Шведска ги озакони хомосексуалните бракови

Статус
Затворена за нови мислења.

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Шведскиот парламент го прифати законот со кој се одобрува склопување бракови помеѓу лица од ист пол и со ова стана петта европска земја која дозволи бракови помеѓу хомосексуалци.

Законот стапува на сила од 1-ви мај, јавуваат агенциите. Освен Шведска, хомосексуалните бракови во Европа се легални во Холандија, Норвешка, Белгија и Шпанија. Шведска од 1994 година дозволува "граѓанско здружување" на лица од ист пол во вонбрачна заедница.
Против озаконувањето на хомосексуалните бракови се побунија некои од верските заедници, па дадено им е право во рамки своите заедници да одлучат дали ќе ги венчаат или не истополните парови.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Одамна сакам да прашам, и еве сега ќе прашам.:wink: Дали со тоа што легализираат брак, им даваат да посвојат деца? Дали тоа иде во пакет? Инаку, по темата, сакам да кажам дека склопувањето на истополов брак е нелогично да се врши во црква. Нека одат на матичен. Немам против ваквиот тип на бракови, ако не вклучуваат посвојување на деца, за што се изјаснив во другата тема.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Законот стапува на сила од 1-ви мај, јавуваат агенциите. Освен Шведска, хомосексуалните бракови во Европа се легални во Холандија, Норвешка, Белгија и Шпанија. Шведска од 1994 година дозволува "граѓанско здружување" на лица од ист пол во вонбрачна заедница.
Во текстов има пропуштено некоја земја која ги има легализирано хомосексуалните бракови,па да надополнам Канада (2005) и Јужна Африка (2005).
Легализирани граѓански здружувања или унии,кои од бракот се разликуваат само по местото каде се валидни (бракот насекаде во светот,додека овие здружувања важат само во земјата која го дала правото),се друго како права и обврски им е исто е дозволено во повеќе земји од светот: Бразил, Хрватска, Данска, Финска,Франција, Германија ,Унгарија, Исланд,
Луксембург, Мехсико, Нов Зеланд, Португалија, Швајцарија, Велика Британија и повеќе земји од Америка.
Во светот има само три земји кои го забрануваат бракот(унијата) на хомосексуалците,а тоа се Латвиа,Хондурас и Уганда:)
Во Македонија бараат да се дозволи истополовото здружување во партнертсво како и во мнозинството земји (ова како објаснување до Ада и лет).Ова партнертство значи:Да можат да функционираат правно,да може едниот од партнерите да го наследи имотот,пензијата во недај боже неочекувана смрт.Како што можат хетеро двојките да творат и создаваат,зошто да не можат и они.Ништо страшно,не каса законов:)
Тоа е основното право што го бараат,друго се си имаат:smir:

Мими Симоновска напиша:
Одамна сакам да прашам, и еве сега ќе прашам.:wink: Дали со тоа што легализираат брак, им даваат да посвојат деца? Дали тоа иде во пакет? Инаку, по темата, сакам да кажам дека склопувањето на истополов брак е нелогично да се врши во црква. Нека одат на матичен. Немам против ваквиот тип на бракови, ако не вклучуваат посвојување на деца, за што се изјаснив во другата тема.
Во Англија пријава за брак стасува и од свештеници.И не само таму,насекаде се здружуваат и свештеници.Што викаш на ова?:)Ве молам,не ја мешајте црквата,доволно гревови има направено.
Иначе за твоето прашање,не станува збор за пакет со деца,само брак.Некаде каде е во постапка за дозволување за посвојување деца (или онаму каде што е веќе дозволено) се решава со посебен закон.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.734
Поени од реакции
12.165
Ааа, ја у Шведска више не одам. Остај таа работа, сигурно си е сигурно.
Љуба Мољац велеше за во Холивуд "Памет у глави и дупе уза зид", но ова ќе да важи више за цела Европа.
се друго како права и обврски им е исто
А кои обврски ги имаат овие истополни? Едниот штипки, другиот весник пред тв...или? Озбилно, кои им се обврските?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А кои обврски ги имаат овие истополни? Едниот штипки, другиот весник пред тв...или? Озбилно, кои им се обврските?
Некој матичар нека ги пастира по ред,јас само ќе нафрлам:)Кога стоиш во матично тетката ги чита на цел глас правата и обврските,ништо страшно,но добро би било да ги пастира некој.Да не тресам сега од ракава,нешто со финансии и болести беа поврзани:smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.734
Поени од реакции
12.165
Значи исто како ние обичните луѓе (не знам како поинаку више за да не ги навредам, многу лесно се вреѓаат) кога застануваме пред матично и кога ни читаат, тоа исто важи и за нив. Добро.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Епа браво за Шведска. Што знам, тоа озаконување на хомосексуалните бракови во Шведска и не ми е некој фактор во животов. Едноставно некои таму накај Скандинавија си решиле дека и тие луѓе ги имаат истите права (побогу и они се луѓе)
На само постирани 6 поста, 3 од нив се против ова. Па ви се молам, не е имплементтирано во Македонија за толку строго да го осудувате.
Lurtz ти се молам бар малку размисли. Зошто баш ти ако отидеш во Шведска би се пазел? Ја не знам дека они одат по улица, барајќи туристи за да ги силуваат.:toe:

