За што преговараме - за името, за референцата или за идентитетот?

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Во последно време често го сретнуваме мислењето дека преговорите се воделе за името, не за идентитетот.

Ако ги оставиме настрана контрадикторните, конфузни и често наменски настапи, произлегува дека преговорите се воделе за замена на сегашната референца со нова, Република „Северна“ или „Горна“ Македонија, која би се користела за меѓународна употреба. Од оваа перспектива, ваквото решение за проблемот со името изгледа едноставно, на дофат на раката, и од корист за Македонија. Со тоа, наводно, би се отстранила главната пречка за влегување на земјата во НАТО и во ЕУ, а покрај тоа би довело и до замена на досегашната срамна референца.

Но како тука би се вклопило прашањето за идентитетот?
Очигледно тешко, односно никако. Убедувањето дека штом еднаш постигнеме договор за името, прашањето за идентитетот би го решиле полесно, на тој начин што ќе сме побарале меѓународни гаранции од авторитетно меѓународно тело, на пример, Советот за безбедност на ОН, за жал не е така.

Пристапот што го има Грција оди во обратна насока од ваквите домашни посакувања.
Нивната стратегиска цел е негирање, бришење или барем обезличување на идентитетот токму преку промената на името, а не на референцата, која за нив, како и за нас, впрочем, е само модус вивенди во дадените околности.
Токму затоа, за нив се спорни односно неприфатливи придавките: македонски, македонско, како ознака или атрибут на идентитетот.
Се покажува дека токму тоа е сега нивниот врвен приоритет, нешто што досега го држеа некако во заднина, вешто насочувајќи ја работата кон името. Неодамнешниот одговор на министерката Бакојани на писмото на министерот Милошоски претставува најдобра потврда за тоа.

Факт е дека гаранции или атест за националниот идентитет не издава никој. Прашањето на идентитетот никогаш не било дел од меѓународното право, односно од формално регулираните меѓународни односи. Дури и да претпоставиме за момент дека Советот за безбедност на ОН би „издал“ такви гаранции, што би бил резултатот од таквата резолуција? Најпрво, тоа би значело дека земјата, Република Македонија, нема цврст, неоспорен, изворен идентитет или идентитетот и е до таа мера загрозен што бара некој од надвор да и го гарантира. Со тоа комплетно би ја заокружиле и докомплетирале сликата што сака да ја портретира Грција за нашата земја како вештачка, неприродна творба, создадена со помош на меѓународниот комунизам (Коминтерната), која нема изворен идентитет и која присвојува туѓо цивилизациско и културно наследство.

Во самиот почеток на 1990-тите години, во кампањата на официјална Атина за спречување на влегувањето на Македонија во ОН, беше наметнат спорот со името со преттекст дека тоа асоцира на територијални претензии бидејќи го содржи зборот Македонија. Уште тогаш можеше да се види дека спортот со името е само параван зад кој се крие настојувањето да се оспори нејзиното постоење и етаблирање како меѓународен субјект (види моја анализа објавена во весникот „Нова Македонија“ од 19-22 февруари, 1993 година). Со Извештајот на Бадентеровата комисија, тој аргумент стана невалиден и таквата позицијата на Грција тешкоодбранлива.

Во меѓувреме, работите радикално се изменија во корист на Македонија. Земјата дојде до вратите на НАТО и отиде најдалеку, заедно со Хрватска, во процесот на интегрирање во ЕУ, стекнувајќи се со кандидатски статус во 2005 година. Грција тогаш повторно го искористи името како „скриен адут“ за да ја спречи Македонија да го финализира влегувањето во НАТО. Тоа што Грција не ја блокира Македонија на самиот почеток на процесот при склучувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и при добивањето на кандидатскиот статус, а имаше можност, туку откако земјата стигна до самата цел (НАТО) и до можноста да го трча последниот круг кон ЕУ (почнување преговори за членство), доволно зборува за нејзините вистински намери и стратегија. Значи, ниту тогаш ниту сега, клучниот проблем не е во името. Името е само изговор, средство за постигнување други цели од нивната национална стратегија. Згора на тоа, преку името, сега, како најново, го проблематизира и идентитетот на македонскиот народ.

Автор: Владимир Петковски
(Авторот е универзитетски професор и поранешен амбасадор)

извор.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Првично за менување за референцата...

После правењето на привремените глупости (велам привремени зашто прво требаше да станеме дел од НАТО па да прекрстуваме аеродром, и јас сакам да се вика Алекснандар, ама прво да станеме рамноправни па ќе правиме што сакаме), се наљутија грците и почнаа со условувања. Далеку од партиски или пристрасно пишуван е овој пост, туку искрено најреално и најискрено така е. Сите сакаме и автопат да се вика Александар, стадионот Филип...не знам, ако треба и ќерамидата од викендицата моја ќе ја викам Букефал, не е ни битно.Ама прво да станевме членки на НАТО па после ќе правевме што сакаме без никој да ни рече ништо.
* И плус тоа ќе бевме во позиција да ги дупчиме грците, ќе имавме право на ВЕТО!!! :tv:
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Identitetot na masa go stava Grcija i Dpmne. Jas ne znam koj se uste treba da kaze deka za identitet ne se pregovara. Do sega kazaa USA i EU.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Првично за менување за референцата...

После правењето на привремените глупости (велам привремени зашто прво требаше да станеме дел од НАТО па да прекрстуваме аеродром, и јас сакам да се вика Алекснандар, ама прво да станеме рамноправни па ќе правиме што сакаме), се наљутија грците и почнаа со условувања. Далеку од партиски или пристрасно пишуван е овој пост, туку искрено најреално и најискрено така е. Сите сакаме и автопат да се вика Александар, стадионот Филип...не знам, ако треба и ќерамидата од викендицата моја ќе ја викам Букефал, не е ни битно.Ама прво да станевме членки на НАТО па после ќе правевме што сакаме без никој да ни рече ништо.
* И плус тоа ќе бевме во позиција да ги дупчиме грците, ќе имавме право на ВЕТО!!! :tv:
Ама толку ли е тешко сварливо?

Поводот за ВЕТО не се преименувањата туку нашето постоење како Македонци.

Планот на Грција за купување време е обелоденет дури 2008 од Самарас, бившиот министер за надворешни на Грција во перидот 1989-1992!

Пред било какви “провокации“ од наша страна.


На 17 Март 2008 во интервју за Екатимерини, поранешниот министер во Владата на Грција од 1989-1992, најголемиот протагонист на Македонија и докажан шовинист Андонис Самарас, изјави:

1. “FYROM essentially stopped being a “national cradle of Macedonians” and became a multi-ethnic state with two separate ethnic components.“

2.“What we question from abroadthe existence of an ethnic state of “Macedonians

3. “For Skopje today, the dilemma is whether it will break up or whether – as some are claiming – it will be transformed into a loose multi-ethnic federation!


“ Such an outcome could prove beneficial to Greece, since when the Karamanlis government leaves Skopje out of NATO it will be Skopje’s responsibility. And we will gain time.“


Неговиот заклучок на крајот од интервјуто:

“In every case, the “Macedonian idea will have been defeated once and for all.“



Целосното интервју на : http://www.ekathimerini.com/4dcgi/_w_articles_ell_1_17/03/2008_94483
А давањето акцент на историјата и националната гордост во овие моменти се прави за да се оневозможи клима меѓу народот за евентуално прифаќање на компромис сервиран од внатрешни фактори во корелација со грчките интереси.

Јасно е дека Грците целат на идентитетот и нема што да се залажуваме.

А доколку не сакаш да звучиш партиски пристрасен туку искрен и реален еве го раководството на СДСМ и нивните изјави додека беа на власт:

1.

19 мај 2005

ЉУБОМИР ФРЧКОСКИ: ЗА ИМЕТО НЕМА МЕСТО ЗА КОМПРОМИС!

За името нема место за компромис. Проблемот околу името е што немаме што да дадеме, тоа ни е. Едно име имаме. Нимиц не разбира дека тоа не е прашање за име, туку за идентитет.

Проблем е што во Министерството нема кој да направи стратегија за името, изјави вчера професорот по меѓунардно право Љубомир Фрчкоски, на предавањето на членовите на Демократско-републиканската партија на Македонија.

Циркусот околу името, како што го нарекува Фрчкоски, започнал пред точно 14 години. Се провлекувал во Европската унија и Обединетите нации, кои на два пати направиле вистински преседан во меѓународното право преку поставување дополнителни услови за признавање на државата.

Како да се реши проблемот? - Разговорите во Њујорк се привремени. Ние немаме обврска да постигнеме спогодба, туку само да учествуваме во разговорите. Значи ние само треба да кажеме дека нема резултат од нив, и да го симнеме прашањето на техничко ниво.
Да се нотифицира генералниот секретар на ОН дека нашето уставно име е Република Македонија и ако се нафатиме и да предложиме Резолуција во Советот за безбедност. Политички, потоа, треба да извршиме притисок за признавање на уставното име во Советот на Европа и во Европската унија, - е идејата на Фрчкоски.

Тој смета дека проблем во Македонија е што земјава е "премногу толерантна со луѓето, кои работат за туѓи интереси”.

http://www.smk-wmc.org/index.asp?con...d=877&vlang=mk

2.

понеделник, 16 октомври 2006


Ексминистерот вели дека двојната формула е последен предлог за Нимиц
Македонија не смее да ги толерира квислинзите за името, смета Фрчкоски

Ексминистерот за надворешни работи, Љубомир Фрчкоски, Ј порача вчера на Владата дека ќе биде среќен ако таа му каже на Метју Нимиц дека двојната формула е последен предлог од Македонија и дека е време преговорите во Њујорк да завршат.

Според негови оцени, Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчки интереси, па и не го кријат тоа.

http://217.16.70.245/?pBroj=1780&stID=36302&pR=2


3. 18 декември 2007

Постои ли дилема дали Македонија реално е соочена со изборот името или НАТО.

„Таа дилема е грчки производ“, вели екс-министерката за надворешни работи Илинка Митрева. „Прво, затоа што промената на името на нашата држава ќе значи еднаш и засекогаш прифаќање на една погубна филозофија што во континуитет ја следи судбината на Македонците - негирање на македонската нација, на македонскиот јазик, на македонската историја, а оттаму и негирање на македонската држава. И не само од страна на нашиот јужен сосед. Уставното име на Република Македонија не е фирма. Тоа име сме сите ние, тоа е нашето постоење - вчера, денес и утре. Прифаќањето на промената на уставното име Република Македонија значи откажување од нашето постоење.


Времето, секако, работи за нас“, вели Фрчковски на прашањето дали стратегијата „времето работи за нас“ се покажа како погрешна или не. „Дали мислите дека 120 земји-членки што не' признале под уставното име е неуспех, дали вреди преку тоа да плукнеме? Ние сме платиле голема цена за таа стратегија и не смееме сега да плукаме на тоа плаќање на цена само затоа што на власт е некој што не ни е симпатичен“.

Според него, „не смееме да се делиме внатре по основа дали можеби можеме да расправаме за промена на името. Нека се изложат директно во јавност луѓето што мислат дека треба тоа да се направи. Нема разумни аргументи, тоа е едноставно веднење глава по 15 години борба кога сега дојдовме до моментот да ја издржиме последната игра. Тоа не смее да ни се случи. Ние играта ќе ја одиграме до крај“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D...2CDF36181FC636

И како сега се сменија нивните гледишта а?

За да не речеш дека ВМРО лажат, идентитетот не е прашање.


А јас уште пред да излезат на виделина Грчките намери напишав за 2 фази низ кои Грците ќе одат на уцена.

When the countries name changes, Greece will look at sorting out the language/ethnicity issues that will arise.
This will be stage 2 of the Macedonian question that is being played out here.
Identitetot na masa go stava Grcija i Dpmne. Jas ne znam koj se uste treba da kaze deka za identitet ne se pregovara. Do sega kazaa USA i EU.
Прочитај си ги челниците погоре кои не мислеа така пред 4-5 години.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Коментари (1)
03.04.2009 13:31
Костас Караманлис
Спорот за името на Македонија, светската економска криза и односите меѓу Турција и Грција се темите за кои ќе разговараат грчкиот премиер Костас Караманлис и американскиот претседател Барак Обама на средбата што ќе се одржи утре на маргините на самитот на НАТО во Стразбур, јавуваат грчките медиуми.
Весникот „Вима“ пишува дека Обама на средбата ќе го покани Караманлис да ја посети Белата Куќа, но изразува сомневање дека е можно посетата да се реализира пред изборите за Европскиот парламент.
Грчките медиуми јавуваат дека постои голема веројатност на самитот на НАТО Караманлис да се сретне и со германскиот канцелар Ангела Меркел.


A1










P.S ubava boja na vratovrskata :)
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Двојната формула беше најправичното решение кога веќе некои наши предавници земале обврска а народот им дозволил да ни наметнат референца наместо име, УНИКАТЕН СЛУЧАЈ ВО СВЕТ.

Што е суштинската промена ?
Грција истапи со став, промена на уставното име.
Тоа влече промена на идентитет, смешно е да се тврди спротивното.
Кој ја напушти двојната формула ?
ВМРО-ДПМНЕ да го обвиниме за Свед милк, за партиските вработувања, за партиски тендери, за името неможеме и не смееме, барем до сега од покажанато.
Ние граѓаните ги држиме за еден нивни пишан договор со нас, во нивната програма (СДСМ нема пишано ништо они на се се пишаат) каде велат, ВМРО-ДПМНЕ нема да промени устав ради промена на име.
Бујрум глас на избори.
Привремената спогодба, бујрум уште еден глас.
Правата на Македонците во Беломорска Македонија итн....

Грција.
Луди ли сте да мислите дека Грција ги креира своите политики на љутење или не љутење од наша страна.
Тие имаат јасна цел, бришењето на Македонскиот народ, на неговиот идентитет ќе доведе до трајно решение на окупираната територија Егејска Македонија и трајно ќе го затвори македонското прашање, нема да постојат Македонци во нивна изворна форма, туку само во локална.
Ќе имаме северни, јужни, западни, источни, североисточни, вардарски, егејски, пирински, тракиски, епирски, дојрански, преспански, охридски, битолски, маџаар малкси итн ....

Мене ми е згадено од комуњарската реторика по ова прашање.
Тоа ви е како Џек Трбосек да држи прес конференција за правата на жените.
 
S

smart ass

Гостин
Нема да се избриши Македонскиот народ колку и да се обидува непријателот и предавникот.......Како што мојето семејство и моите предци ми оставија македонско во крвта и силна верба дека сум Македонец така јас ке го почитувам и ке се борам за тоа така и ке ги воспитам моите деца дека тие се Македонци ни помалку ни повеке без разлика дали во светот ни на едно место нема пишува Македонија ......ете така опстанува Македонизмот и ке опстанува до постооењето на светот со вечна борба :toe:
 
M

marsovka

Гостин
Деца деца.....
ах бре бевте предупредени дека брањата ќе се зголемуваат од страна на гција а вие си го игравте мајтапот не сакавте името да се смени ,чекајте сеа и бугарија ќе се јави и на крај ќе го јадеме стапот
Инаку Албанија и хрватска влегоа у нато .....на здравје ебење у здрав мозок
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Деца деца.....
ах бре бевте предупредени дека брањата ќе се зголемуваат од страна на гција а вие си го игравте мајтапот не сакавте името да се смени ,чекајте сеа и бугарија ќе се јави и на крај ќе го јадеме стапот
Инаку Албанија и хрватска влегоа у нато .....на здравје ебење у здрав мозок
Не можам да се воздржам да не прокоментирам кога ќе прочитам некоја ваква мисла.

Деца, слушате ли сите, менувајте се што ќе побараат, пошто може барањата да се зголемат, после може ќе сакаат и да ве еутанизираат. Од кај знаете утре кога ќе станат од спиење шо ќе им прдне...
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
Не можам да се воздржам да не прокоментирам кога ќе прочитам некоја ваква мисла.

Деца, слушате ли сите, менувајте се што ќе побараат, пошто може барањата да се зголемат, после може ќе сакаат и да ве еутанизираат. Од кај знаете утре кога ќе станат од спиење шо ќе им прдне...
Морам да кажам дека некои членови едноставно НЕ разбираат дека на форумов има и постари...
Поупатени, поначитани, Трн, Братот, Славјански, Македонцки (може некој заборавив....:helou:нека не се лутат)
И тако то....
 
Член од
26 март 2009
Мислења
38
Поени од реакции
2
Makedonia = MAKEdonia | Greece=HELLAS

Makedonia loves greece | greece loves makedonia

F*CK POLITIKAΣ!

Piece to GREEK AND MAKEDONIA BORTHERS!:back: who are always together and forever ;)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Стоп за секакви преговори...уствари и стоп за секаков разговор на тема име..само така се покажува став.
Се друго е виткање кичма!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.032
Поени од реакции
83.466
Makedonia = MAKEdonia | Greece=HELLAS

Makedonia loves greece | greece loves makedonia

F*CK POLITIKAΣ!

Piece to GREEK AND MAKEDONIA BORTHERS!:back: who are always together and forever ;)
Иди на грчки форум ова постувај го, да видиш што ќе ти речат.
 
Член од
26 март 2009
Мислења
38
Поени од реакции
2
aj navedi nekoi primeri najglavni sto mozat da mi kazaT?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom