Имам неко чувство...се надевам неосновано, дека контролниот пакет при управувањето на државата Македонија не е во раце на Македонците...или грешам???
Се ми се чини дека Македонците не одлучуваат ама баш за ништо....или грешам???
Слободни се само да изигруваат "политички" кловнови и тоа најмногу во "рамката за по дома", надвор од таа рамка дури не ни постојат....
......има ли некој овде идеа кој ќе биде ТЕГОТ кој ќе ја одреди ИЗБОРНАТА ТЕЖИНА на изборов за последен Македонски председател???
Јас мислам дека не грешиш, фигурите кои настапуваат пред нас откако ќе бидат избрани подоцна би требало да ја потврдат својата функција пред стратешките доминатори
Пример за тоа е Рамковниот, Територијалната поделба, Договорите 93 и 95, третманот на Бранителите, Кампањата форсирана внатре- за промена на името.
Ова е резултат на тој Х доминатор кој застанува зад оној внатрешен политички субјект чија температура на топење е помала.
Мотивацијата на нашите политички играчи е позицијата на Власт и можноста за богатење на својата елита.
Другото е од втор степен на значајност, оформување на привидна слика за прогресот под нивно раководство и оправдување за штетните одлуки преку мали убаво запакувани бонбони од страна на Х доминаторот.
Според мое лично гледање, на нашиов политички пазар дојде до блага сегментација на два влијателни доминатори:
1. САД
2. ЕУ (Франц. Анг. Гер. = Грција)
До одреден степен и двата фактора си се поклопуваат во влијанието и интересите како партнери, но во последниве години се' поизразена е агресивноста на главните ЕУ членки и нивниот интерес на Балканов - Македонија.
Сега ја користат таа прилика да САД се во незавидна ситуација па успеваат тоа да го материјализираат преку истиснување на нивното влијание во високиот врв на одлучување.
Интересот на Германија, а и Франција се пренасочува кон Русија.
Русија пак, неможе сеуште да се пробие на Балканов, но затоа има силен мотив да ги неутрализира директните “сателити“ на САД кои стојат меѓу нив и Западниот дел на ЕУ, а тоа се: Полска, Чешка, Украина и Романија.
Грција ја црпи поддршката на ЕУ за своите интереси, вклучително истите членки и ја даваат поддршката и во НАТО.
Истовремено Грција игра двојна улога, приближувајќи се кон Русија.
САД силно се позиционира во Македонија и се надевам, во зависност од точката на топење на нашиве политичари, дека имаме простор нивната политичко-стратешка наклонетост да ја искористиме во наша корист.
Политиката на овие два фактора се манифестира силно преку СДСМ и ВМРО.
ЕУпрекуСДСМ наспроти САДпрекуВМРО, така и одат нивните заложби, во соодветна функција.
Затоа според мене има два ТЕГА
) во нашата политика.
Но, земаме во обѕир дека Албанците им се лојални на САД.