Кој ги избира Македонските претседатели?

Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
А јас мислев дека “Председател“ со Т се пишува..... :tapp:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Додека ние Македонците по обичај се удираме во гради за да се докажеме едни на други колку си ја сакаме Македонија и колку таа ни значи, притоа тоа удирање во градите го правиме со затворени очи, нејасни мисли и чуства на патриотизам што не извираат од нашите срца, туку чуства погрешно препишани, се дотогаш Албанците ќе одлучуваат кој ќе биде нашиот Претседател. Единствено кај нас полесните тегови на вагата имаат поголема тежина.:toe:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Знаете дека секој со обезбедени одреден број на потписи може да стане кандидат за претседател ?
Ете шанса да ги зезнете сите и ЦИА и партиите и соседите и подземните суштества.

Ова пуканкиве со пиво како добро одат.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Знаете дека секој со обезбедени одреден број на потписи може да стане кандидат за претседател ?
Ете шанса да ги зезнете сите и ЦИА и партиите и соседите и подземните суштества.

Ова пуканкиве со пиво како добро одат.
Па овде имаме и кандисување од одредени кандидати луѓето да даваат потписи за противкандидатите,според лични признанија,такво нешто ни на магаре не би му паднало на ум.Со тоа се гледа колку народот избира председател на Македонија.:toe:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.850
Поени од реакции
26.448
1. САД
2. ЕУ (Франц. Анг. Гер. = Грција)

До одреден степен и двата фактора си се поклопуваат во влијанието и интересите како партнери, но во последниве години се' поизразена е агресивноста на главните ЕУ членки и нивниот интерес на Балканов - Македонија.
Не ги гледај баш како партнери, партнери беа додека имаше комунизам. Па еден период на транзиција, па сега со кризава полека се отвараат картите. Колку и да ти се чини дека моментално се зголемил интересот на ЕУ (Германија поточно) сепак грешиш. Тој интерес никогаш не престенал. Последните 300 години и можеби повеќе. Баш е обратна ситуацијата, интересот на САД е зголемен последните 40-45 години за Балканот и е во тенденција на растење. Што се однесува до меѓусебните односи на ЕУ и САД, баш на Балканот се кршат копјата.



Сега ја користат таа прилика да САД се во незавидна ситуација па успеваат тоа да го материјализираат преку истиснување на нивното влијание во високиот врв на одлучување.
Интересот на Германија, а и Франција се пренасочува кон Русија.
Токму паничното ориентирање на Германија и Франција кон Русија збори за тромоста, кога збориме за вакви кризи, на Европа. САД е доста флексибилна држава во тој поглед. Има јака пропагандна машинерија и не е баш така либерална како што ни изгледа. Така и лесно може да го насочи и населението и стопанството. Додека Европа е тромава, не заборавај од такви кризи дека произлегоа 2 светски војни директно од Европа. Со премногу внатрешни проблеми, со суети од типот на Грција, премногу е поделена, а нема капацитет да ги преброди тие делби. Економски џин, а политички исфрустрирано џуџе.


Русија пак, неможе сеуште да се пробие на Балканов, но затоа има силен мотив да ги неутрализира директните “сателити“ на САД кои стојат меѓу нив и Западниот дел на ЕУ, а тоа се: Полска, Чешка, Украина и Романија.
Русија своите џокери на балканот ги трошеше последниве 200 години и ги потроши. А проблемите со Чешка, Украина, Полска и Романија не се ништо ново, и тие се дел од потрошените џокери. Не дека тие сакаат да бидат заедно со ЕУ(освен ради стандардот нели), тие само сакаат да бидат што подалеку од Русија. На нивната политичка матрица повеќе одговара САД отколку ЕУ. Затоа во овие земји САД гледа поголеми партнери него ли во ЕУ.


Грција ја црпи поддршката на ЕУ за своите интереси, вклучително истите членки и ја даваат поддршката и во НАТО.
Истовремено Грција игра двојна улога, приближувајќи се кон Русија.
Грција е слика и прилика на ЕУ. Ништо повеќе ништо помалку. Гледај ги политичките превирања и државните удари низ Европа со „Црниот Оркестар“ од 50тите до 70тите и ќе ти стане јасно, поточно нема да ти стане јасно, уште повеќе ќе се збуни чоек. Али затоа Грција е портата кон Русија....


САД силно се позиционира во Македонија и се надевам, во зависност од точката на топење на нашиве политичари, дека имаме простор нивната политичко-стратешка наклонетост да ја искористиме во наша корист.
САД нема друг цврст партнер во регионот. Грција е центар на антиглобалистичата збирштина и непријател на клучен партнер на САД во моментов Турција. Ситуацијата со Србија ја знаеме. Албанија никогаш нема да ја земат за сериозен партнер. А Бугарија јас лично не би ја одбрал дека све што ќе пипне пропаѓа :) Шала на страна, во Бугарија превира или Германско или Руско влијание. Башка сите држави до една беа на погрешната страна во последната светска војна. Според мене, планот на САД за Македонија како алтернатива на Грција е стар околу 40 години, поточно од државниот удар на Пападополус (ако не се лажам за името). Исто не и е толку исплатливо на САД (па ни нас) наше членство во НАТО, колку што и е исплатливо директно партнерство.


Политиката на овие два фактора се манифестира силно преку СДСМ и ВМРО.

ЕУпрекуСДСМ наспроти САДпрекуВМРО, така и одат нивните заложби, во соодветна функција.

Затоа според мене има два ТЕГА :)) во нашата политика.

Но, земаме во обѕир дека Албанците им се лојални на САД. :)
Нема тегови тука, ЕУ со својата тромава политика и бирократија, тешко дека ќе се одлучи на флексибилен чекор за да ја приближи Македонија кон ЕУ. Додека САД имаат и алтернативни патишта, не зависат од НАТО, туку НАТО зависи од нив. Нив не им треба НАТО, па ако се наклниме кон нив и нас нема да ни треба НАТО.


Само колку ќе биде тоа партнерска улога е прашање....Во последниве 18 години, не сум видел таков капацитет, што све ова би можел да го изигра како што треба, а има начини.
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
А јас мислев дека “Председател“ со Т се пишува..... :tapp:
Има некои што и со Ц го пишуваат, ама темава не е лекторска туку е Електорска.

Јас не се сложувам дека Албанците го бираат, бидејќи ако Македонците не им понудат кандидати за прецедател тие нема кого да бираат.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.850
Поени од реакции
26.448
Пример за тоа е Рамковниот, Територијалната поделба, Договорите 93 и 95, третманот на Бранителите, Кампањата форсирана внатре- за промена на името.
Ова е резултат на тој Х доминатор кој застанува зад оној внатрешен политички субјект чија температура на топење е помала.
Што се однесува до овој момент, не го сваќај толку трагично. Хартија трпи све. Албанците преку САД и Грците преку ЕУ, само го искористија поволниот момент. Што фајде имаат САД и ЕУ од сиве овие работи што ги напомна. Ништо. Тоа се агенди на наши соседни земји, кои нивната улога ја наплатија со тоа. Немој да мислиш, дека ако им треба некоја друга услуга на САД од нас на пример(и ако им е доволно важна се разбира), ќе им чуе курот ако им наплатиме со тоа што ќе излеземе на Бело или Јонско Море. Тоа е све баланс.

Х доминатор го боли карданот за човековите права или за спорот со името, тој си гледа за него. Ако ние имаме повеќе да понудиме (ако сме паметни), Грците ќе станат фашисти, а Албанците узурпатори. Тоа е реалноста, ама некој бара светски заговори против Македонија :)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Не ги гледај баш како партнери, партнери беа додека имаше комунизам. Па еден период на транзиција, па сега со кризава полека се отвараат картите. Колку и да ти се чини дека моментално се зголемил интересот на ЕУ (Германија поточно) сепак грешиш. Тој интерес никогаш не престенал. Последните 300 години и можеби повеќе. Баш е обратна ситуацијата, интересот на САД е зголемен последните 40-45 години за Балканот и е во тенденција на растење. Што се однесува до меѓусебните односи на ЕУ и САД, баш на Балканот се кршат копјата.




Токму паничното ориентирање на Германија и Франција кон Русија збори за тромоста, кога збориме за вакви кризи, на Европа. САД е доста флексибилна држава во тој поглед. Има јака пропагандна машинерија и не е баш така либерална како што ни изгледа. Така и лесно може да го насочи и населението и стопанството. Додека Европа е тромава, не заборавај од такви кризи дека произлегоа 2 светски војни директно од Европа. Со премногу внатрешни проблеми, со суети од типот на Грција, премногу е поделена, а нема капацитет да ги преброди тие делби. Економски џин, а политички исфрустрирано џуџе.



Русија своите џокери на балканот ги трошеше последниве 200 години и ги потроши. А проблемите со Чешка, Украина, Полска и Романија не се ништо ново, и тие се дел од потрошените џокери. Не дека тие сакаат да бидат заедно со ЕУ(освен ради стандардот нели), тие само сакаат да бидат што подалеку од Русија. На нивната политичка матрица повеќе одговара САД отколку ЕУ. Затоа во овие земји САД гледа поголеми партнери него ли во ЕУ.



Грција е слика и прилика на ЕУ. Ништо повеќе ништо помалку. Гледај ги политичките превирања и државните удари низ Европа со „Црниот Оркестар“ од 50тите до 70тите и ќе ти стане јасно, поточно нема да ти стане јасно, уште повеќе ќе се збуни чоек. Али затоа Грција е портата кон Русија....



САД нема друг цврст партнер во регионот. Грција е центар на антиглобалистичата збирштина и непријател на клучен партнер на САД во моментов Турција. Ситуацијата со Србија ја знаеме. Албанија никогаш нема да ја земат за сериозен партнер. А Бугарија јас лично не би ја одбрал дека све што ќе пипне пропаѓа :) Шала на страна, во Бугарија превира или Германско или Руско влијание. Башка сите држави до една беа на погрешната страна во последната светска војна. Според мене, планот на САД за Македонија како алтернатива на Грција е стар околу 40 години, поточно од државниот удар на Пападополус (ако не се лажам за името). Исто не и е толку исплатливо на САД (па ни нас) наше членство во НАТО, колку што и е исплатливо директно партнерство.



Нема тегови тука, ЕУ со својата тромава политика и бирократија, тешко дека ќе се одлучи на флексибилен чекор за да ја приближи Македонија кон ЕУ. Додека САД имаат и алтернативни патишта, не зависат од НАТО, туку НАТО зависи од нив. Нив не им треба НАТО, па ако се наклниме кон нив и нас нема да ни треба НАТО.


Само колку ќе биде тоа партнерска улога е прашање....Во последниве 18 години, не сум видел таков капацитет, што све ова би можел да го изигра како што треба, а има начини.

Е ова ми се допаѓа :))

Но, не се сложувам дека Албанците не се сериозниот партнер. Според мене тие се главниот партнер на САД.

Нека не те буни новата амбасада, бидејќи Македонија и онака е зависна од односите со Албанците и нивното екипирање во политиката, САД не ја ни смета Македонија за нешто различно од Албанија и Косово.
Албанците ја играат главната улога.

И тука е проблемот. Ние умствено хибернираме, отсутни сме.

Но, доколку се екипираме и создадеме стратегија, во наредниов век нашите малцинства во Егејот и Пиринот ќе бидат пресудни во интересите на САД.

Такви сигнали веќе им се дадени на нашите доле и очекувај силна логистичка поддршка од САД.

За ова последново сум мн. сериозен. :))
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Знаете дека секој со обезбедени одреден број на потписи може да стане кандидат за претседател ?
Ете шанса да ги зезнете сите и ЦИА и партиите и соседите и подземните суштества.

Ова пуканкиве со пиво како добро одат.
пуканки или не, ова Kauzen-ов е прима , ама сепак ми се чини дека сите Македонски преТседатели :) ..............сепак ни ги РАКОПОЛОЖЕЕЛЕ....Албанците , домашни,... дојдени, увезени..не е битно, овците славјански и антички...само си блејат... :)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.850
Поени од реакции
26.448
Е ова ми се допаѓа :))

Но, не се сложувам дека Албанците не се сериозниот партнер. Според мене тие се главниот партнер на САД.

Нека не те буни новата амбасада, бидејќи Македонија и онака е зависна од односите со Албанците и нивното екипирање во политиката, САД не ја ни смета Македонија за нешто различно од Албанија и Косово.
Албанците ја играат главната улога.

И тука е проблемот. Ние умствено хибернираме, отсутни сме.

Но, доколку се екипираме и создадеме стратегија, во наредниов век нашите малцинства во Егејот и Пиринот ќе бидат пресудни во интересите на САД.

Такви сигнали веќе им се дадени на нашите доле и очекувај силна логистичка поддршка од САД.

За ова последново сум мн. сериозен. :))
Не е до амбасадата. Има некои работи со Албанците, кои неможат да се избалансираат. На пример, партнерството со САД и Албанциците идеше преку одредени криминални структури, пази тоа е клучен момент. Да се потсетиме како завршуваат криминалците во служба на режим. Почнувајќи од Љуба Земунац, Аркан во СФРЈ, и да завршиме кај нас, Мујо, Ромео, Аце Циганот, Петрит Аме и серија други подземни херои. Затоа викам, можеби моментално Албанците се најголем партнер, ама се далеку од стабилност.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
интересот на САД е зголемен последните 40-45 години за Балканот и е во тенденција на растење. Што се однесува до меѓусебните односи на ЕУ и САД, баш на Балканот се кршат копјата.
Токму паничното ориентирање на Германија и Франција кон Русија збори за тромоста, кога збориме за вакви кризи, на Европа. САД е доста флексибилна држава во тој поглед. Има јака пропагандна машинерија и не е баш така либерална како што ни изгледа. Така и лесно може да го насочи и населението и стопанството. Додека Европа е тромава,
суети од типот на Грција, премногу е поделена, а нема капацитет да ги преброди тие делби. Економски џин, а политички исфрустрирано џуџе.
САД нема друг цврст партнер во регионот. Грција е центар на антиглобалистичата збирштина и непријател на клучен партнер на САД во моментов Турција.
Според мене, планот на САД за Македонија како алтернатива на Грција е стар околу 40 години, поточно од државниот удар на Пападополус (ако не се лажам за името).
Немој да мислиш, дека ако им треба некоја друга услуга на САД од нас на пример(и ако им е доволно важна се разбира), ќе им чуе курот ако им наплатиме со тоа што ќе излеземе на Бело или Јонско Море. Тоа е све баланс.

Х доминатор го боли карданот за човековите права или за спорот со името, тој си гледа за него. Ако ние имаме повеќе да понудиме (ако сме паметни), Грците ќе станат фашисти, а Албанците узурпатори. Тоа е реалноста, ама некој бара светски заговори против Македонија
би издвоил нешто од постот на Јамајка ...
со ова тотално се согласувам. добро размислување.:wink:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
пуканки или не, ова Kauzen-ов е прима , ама сепак ми се чини дека сите Македонски преТседатели :) ..............сепак ни ги РАКОПОЛОЖЕЕЛЕ....Албанците , домашни,... дојдени, увезени..не е битно, овците славјански и антички...само си блејат... :)
Тешка демагогија со Албанците.
Остајте ги луѓето малку, нека одморат.
Ахмети ти го предложи Иванов или Фрчковски ?

Зошто се појавија кандидатите на сите политички партии првпат во историјата на Македонија ?
Не падна договорот помеѓу ДУИ и ДПМНЕ за 2012, Нибуру.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.850
Поени од реакции
26.448
Но, доколку се екипираме и создадеме стратегија, во наредниов век нашите малцинства во Егејот и Пиринот ќе бидат пресудни во интересите на САД.
+Мацинството во Албанија

Ова е можеби најклучниот момент не само за партнерството на САД, туку и за нашата понатамошна гео-стратегија воопшто. Меѓутоа, за жал, еден момент не прави чекор назад. Тоа е декларираниот мултиетнички карактер на нашата држава. Ако се вратиш наназад неколку месеци, баш овој проблем го дискутиравме, за канализирањето. Пошто самото партнерство на САД на Балканот е етнички поврзано.
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
јас па друго се прашував ,кој ги атентатира сите македонски претседатиели , ама разбрав еве овој што сега е по што никој не го ни гибна а?сто велите на ова праШанје
 

Kajgana Shop

На врв Bottom