- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.462
- Поени од реакции
- 5.880
28.03.2009 12:58 Насилство со повредени го одбележа денешниот протест во Скопје против изградбата на црквата плоштадот Македонија, на кој се појавила и поголема група контрапротестанти.
Очевидци на случувањата за Макфакс тврдат дека неколку лица биле повредени во инцидентот, додека од полицијата информираат оти до 13 часот немало пријави за повредени.
Според очевидците станува збор за млади лица со повреди во пределот на главата.
Учесниците во протестот против изградбата на црквата, што го организираа Прогресивен млад синдикат и Прва Архи Бригада, на плоштадот се соочиле поголема група луѓе со спротивни ставови по што дошло до кошкање, кое прераснало во физичка пресметка со тупаници и шлаканици.
Протестантите тврдат дека биле нападнати од групата контрапротестанти.
Полицијата соопшти дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу двете групи, едната помала, која била против изградбата на црквата и друга поголема со спротивен став.
МВР најави соодветни пријави против учесниците, како и побарување одговорност од организаторите на протестот, кој бил должен да обезбеди редарска служба и да го прекине протестот ако е загрозена безбедноста.
Македонската јавност извесен период е сведок на дебата про и контра изградба на црква на плоштадот во Скопје, меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.