Ddime
████████████████████
- Член од
- 18 февруари 2007
- Мислења
- 5.076
- Поени од реакции
- 212
Ривалитетот на скопските екипи прераснува во едно од најголемите и најквалитетните на Балканот. За тоа најдобро говорат нивните последни двобои кои изобилуваа со возбуда и неизвесност. Натпреварот се игра во среда, со почеток во 17:45часот, во салата "Борис Трајковски".
Пред три сезони Металург првпат во клупската историја ја освои двојната круна, следната година тоа му успеа на Вардар. Минатата сезона Металург прв истрча до титулата, откако без победник завршија три дерби пресметки, а поразот од еден гол во четвртата, беше решавачки, за Вардар да остане местото до првакот, додека националниот Куп им припадна на "црвено-црните".
Оваа сезона, 27:27 во Кале, 24:24 во Автокоманда, победникот од третиот меч ќе и се приближи на титулата. Сега, Вардар е посилен и психолошки и физички, поради повредите и непреболените европски рани со кои е оптварен Металург.
Ракометарите и раковотството на Металург упати низа жалби кон одлуката на ракометната федерација на Македонија, која одлучи првично зацртаниот термин за одржување на најголемото балканско дерби(1-ви Март) да го презакаже за 8-ми Март, поради заушките кој ги зафатија играчите на Вардар. Сега, од таборот на "металурзите" велат дека овој датум совршено им одговара на Вардарците, со оглед на исцрпеноста по саботниот пораз од КПК против Амичитија, а исто така повреди влечат и клучните играчи Маљцев, Шмиѓич и Димовски.
"Тоа што Вардар го сакаше со одложувањето на мечот, го доби. Доби на време, доби одморени играчи, на сметка на ракометарите на Металург кои се истрошени по саботниот натпревар со Амичитија"- вели тренерот на Металург, Звонко Шундовски.
Вујовиќ може да смета на сите играчи меѓу кои и Наумче Мојсовски кој полека се враќа во ритам.
"Психолошката предност е на наша страна, но предноста на Металург е во тоа што тие во изминатиот период имаа четири квалитетни натпревари, а Вардар од ноември не одигра силен натпревар. Металург во моментов има тројца повредени играчи, сега работата како да се „сврти“, кога ние во февруари имавме шестмина болни од заушки. Можеби тука ние ќе ја гледаме нашата предност"- изјави Мојсовски.
Во продажба се пуштени 2250 билети по цена од 100 денари. Истите може да се купат во клубските простории во СРЦ Кале секој ден, на градскиот плоштад во Скопје и на билетарницата на салата „Борис Трајковски“.
извор: www.sportdenes.com