„Фрчкоски даде лажна изјава за ДИК!”

Член од
5 март 2009
Мислења
25
Поени од реакции
5
„Фрчкоски даде лажна изјава за ДИК!”


Јавно ја поднесувам иницијативата за проверка на точноста на изјавата на Љубомир Фрчкоски дека не бил соработник или наредбодател на службите за државна безбедност од идеолошки причини. Јас тврдам дека претседателскиот кандидат во својата изјава заверена во Државната изборна комисија лаже. Ова го правам на овој начин, јавно, затоа што поинаку и не можам. Едноставно, комисијата за лустрација нема канцеларија, нема архива, нема печат, а македонскиот граѓанин мора да знае за каков претседателски кандидат се работи.

Ова за „Нова Македонија“ го изјави Јордан Ристовски од Канада, еден од многуте жртви на контраразузнавачките служби и на наредбите за следење од идеолошки и политички причини.
„Фрчкоски во периодот од 1992 до 1996 година како министер за внатрешни работи издавал наредби со кои се повредени моите права, гарантирани со Уставот. Тој не ја кажува вистината“.

Кумановецот Петровски вака и се обраќа на комисијата за верификација на факти (попозната како комисија за лустрација) во Собранието. Под псевдонимот Црни, Петровски бил следен и прислушуван од СДБ како член и финансиер на тогаш опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот на СДСМ и другите кандидати, во согласност со новите законски прописи, мораше да достават нотарски заверена изјава дека не издавале наредби ниту биле корисници на информации со кои се прекршувани или ограничувани основните права и слободи на граѓаните од политички или од идеолошки причини.

Во неговиот обид да ја спречи кандидатурата за претседател на Фрчкоски, овој поранешен бизнисмен, сега политички азилант во Канада, се соочил со неочекуван проблем - комисијата не функционира, нема простории, нема печат, и тоа во момент кога е најпотребна, пред изборите.

Агим Мехмети, претседателот на комисијата за лустрација, само ги крева рамениците.

- Запознаен сум со таа иницијатива, но што да правам кога сè уште не е во функција комисијата за верификација на факти. Требаше да профункционира од завчера, но катот во МРТВ што ни е доделен не е подготвен. Јас правам сè што е во моја моќ - вели Мехмети.

Азилантот Петровски во 2000 година си го подигнал досието од МВР. Тврди дека наредбите за негово следење се давани со наредба и потпис на Фрчкоски. Во неговото досие стои дека тој се занимавал со разузнавачка активност. Како член и финансиер на ВМРО-ДПМНЕ, според досието на Службата за државна безбедност, тој контактирал со Огњан Петров, началник на одделение при Министерството за трговија на Бугарија. Оперативецот на СДБ тврди дека има потврдени сознанија дека Петров е агент на бугарската тајна служба. Петровски како претставник на ВМРО-ДПМНЕ требало да обезбеди максимална поддршка на Бугарија за вмровските фирми. Меѓутоа во 1993 година, СДБ утврдила дека прислушувањето на телефоните „не ги дало очекуваните резултати“ и решиле да престанат со следењето. Од имињата со кои Петровски телефонски разговарал во очи паѓаат Љубиша Георгиевски и Томе Далавера (Томислав Стојановски, таткото на Драган Даравелски).

За претседателскиот кандидат Фрчкоски ова се подземни игри.

- Немам коментар. Мислам дека станува збор за истата личност што поднесуваше кривични пријави пред извесно време. Јас не коментирам полициско-политичко подземје - ни изјави Фрчкоски.

Петровски лани понесе кривична пријава против Фрчкоски поради прогонот од МВР, но таа беше отфрлена од обвинителството поради застареност.

„Поднесов кривична пријава против Фрчкоски, Томислав Чокревски, Слободан Богоевски, Зоран Верушевски, Сиљан Аврамовски и другите полициски функционери, кои, со намера да ми нанесат штета од идеолошки и политички причини поради мојата политичка определба како припадник и финансиер на ВМРО-ДПМНЕ, во 1992 година ми отвориле досие под псевдонимот Црни и на тој начин повеќе години противуставно и незаконски собирале сознанија за мојот приватен и деловен живот, со тајно следење и набљудување, тајно фотовизуелно снимање и документирање, тајна контрола на писма и други пратки, прислушување телефон, и притоа добиените сознанија ги користеле за планско, систематско, организирано и смислено дискредитирање на мојата личност и семејство, како и уништување на мојот бизнис. Доказите се недвосмислени. ‘Независната’ обвинителка Драгица Михајловска во јануари ја отфрли мојата пријава поради тоа што наводно изминале 10 години од правењето на последната службена белешка на СДБ, која ја поседувам. Мал проблем е што последната белешка од мојот прогон, која ја имам, датира шест месеци пред истекот на рокот“, изјави Петровски лани на 29 септември за „Нова Македонија“.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=12&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=350&ArticleID=21047

ЉДФ не ни требало да биде кандидат за претседател.
I koj go kazal ova,nekoj si Jordan Ristovski prebegan bandit i ajduk od Makedonija.
Pa to e najobicen :drk::drk::drk::drk:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
I koj go kazal ova,nekoj si Jordan Ristovski prebegan bandit i ajduk od Makedonija.
Pa to e najobicen :drk::drk::drk::drk:
Се додека едни се бандити, а другите свилени буби, се дотогаш вистинските кодоши ќе си уживаат и ќе ги берат плодовите на својата долгогодишна кодошка работа. Имали простор и вистинска желба да се расчисти со оваа црна дамка или пак како и се друго и ова ќе биде само една тема за плукање на едни кон други. Колку побрзо двете партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ (и нивните сателити) ова го сфатат сериозно, току побрзо и ваквата тема ќе биде тргната од дневен ред, а партиите ќе си ги проветрат нивните редови од кодоши кои и ним не им даваат да се реформираат. Така СДСМ ќе види дали другите се навистина бандити, а ВМРО-ДПМНЕ пак дали поголем дел од СДСМ се кодоши.
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
А да ни кажеше нешто за царевата НОВА „облека„..односно дека „царот„ ви е (сосема) гол..а ????.
:pipi:
A ti nesto da ni kazes na temava. Za ovoj Petrovski na primer ?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
A ti nesto da ni kazes na temava. Za ovoj Petrovski na primer ?

а темата е за Фрле или за Петровски
темата е за лагата на Фрле или на Петровски
најдете соодветна одбрана
или ја немате?
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Makedoncki, zamisli denes duri i Dpmne pres odrza za ova.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Се додека едни се бандити, а другите свилени буби, се дотогаш вистинските кодоши ќе си уживаат и ќе ги берат плодовите на својата долгогодишна кодошка работа. Имали простор и вистинска желба да се расчисти со оваа црна дамка или пак како и се друго и ова ќе биде само една тема за плукање на едни кон други. Колку побрзо двете партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ (и нивните сателити) ова го сфатат сериозно, току побрзо и ваквата тема ќе биде тргната од дневен ред, а партиите ќе си ги проветрат нивните редови од кодоши кои и ним не им даваат да се реформираат. Така СДСМ ќе види дали другите се навистина бандити, а ВМРО-ДПМНЕ пак дали поголем дел од СДСМ се кодоши.

Се согласувам со тебе. Само што ова треба да започне од членството на овие партии. Како може здрав ум , да си стави јузер : СДСМ до СМРТ ??? По која основа, што ако партијата смени име на пример :vozbud:.
Се додека постојат вакви размислувања, нема партиите и оваа политичка „атмосфера“ да се подобри во Македонија!
Реформите започнуваат со членството, а водачите на овие партии или било кои , се дел од тоа членство, порано или подоцна.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Се согласувам со тебе. Само што ова треба да започне од членството на овие партии. Како може здрав ум , да си стави јузер : СДСМ до СМРТ ??? По која основа, што ако партијата смени име на пример :vozbud:.
Се додека постојат вакви размислувања, нема партиите и оваа политичка „атмосфера“ да се подобри во Македонија!
Реформите започнуваат со членството, а водачите на овие партии или било кои , се дел од тоа членство, порано или подоцна.
Природно е членството да има водач кој вистински ќе сака да направи реформа, а не како сега членовите да се однесуваат како колонови.
 

lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
а темата е за Фрле или за Петровски
темата е за лагата на Фрле или на Петровски
најдете соодветна одбрана
или ја немате?
Интелот ми е стар форумски другар (поинаку и не мислам) од многу форуми..додуше стално си бил и е на „онаквата„ страна.. и тоа му е голема неизлечена маана...ама јас го почитувам..оти барем тој си се крие..кога „неговиве„ ќе ја укакаат работата..за разлика од други заслепени кретеноидни комуњарчиња (сами ќе си рипнат-Павлов Ефект- веднаш штом го добијат мојот „сигнал„ овде)..разбира се..нели??
:pipi:
 
Член од
2 септември 2008
Мислења
997
Поени од реакции
22
Абе много скучен стана форума поради тиа избори бре.Два месеца та фрчко та мрчко,горги,лубета стооп.Дајте по добре нешто за татарите.Аман вече :smir:
 

lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Абе много скучен стана форума поради тиа избори бре.Два месеца та фрчко та мрчко,горги,лубета стооп.Дајте по добре нешто за татарите.Аман вече :smir:
Па ..татарите се ..чинам отидени одааамна во Европа??.
Европа повеќе сака татарин од Македонец..барем досега таков е впечатокот..односно мојата импресија..
Овде татари НЕМА (ни за лек..РАЗБИРА СЕ..нели?)..а комуњари ОХОХОООООооооооо...

:pipi:
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Na ovaa tema ne sakam mnogu da diskutiram poradi eden nas isto taka star forumski prijatel, a ne poradi navodnata vina na Frceto-idniot pretsednik.
ps. kje ojme letevci za spasovden ovaa godina.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Абе много скучен стана форума поради тиа избори бре.Два месеца та фрчко та мрчко,горги,лубета стооп.Дајте по добре нешто за татарите.Аман вече :smir:
Ти се меша некој тебе дома кога си средуваш твои работи?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom