Зошто е изменета нашата химна ?

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.640
Поени од реакции
27.598
Можете да ја превземете од тука
http://coin.blog.com.mk/audio/download/221134

А овде да ја слушнете

Денес над Македонија се раѓа
ново сонце на слободата
старо младо машко и женско
на нозе се кренало.

Горите Македонски шумно пејат
нови песни. нови весници
Македонците се борат
за својте правдини.

Одново сега знамето се вее
над Крушовската република
На Гоце Делчев, Питу Гули
Карев, Влахов, Сандански.

Не плачи Македонијо мајко мила
крени глава гордо високо
Македонија слободна
слободна ќе живее.

Сегашната:

Денес над Македонија се раѓа
ново сонце на слободата
Македонците се борат
за својте правдини

Одново сега знамето се вее
над Крушевската република
на Гоце Делчев, Питу Гули
Даме Груев Сандански

Горите Македонски шумно пејат
нови песни, нови весници
Македонија слободна
слободно живее

Интересно....Што мислите има ли политика во сето ова ?
Мене искрено, распоредот на старата ми е некако помил.
 
па добро де не е официјална ако е на јутуб стаена и тоа од васка илиева..
 
Веројатно сега како химна се комбинирани стихови со ударна содржина и подигање на македонскиот дух на почетокот, а во минатото била како свечена песна па логички бил редоследот на стиховите.
 
па добро де не е официјална ако е на јутуб стаена и тоа од васка илиева..

Абе во тоа време таа била официјална химна...Не значи ако е на јутјуб дека не била официјална.

Мене друго ми е муабетот. На пример, како бе така го исфрлиле претседателот на Крушевската република од стиховите?? Ај за Влахов, бил политички оцрнет, ама Карев ??

Кралот Марко,
Ако ги споредиш зборовите и распоредот, новите немаат никаква логика. Старите се логично и по правилен ред поставени.
1. „Старо младо машко и женско на нозе се кренало“ - почеток на борбата.
2. „Македонците се борат“ - борбата во сиот ек
3. „одново сега знамето се вее над Крушевската република“ - јасна идентификација за борба за слобода на Македонија а не за комунизмот
4. „Не плачи Македонијо Мајко мила...Македонија слободна ...“ - Дадените жртви и крваво стекнатата слобода.

Јас сепак мислам дека целта на промена на химната била да заборавиме дека сами сме ја стекнале слободата.
 
Можеби си во право, но моето размислување го темелам врз фактот што се одело на некое решение погодно како што реков за кревање на духот. Се сеќавам тоа беше во деведесетите кога се полемизираше за химната од тогаш свечената песна Денес над Македонија се прифати како хима. Мислам дека нема политика во тоа.
 
Чекај малце, си се збунил....„Денес над Македонија се раѓа“ и пред 90-тите беше химна на Македонија. Химна е од 1944 година. Незнам точно кога, но знам дека после ослободувањето ја измениле(можеби крајот на 40-тите почетокот на 50-тите).
А во 90-тите се полемизираше дали старата химна (веќе изменетата) да остане или да се бара нова. Ако не се лажам имаше предлози како „Земјо Македонска“ и „Народе Македонски“.

Еве за воља на вистината:
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%81_%D0%BD%D0%B0%D0%B4_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0

Денес над Македонија е национална химна на Република Македонија. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1943 година. По завршувањето на Втората Светска војна е усвоена како химна на Македонија во рамките на поранешна Југославија, а во 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Република Македонија.
Со текот на времето текстот на химната претрпел разни дополни, при што денес се познати две нејзини верзии. Во однос на првичниот текст од 1943 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев.
 
Чекај малце, си се збунил....„Денес над Македонија се раѓа“ и пред 90-тите беше химна на Македонија. Химна е од 1944 година. Незнам точно кога, но знам дека после ослободувањето ја измениле(можеби крајот на 40-тите почетокот на 50-тите).
А во 90-тите се полемизираше дали старата химна (веќе изменетата) да остане или да се бара нова. Ако не се лажам имаше предлози како „Земјо Македонска“ и „Народе Македонски“.

Во право си еве набрзина што најдов за химната
http://mk.wikipedia.org/wiki/Денес_над_Македонија

http://www.org.mk/struga-heritage/tekst.asp-lang=mac&tekst=6.htm
 
Најдов и една друга статија, во која се тврди дека најпрвичната верзија на химната (односно нејзината трета строфа) идела вака:

„Од гроб станаа славните ѕидари
на Крушевската Република“
http://jasnesumjas.blogspot.com/2007/05/blog-post_9355.html
 
Интересно! Има некаква логика тој стих. Но сепак мислам дека колку повеќе се полемизира, толку повеќе ќе се влегува во ќор сокак и нема да се извлече суштината. Мислам дека како и многу нешта и химната доживеала промени, но не со некаква задна намера. Можеби по обичај наш, секој да додаде нешто ново, затоа што мисли дека неговото е подобро па така дело од стиховите биле менувани.
 
Е добро де, нема политика, нема за што да се збори....Па отворив една тема што одамна сум сакал да ја отворам :)
 
Според мене постојат задни намери, посебно во тргањето на Никола Карев од химната.
Централна фигура во Крушевската република како нејзин Претседател.

Досега имаше две теми во кои дискутиравме за овие работи, незнам дали може сеуште да се најдат.

Едната беше во Историја ,а другата во форум Политика.
 
Корисна полемика во секој случај!:smir::helou:

Според мене постојат задни намери, посебно во тргањето на Никола Карев од химната.
Централна фигура во Крушевската република како нејзин Претседател.

Досега имаше две теми во кои дискутиравме за овие работи, незнам дали може сеуште да се најдат.

Едната беше во Историја ,а другата во форум Политика.

Линковите ги знаеш ли?

И дали се сеќаваш, конкретно на тоа што ти го велиш со задните намери околу промената на стиховите?
 
Најдов и една друга статија, во која се тврди дека најпрвичната верзија на химната (односно нејзината трета строфа) идела вака:

„Од гроб станаа славните ѕидари
на Крушевската Република“
http://jasnesumjas.blogspot.com/2007/05/blog-post_9355.html

Мене ми е чудно како ја најавувате оваа статија што сте ја пронашле некаде, бидејќи јас во доцните 80’ ти кога одев во школо така ја научив нашата химна , со делот „од гроб станале славните сидари на крушевската репубилка, Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“ и тн... во моментов не ми текнува целата.
Инаку мене химната ми се допаѓа, а сепак сум и за нова, оваа долго време ја имаме и сакам нешто уште поконкретно и поизворно, по Македонско!!! Нешто кое ќе може да те запали или да те натера да станеш и замислиш секогаш кога ќе ја слушнеш.

П.С. „а можеби и химнава малер да ни е“ :vozbud:
 
pa dobro na youtube se moze da se vidi ne bi trebao golema vaznost da se pridava na toa
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom