Студенти Албанци повикуваат на бојкот на изборите

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Не знаеш и самиот изгледа дека и голем дел од Албанците не гласаа на избориве. Имам 5 гласачи дома (татко ми, мајка ми, брат ми, жена му и јас).
Пред 2 недели само јас гласав :)

Во секој случај, да речеме дека Албанци гласачи има помалку од 200.000.
За да бидат успешни избориве треба нешто повеќе од 700.000 гласачи да излезат на гласање.
Ако целото гласачко тело е 1.800.000 (официјалната бројка е 1.792.082 гласачи) тогаш за 700.000 немате гајле, можете и сами :)

Овде зборуваме за гласачи , така да мислам дека многу пореално е да зборуваме за бројка од 200.000...
Мене искрено ми е жал што ете голем дела од Албанците не наога потреба да излезе да гласа и тоа е сосема легитимно право, додека апсолутно сум против на тоа да се дава етничка димензија и Албанците како и другите имат право на одлука и мислам дека не треба да бидат повикувани на етнички бојкот...
До сега игравме фер на изборите и мислам дека изјавата на студентите не им требаше...
Мислам дека се согласувате со мене...
 
Овде зборуваме за гласачи , така да мислам дека многу пореално е да зборуваме за бројка од 200.000...
Ако веќе реално зборуваме, кажи ми како е можно 25% од населението во земјава да се етнички Албанци, а само 12% Албанци го формираат гласачкото тело? Неко овде вара...
Мене искрено ми е жал што ете голем дела од Албанците не наога потреба да излезе да гласа и тоа е сосема легитимно право, додека апсолутно сум против на тоа да се дава етничка димензија и Албанците како и другите имат право на одлука и мислам дека не треба да бидат повикувани на етнички бојкот...
Мене ме иритира што се обидуваат да дадат етничко обележје на проблематикава. НАРОДОВ (без разлика на вера, пол, национална припадност, возраст, членство во здружение на жени кои обожаваат да носат подвезици) е уморен од политичариве и се помалку желба има да гласа кога според искуство од минатото (18 години самостојност) ништо добро не им донесе тоа.
Имаме 3 групи на гласачи.
1. Нивното "опстојување" е тесно поврзано со политичката партија која е на власт, дали преку директно вработување, дали преку индиректна материјална корист (да даде господ да ти падне тендер), или преку нешто трето кое има ист исход и секогаш излегуваат да гласаат. Тие се една редовна бројка на гласачи која ја има секоја политичка партија и која најчесто е линија водилка за евентуалната победа или пораз на таа политичка партија. Инаку мала група на граѓани, моја слободна проценка би било дека не формира повеќе од 30% од гласачкото тело.
2. Гласачи кои во одредени избори гледаат одредена симпатија, интерес, наречи го како сакаш, према одредено лице кое се гласа. Знаеш, градоначалников (како личност) е кул, ќе излезам да го гласам. Или кандидатов за претседател, во муабетов. Овие гласачи формираат според мои проценки околу 10% (или помалку) од гласачкото тело, затоа нив сите ги игнорираат и највеќе се осврнуваат кон првата група. Односно нема да дадам квалитет (од кој би му се дигнало на гласачот од втора група) туку ќе дадам било што за да го гласаат оние од прва група.
3. Изградени гласачи, луѓе со специфични барања и потреби. Нивниот број е во раст (за среќа, според мене) и имаат конкретни очекувања од луѓето што ги гласаат. Овие се и нај проблематични за сите политички партии бидејќи никогаш не можат да сметаат на нив бидејќи изненадуваат. Нивниот број според моја проценка е околу 40% од гласачкото тело.
Имаме и онакви што не гласаат никогаш, 10%, ама ме мрзи да ги обработувам засега.
Муабетот ми е, на овие избори политичките партии (двете најголеми посебно) не се потрудија да дадат издржани кандидати, луѓе претседатели. Електоратот е разочаран па имаме преливање од групата 1 и 2 кон групата 3.
Тука спаѓаат и Албанците гласачи во муабетов, едноставно не гледаат зошто да излезат да гласаат. Немаме кандидати.
Мое мислење и желба е да пропаднат овие избори, 6 месеци нека биде Вељановски, и нека настапат партиите со здрави кандидати. Не мислам воопшто и не ми е гајле на штетите кои би ги претрпиле во таков случај, сите жалби и поплаки пратете ги кај Владата односно ДПМНЕ кога знаејќи дека имаат најголеми шанси да победат, дадоа ваков беден кандидат за Претседател.
До сега игравме фер на изборите и мислам дека изјавата на студентите не им требаше...
Не се битни студентите. Ти кажав кој излезе на минатите избори да гласа кај мене дома, и јас излегов бидејќи имав солиден избор. Овој пат е очајно. Мојот избор се сведува на Фрчко или Иванов (ете, пак морници ме лазат). Работата е што електоратот самиот по себе е разочаран.
Мислам дека се согласувате со мене...
За некои работи да... мене ако ме прашуваш :)
 
Овде зборуваме за гласачи , така да мислам дека многу пореално е да зборуваме за бројка од 200.000...
Мене искрено ми е жал што ете голем дела од Албанците не наога потреба да излезе да гласа и тоа е сосема легитимно право, додека апсолутно сум против на тоа да се дава етничка димензија и Албанците како и другите имат право на одлука и мислам дека не треба да бидат повикувани на етнички бојкот...
До сега игравме фер на изборите и мислам дека изјавата на студентите не им требаше...
Мислам дека се согласувате со мене...
Poveke od jasno e deka izjavata na studentite ne im trebase.
No, ne radi sodrzinata na izjavata ( povikuvanje na bojkot ) tuku radi karakterot na izjavata-politicki motivirana.

Znaci, i da povikuvaa na masovna izleznost, pak ke trebase da se osudi edna takva izjava. :toe:
 
Да се вмешав во темава на кратко. Јас мислам дека неизбирањето на претседател на овие избори ќе биде многу добро за демократијата во Македонија и за промена на ставот на партиите кон гласачкото тело како стадо.
Нека понудат квалитет па ќе гласам. Веќе не ме интересираат зла, па да споредувам кое зло било помало зло. Нека понудот добро, па да видам кое добро е подобро.

Објаснија други луѓе убаво, да не повторувам.

Не подлегнувам на никакви обиди за манипулација. Кај нас секогаш сите избори биле суштински, секој период бил многу значаен, се било историско. Е така веќе не ми се учествува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom