зградата убиец.
Имаше многу најави и оваа година и минатите дека конечно ќе се направи, но ништо од тоа.

7F20EA2E30ED104FA2636BA40F24D63A.jpg
 
Најгрда зграда според мене е зградата на универзитетот Кирил и Методиј.
t7201_Univerzitet.jpg
 
А ова? Вакви има(ше) на секој чекор. Како пред рингишпил.

03CF2F843B3F5C4996B1430589B114D5.jpg

Или овој Мал Ринг, на што личи :toe:

%7B5686ADC3-DE98-47EA-9785-5A6F06121C7F%7D_plostad-2.jpg
 
Да не мислиш на Југо Банка? :raz:
Таа е до Лотарија, ја нарекуваат зградата убиец.
Имаше многу најави и оваа година и минатите дека конечно ќе се направи, но ништо од тоа.

7F20EA2E30ED104FA2636BA40F24D63A.jpg

Да, на "зградата убиец" мислев. Се најавува веќе 15год. ама никако да се направи, прво треба да ја купи некој. Како и да е, грда е.
 
еве ти грда работа

Покрај тоа што е грда е и нефункционална...го направија за џанкериве зимно а и летно време да имат место безбедно кај да се напунат и некои К...да му го испушат не некој за 5оо ден..
еднашка се качив и никад повеќе смрди на мочкоини на гадно гадно дефинитивно најгадното нешто во градов според мене
41785.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom