Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
Во последно време често го сретнуваме мислењето дека преговорите се воделе за името, не за идентитетот.
Ако ги оставиме настрана контрадикторните, конфузни и често наменски настапи, произлегува дека преговорите се воделе за замена на сегашната референца со нова, Република „Северна“ или „Горна“ Македонија, која би се користела за меѓународна употреба. Од оваа перспектива, ваквото решение за проблемот со името изгледа едноставно, на дофат на раката, и од корист за Македонија. Со тоа, наводно, би се отстранила главната пречка за влегување на земјата во НАТО и во ЕУ, а покрај тоа би довело и до замена на досегашната срамна референца.
Но како тука би се вклопило прашањето за идентитетот?
Очигледно тешко, односно никако. Убедувањето дека штом еднаш постигнеме договор за името, прашањето за идентитетот би го решиле полесно, на тој начин што ќе сме побарале меѓународни гаранции од авторитетно меѓународно тело, на пример, Советот за безбедност на ОН, за жал не е така.
Пристапот што го има Грција оди во обратна насока од ваквите домашни посакувања.
Нивната стратегиска цел е негирање, бришење или барем обезличување на идентитетот токму преку промената на името, а не на референцата, која за нив, како и за нас, впрочем, е само модус вивенди во дадените околности.
Токму затоа, за нив се спорни односно неприфатливи придавките: македонски, македонско, како ознака или атрибут на идентитетот.
Се покажува дека токму тоа е сега нивниот врвен приоритет, нешто што досега го држеа некако во заднина, вешто насочувајќи ја работата кон името. Неодамнешниот одговор на министерката Бакојани на писмото на министерот Милошоски претставува најдобра потврда за тоа.
Факт е дека гаранции или атест за националниот идентитет не издава никој. Прашањето на идентитетот никогаш не било дел од меѓународното право, односно од формално регулираните меѓународни односи. Дури и да претпоставиме за момент дека Советот за безбедност на ОН би „издал“ такви гаранции, што би бил резултатот од таквата резолуција? Најпрво, тоа би значело дека земјата, Република Македонија, нема цврст, неоспорен, изворен идентитет или идентитетот и е до таа мера загрозен што бара некој од надвор да и го гарантира. Со тоа комплетно би ја заокружиле и докомплетирале сликата што сака да ја портретира Грција за нашата земја како вештачка, неприродна творба, создадена со помош на меѓународниот комунизам (Коминтерната), која нема изворен идентитет и која присвојува туѓо цивилизациско и културно наследство.
Во самиот почеток на 1990-тите години, во кампањата на официјална Атина за спречување на влегувањето на Македонија во ОН, беше наметнат спорот со името со преттекст дека тоа асоцира на територијални претензии бидејќи го содржи зборот Македонија. Уште тогаш можеше да се види дека спортот со името е само параван зад кој се крие настојувањето да се оспори нејзиното постоење и етаблирање како меѓународен субјект (види моја анализа објавена во весникот „Нова Македонија“ од 19-22 февруари, 1993 година). Со Извештајот на Бадентеровата комисија, тој аргумент стана невалиден и таквата позицијата на Грција тешкоодбранлива.
Во меѓувреме, работите радикално се изменија во корист на Македонија. Земјата дојде до вратите на НАТО и отиде најдалеку, заедно со Хрватска, во процесот на интегрирање во ЕУ, стекнувајќи се со кандидатски статус во 2005 година. Грција тогаш повторно го искористи името како „скриен адут“ за да ја спречи Македонија да го финализира влегувањето во НАТО. Тоа што Грција не ја блокира Македонија на самиот почеток на процесот при склучувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и при добивањето на кандидатскиот статус, а имаше можност, туку откако земјата стигна до самата цел (НАТО) и до можноста да го трча последниот круг кон ЕУ (почнување преговори за членство), доволно зборува за нејзините вистински намери и стратегија. Значи, ниту тогаш ниту сега, клучниот проблем не е во името. Името е само изговор, средство за постигнување други цели од нивната национална стратегија. Згора на тоа, преку името, сега, како најново, го проблематизира и идентитетот на македонскиот народ.
Автор: Владимир Петковски
(Авторот е универзитетски професор и поранешен амбасадор)
извор.