едит: Да не заборавам да те прашам, ако ти се нафрлат две лезбејки во Шведска, случајно да не ќе избегаш? Лично јас отворив тема за хомосексуалност, геј и лезбејска популација за да овие три поими се разликуваат...Ми ја сфаќаш поентата нели?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.734
Поени од реакции
12.165
Епа браво за Шведска. Што знам, тоа озаконување на хомосексуалните бракови во Шведска и не ми е некој фактор во животов. Едноставно некои таму накај Скандинавија си решиле дека и тие луѓе ги имаат истите права (побогу и они се луѓе)
На само постирани 6 поста, 3 од нив се против ова. Па ви се молам, не е имплементтирано во Македонија за толку строго да го осудувате.
Lurtz ти се молам бар малку размисли. Зошто баш ти ако отидеш во Шведска би се пазел? Ја не знам дека они одат по улица, барајќи туристи за да ги силуваат.:toe:
Не бе човек, кај виде овде омраза во моиве постови?
Инаку бев Шведска, не како турист па малку ги знам и како е и што е (вон Стокхолм).

Чисто прашав кои обврски имаат. Инаку се друго прескакам и не пишувам овде оти на друга тема се згазив објаснувајќи за проценти и позадини и нигде не стасавме, секој го тера своето. Чак што више тие беа тие кои намерно провоцираа со глупи слики, лапање на "мажишта", држење за рака, не јас.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Не бе човек, кај виде овде омраза во моиве постови?
Инаку бев Шведска, не како турист па малку ги знам и како е и што е (вон Стокхолм).

Чисто прашав кои обврски имаат. Инаку се друго прескакам и не пишувам овде оти на друга тема се згазив објаснувајќи за проценти и позадини и нигде не стасавме, секој го тера своето. Чак што више тие беа тие кои намерно провоцираа со глупи слики, лапање на "мажишта", држење за рака, не јас.
Океј, не мислев баш дека твоите постови се со омраза, али ај...:helou:
Е глеаш ти си бил во Шведска и пред озаконување, и? Сега е истото само легално(ако мислеше на тоа)... Не сакам да навлегувам ниту јас во објаснувања, така да толку имам да ти кажам.добронамерно секако:wink:

 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Незнам дали јас сум хомофобичен или стварно е настрано но никогаш нема да прифатам хомосексуалци во моја околина ако тоа јавно го демонстрираат. Значи нека си бидат хомосексуалци, не се плашам од нив како некои коа ке дознаат дека е педер бегаат како дека ке ги нападне нешто али правно да биде возможно, не.

И што менува ако се во брак? Не, ова не го кажувам само онака али вистина. Ако се во брак ке бидат поголеми хомосексуалци? Исто како стрејт ако се земат. Уствари тоа друга тема е.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Значи исто како ние обичните луѓе (не знам како поинаку више за да не ги навредам, многу лесно се вреѓаат) кога застануваме пред матично и кога ни читаат, тоа исто важи и за нив. Добро.
Тотално исто.Ништо повеќе,ништо помалку.Не гледам никаква причина зошто кај нас да не се дозволи,иако мислам дека кај и да е ќе го донесат.

Dark King напиша:
И што менува ако се во брак? Не, ова не го кажувам само онака али вистина. Ако се во брак ке бидат поголеми хомосексуалци? Исто како стрејт ако се земат. Уствари тоа друга тема е.
Имаше еден документарец,па во контекс на прашањево ќе го раскажам.Беа пар лезбејки,заедно живееле 40 години.Створиле заеднички имот (куќа,кола и покуќнина).Го запишале на името на една,но во таа земја не беше дозволено партнертсво.Починува случајно онаа на која гласи цел имот.Доаѓа нејзината фамилија и си го зема имотот,а другава жена оди на улица,бидејќи нема законско право да го наследи се она во што вложувала.Мислам дека сега е појасно зошто е тоа парче хартија,иако на 17 години не е ништо битно понатаму ќе е.
Или ти си живееш со девојкати,целиот имот што заедно сте го добиле гласи на неа,по нејзината смрт ти си голо куче,бидејќи фамилијата нејзина е единствен наследник.
Треба уште објаснување кое право го бараат?

И секој пост,што ќе биде надвор од темата за хомосексуални бракови,секој пост што ќе биде лечење на фрустрации,дали вие ги сакате или не,ќе биде избришан,а личноста банирана.Па повелете дискутирајте како луѓе.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Тотално исто.Ништо повеќе,ништо помалку.Не гледам никаква причина зошто кај нас да не се дозволи,иако мислам дека кај и да е ќе го донесат.
Изгледа ќе треба од корен да се менува значењето на бракот..оти како институција бракот е врска меѓу маж и жена..можеби понатаму на дефиницијата ќе се додаде и инцесот, животинскиот брак,полигамијата..убаво што имаме флексибилни устави.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Изгледа ќе треба од корен да се менува значењето на бракот..оти како институција бракот е врска меѓу маж и жена..можеби понатаму на дефиницијата ќе се додаде и инцесот, животинскиот брак,полигамијата..убаво што имаме флексибилни устави.
Без мешање на баби и жаби,убаво би било да се модифицира дефиницијата за брак,која во ова време не содејствува.Така добро би било наместо маж и жена да стои,двајца партнери,од човечко потекло кои свесно и доброволно стапуваат во брачни односи,а не се крвно поврзани.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Без мешање на баби и жаби,убаво би било да се модифицира дефиницијата за брак,која во ова време не содејствува.Така добро би било наместо маж и жена да стои,двајца партнери,од човечко потекло кои свесно и доброволно стапуваат во брачни односи,а не се крвно поврзани.
Не мешам баби и жаби само давам слика на општеството во кое очигледно ништо нема да биде стабилно и каде луѓето пред се ќе размислуваат само за сопствените потреби..
Семјеството како поим веќе и онака се распаѓа...па веројатно она што кое ќе следи откако геј браковите ќе бидат секојдневие..ќе биде посвојување деца..па ќе имате ситуации каде едно дете ќе има повеќе од двајца родители..5-8 баби и дедовци, за полу браќа и сестри да не зборам..
Според мене нема место за едно такво хаотично општество..ама тоа е смо мое размислување...сепак веројатно ќе превладе мнозинството..

Уште нешто ме интересира која ќе биде дефиницијата за брак во училиштето каде ќе учи и твоето дете..хомосексуалноста ќе биде морално еднаква на традиционалите вредности
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не мешам баби и жаби само давам слика на општеството во кое очигледно ништо нема да биде стабилно и каде луѓето пред се ќе размислуваат само за сопствените потреби..
Семјеството како поим веќе и онака се распаѓа...па веројатно она што кое ќе следи откако геј браковите ќе бидат секојдневие..ќе биде посвојување деца..па ќе имате ситуации каде едно дете има повеќе од двајца родители..5-8 баби и дедовци, за полу праќа и сестри да не зборам..
Според мене нема место за едно такво хаотично општество..ама тоа е смо мое размислување...сепак веројатно ќе превладе мнозинството..
За мешањето мислев на полигамијата,инцесот,педофилијата и зоофилијата кои ќе ги наброи лет ако ја прочита темава.Значи вакви поврзувања директно одат на игнор...
Маркус времето не менува,неможеме закоравено да се држиме до некои правила кои не се во реалноста.Општеството сега е похаотично од било кога,не се знае кој јаде,а кој пие,но за пред народ сите со традицијата и нормите во уста.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom