Банкарството е легален криминал?

  • Креатор на темата Креатор на темата dedanoe
  • Време на започнување Време на започнување
:))
Абе ајде! Колку е наивно да се зборува за тоа како финансискиот систем и банките се паразити и криминал, или колкава идила би била пазарната економија без нив! Благодарение на овој „легален криминал“ има две многу битни придобивки за сите нас: првата е што парите кои не ги користиме во моментот им се на располагање на оние кои имаат план да ги инвестираат или да го зголемат производството на услуги и добра. Втората исто толку битна придобивка е што благодарение на тој систем, имаме можност да решиме што сакаме ние со нашите пари, каде да ги инвестираме, колку ризик да земеме... Упростено - на некои им даваме можност да инвстираат со парите на некои други на кои подоцна ќе им исплатиме затоа што дозволиле да нивните пари се користат.
Сите кои прават некаква си разлика помеѓу пазарна економија и капитализам (или пак оние кои го делат капитализмот на индустриски/продуктивен капитализам и финансиски паразитарен капитализам) всушност си се залажуваат до бескрај дека е возможно да постои пазарна економија без капитализам и капитализам без финансии:) Не треба да си генијалец или да си економист за да го свариш ова, едноставно треба да ја употребиш главата.
Кој е криминалот на банките? Тие го користат основното правило на капитализмот: прават пари со пари!
Темава е смешна!
 
sto e so islamskiot pristap na bankarstvoto??? ima li nekoj poveke detali??? navodno tie banki muva ne gi lazi u krizava..:)
 
Убаво рече Игор, ајде темава во канта! Дебилна е, како и тој што ја отворил....
 
sto e so islamskiot pristap na bankarstvoto??? ima li nekoj poveke detali??? navodno tie banki muva ne gi lazi u krizava..:)

jas bas sega citkam okolu toa nesto poveke ..i prviot vpecatok mi e deka ne mozeme taka ..ke treba i da go smenime nasiot "zapadnjacki" :) mentalitet
 
sto e so islamskiot pristap na bankarstvoto??? ima li nekoj poveke detali??? navodno tie banki muva ne gi lazi u krizava..:)

Ах, не би рекла дека мува не ги лази. Иако, да... Во друг свет се, не се толку зависни со нас, „останатите“. Тоа банкарство како начела нема лоши правила (освен што сепак, има ептен ограничувања, на пример не можеш да ги кроистиш нивните услуги ако си да кажеме произведувач на алкохол), официјално од нивната работа не профитираат „паразитските еврејски банкари“ арно ама е неприменлив за функционирање нормално на ова општество во кое живееме, бар дури не сме под Шаријатот:))
Има еден куп интересни моменти, за кои кога подобро ќе размислиш и не се лоши. Најдобар момент е што кога сакаш од нив да позајмиш пари за да ги инвестираш, ти не ги добиваш парите! Им објаснуваш за што се работи, ако одобрат ТИЕ купуваат/градат/што да е, и после ти го продаваат тебе, нормално - со профит:)
 
sto e so islamskiot pristap na bankarstvoto??? ima li nekoj poveke detali??? navodno tie banki muva ne gi lazi u krizava..:)

Тоа ти е една копија на нашето банкарство со таа разлика што наместо да ти наплаќаат процент ти влегуваат во партнерство со тебе. И така ти кога заработуваш заработуваат и они. Ти кога губиш губат и они. Ама пак затоа се инвестира само во ептен сигурни бизниси, а тоа воедно и им ја кочи економијата бидејќи тешко многу се добива заем. А за тие што зимаат има и основна камата за секој случај и да не ти успее бизнисот.
Само да биде јасно муслиманскиот банкарски систем само тврди дека е по кранот воден но во практика сите негови главни методи за правење пари се под остри напади.
А да не се лажат луѓето дека тој систем е многу подобар од нашиот. Економската криза ги погоди пред се најразвиените земји односно земјите во кои има економија. Ако ја видите картата на википедиа ќе видите дека колку е посиромашна земјата толку е помалку погодена од кризата. (има ретки исклучоци).
 
Ако ја видите картата на википедиа ќе видите дека колку е посиромашна земјата толку е помалку погодена од кризата. (има ретки исклучоци).

Не е точно! Зошто ако гледаме во цифри земено јасно е дека многу поголеми загуби ќе има богатиот. Логички да размислуваме, без картите на википедија:) Ако јас имам илјадарка а ти сто денари, ако ги изгубиме сите - и двајцата ќе сме еднакво гладни. Ама ако има криза која ќе не мавне двајцата по тил така што и јас и ти за, да речеме 50 посто ги изгубиме парите - мојата куповна моќ сеуште ќе е далеку над твојата. Не ти се чини дека истото правило е и за државите:)
Точно, на почетокот се мислеше дека кризата ќе ги заобиколи сите сиромашни земји (теорија која кај нас уште ја џвакаат и преџвакуваат секакви економски експертчиња, лупајќи глупости како „Нема каде подолу да одиме“), ама како што почна годинава - не изгледа дека ќе е така. На македонски како се вика за Afrique sub-saharienne? Тој (да бидеме реални огромен) регион според Меѓународен Монетарен Фонд од почетокот на годинава до сега го изгуби економскиот раст за над 4 посто! Замисли колку е тоа за држави каде и онака се наоѓа најголемиот дел од „долната милјарда“. Според еден текст што го читав пред некое време во Економист, изгледа дека одложениот удар на кризата ќе даде само продолжени последици, за најсиромашните од сиромашните...
За почеток, парите од западните земји веќе не одат во тој правец. Следно, поскапувањето на оризот и житариците нив ги погоди многу повеќе од сите останати, и најнакрај - како и насекаде, работните места се губат со неверојатна брзина.
И да, не ме земај за збор за бројката, ама оваа година се очекува бројот на мртви деца во Африка да порасне ЗА 300 000! Иако се ми се чини дека накај 400 000 одеше. Не е битно, и во двата случаи е неверојатно многу!

Сеуште мислиш дека само големите се погодени?
 
И јас го кажав истото што и ти. Само моето беше во контекст на муслимаснките банки и тврдењето дека они функционираат подобро од нашите.
Од кризата се погодени сите. Од економска гледна точка коку е земјата праозвиена толку е повеќе погодена. Една од причините е и немањето пари на тие земји и слаба економија за да има што да биде погодено.А последици ќе има пред се помалку хуманитарни акции и намалување на пари за помош за држави како македонија.
Само нема страв ќе заврши кризата до крајов на годинава.
 
Па не го зборуваме баш истото. Јас не сметам дека Западните богати земји се оние кои највеќе ќе страдаат. Зошто највеќе? Зошто повеќе нема да купуваат нов телевизор секоја година?
 
Абе ако не си милионер и немаш акции нигде исти кур ти е, та имало криза та немало. Како ќе загубам јас како индивидуа пари од кризата? Никако.

Кај нас технолошки вишок и така фрчеше, па сега од кризата се уплашивме. Јас ќе речам тој шо има пари нека му ја мисли, тој шо нема исто му е и така немал.

Ова вака прагматички пристап, иначе секој ќе биди ебан.
 
Па не го зборуваме баш истото. Јас не сметам дека Западните богати земји се оние кои највеќе ќе страдаат. Зошто највеќе? Зошто повеќе нема да купуваат нов телевизор секоја година?

Не зборувам за страдање туку за удир по економијата. Они највеќе ќе изгубат. Ако немаш економија и ако немаш пари немаш што да изгубиш.
 
Освен куќата:) Генерално гледано - државата, јавните фирми, јавниот имот... Не се залажувајте дека нема што ад се изгуби! И Буркина Фасо да бевме ќе имаше што да изгубиме!!!
 
Не можеш да ги изгубиш ако не со заборчен. За да си заборчен треба некој да ти позајми пари. А да позајмиш пари треба да имаш поволна економска клима за да знаеш дека ќе ти успее бизнисот. Е сега кога немаш економија се е џабе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom