Бугарското предавство на Делчев

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Трагите од предавството на Делчев уште постојат Убиството на апостолот на македонското револуционерно движење било смислено предавство за негова елиминација, смета Михајло Миновски, историчар, кој направил обемно истражување на овој настан
3_1_17.jpg


Убиството на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев не било сплет на околности, туку смислено предавство за негова физичка елиминација, смета Михајло Миновски, историчар, кој направил обемно истражувања на овој настан. Тој тврди дека постојат низа пишани документи што укажуваат дека ликвидацијата на Делчев на 4 мај 1903 година во село Баница, Серско, била инспирирана од Врховниот македонски комитет од Софија.

* Во историографијата не е се' уште расчистено дали убиството на Делчев е резултат на добрата акција на силите на Османлиската држава или на предавството?

- Индициите дека е извршено предавство долго не можеа да добијат соодветна потврда, главно, поради недостигот од докази. Но, во бугарскиот Централен државен историски архив, најдовме неколку извештаи на Бугарското трговско агентство во Сер, кои укажуваат на континуираното дејствување на бугарскиот фактор и на експонентскиот Врховен македонски комитет во Софија за елиминација на Делчев. Македонска револуционерна организација под раководството на Делчев за само неколку години стана масовно национално-ослободително движење. Тоа не им одговараше на владејачките кругови во бугарското кнежевство. Било примено како директно загрозување на големобугарските претензии кон нашата земја. Токму тогашниот претседател на бугарската влада Константин Стоилов им упатил инструкција на бугарските трговски агенти во Османлиското Царство „да го знаат дејствувањето на таа Организација и да постигнат такво влијание за таа да не може да прави ништо што е спротивно со гледиштето на бугарската влада“.

* Кој бил преломниот момент во планот за елиминацијата на Делчев?

- Како што е познато, Делчев категорично се спротивставувал на кревањето на востанието во 1903 година. Сметал дека не се поволни околностите - од расположението на европските сили до степенот на вооружувањето на борците. И бил во право. Наспроти ова, бугарските врховистички елементи, кои имаа стратегија за инфилтрација во Организацијата, му даваат задача на Иван Гарванов, Бугарин од Стара Загора, што побргу да ја наметне одлуката за кревањето на востанието. Се очекувало османлиската војска најжестоко да се пресмета со македонските востаници. Со тоа, истовремено, би се убил секаков стремеж кај македонскиот народ за создавање самостојна македонска држава, а ослободувањето би се очекувало од бугарското кнежевство. Таквата одлука за кревањето на востанието била донесена на јануарскиот конгрес во Солун. Врховистите стравувале дека Делчев, со својот авторитет, може да издејствува да се поништи решението за востание напролет. Затоа било потребно физички да се елиминира. Не сакаленепосредно да се ангажираат во ликвидацијата за да немало негативни последици по врховизмот. Бил воспоставен систем на перманентно следење на Делчев од врховистичките елементи, дојавување на неговото престојувалиште во Баница и конечната пресметка.

* Може ли да се каже конкретно кој е предавникот?

- Тајната за предавството на Делчев и за директната вмешаност на бугарската влада
и на кнежевскиот двор била разоткриена по само неколку месеци од задушувањето на Илинденското востание. Непосредни актери биле тогашниот министер Паприков и агентот Кулишев, кои непосредно влијаеле на Солунскиот конгрес да се донесе одлука за предвременото востание. Тоа било утврдено на Собранието на раководителите на МРО одржано во почетокот на 1904 година. Водечките личности на МРО се изјасниле дека Бугарија со својата политика била и останала главен виновник за трагедијата на македонскиот народ. Тогаш биле констатирани и основани индиции за непосредната вмешаност на инфилтрираните врховисти и за предавството на Делчев. Раководствата на Серскиот и на Драмскиот револуционерен округ биле задолжени да преземат мерки за утврдувањето на предавството на Делчев. На терен биле упатени неколку вооружени чети, меѓу кои и четата на Георги Радев. Таа чета жестоко ги казнила тие за кои се утврдило дека го предале Делчев. Селаните од Баница Марин Георгакиев и Коста Маџаров биле застрелани, првиот на местото на загинувањето на Гоце Делчев, а другиот на неговиот гроб.Има и други верзии за тоа кој го извршил предавството. Британскиот конзул од Серес, Теодоридес, во извештајот напишал дека на 4 мај во близина на Баница бил уапсен учител врз чиј исказ било блокирано селото. Францускиот конзулски агент, пак, тврди дека предавството го извршил неидентификуван селанец. Тоа го објавил и Пеју Јаворов, близок соработник на Делчев, кој ја дал и втората верзија според која предавството го направил „учител Андреј“. Даме Груев, пак, во своите спомени посочува дека предавникот бил некој благајник. Тврдењето на Ѓорче Петров за можно непосредно учество на Иван Гарванов во тоа останува недокажано. Бугарските историчари загинувањето на Делчев го претставуваат како сплет на несреќни околности
 
Ова е чисто ради бугарите на форумов да знаат зашто не ги сакаме. :)
 
Колку варијанти ќе слушнеме за предавството на Гоце Делчев?

10qfc48.jpg


Значи? Бугари го тастале Гоцета на грков, грков им шепкал на Турците?
 
Тема: БУГАРСКО ПРЕДАВСТВО НА ДЕЛЧЕВ
Испратена: Денес во 12:43

Бреj овоj ZOTE бил много работлив...
И се што? Бугарите го убиа Делчев?

Од месец февруари 1903 г. ВМОК не постои. Правителството на Бугариjа со декрет е ликвидирало ВМОК и е арестувало водачите на врховистите начело со Борис Сарафов.
Гоце Делчев е убиен през месец маj. Пита се: след като Врховниот Македоно-Одрински Комитет (ВМОК) е разпуснат, како може на сметката на една разпусната организациjа да се стоварват такива вини?
А односно Гарванов - тоj нема ништо општо со ВМОК. Да сте чували за организациjата "Револуцоно братство" ?
 
Колку варијанти ќе слушнеме за предавството на Гоце Делчев?

10qfc48.jpg


Значи? Бугари го тастале Гоцета на грков, грков им шепкал на Турците?


Ништо чудно сите да се точни.

Ден денес гледаме како работи таа оска.
 
Еве документ кој ја потврдува таа теорија. Пишано е од другар на Гоце Делчев. Нема што да должам се си пишува во текстот.

2ea97smo9hv1xx34dgrg.gif
 
Версии секакви. Ете какво е писал биографот на Гоце - неговиот голем приjател и другар - поетот Пеjо Jаворов:

...Дали да предположим, както мнозина, че турските власти бјаха влезли в дирите на Гоце било оште от Х-а, било от Х-ските села? Или да вјарваме като нјакои, че тој беше предаден от горнобродинскија учител Андреј, којто по-к'сно предаде оште сума хора из околните села? Или нај-после да се ус'мним, както всички баничани, в един техен с'селјанин, којто има потурчена сестра и којто си живува отлично с турчина зет?

Село Баница
 
Еве документ кој ја потврдува таа теорија. Пишано е од другар на Гоце Делчев. Нема што да должам се си пишува во текстот.

2ea97smo9hv1xx34dgrg.gif

Кој е тој документ? Исечок од некој комунистички весник, кој цитира весник „Македонско знаме“ во кој пишува некојси неидентификуван СТАР ИЛИНДЕНЕЦ, кој раскажува по 30 години што му раскажал некој си Корчо, кој не е Корчо, зошто името е ставено во наводници ....
 
Кој е тој документ? Исечок од некој комунистички весник, кој цитира весник „Македонско знаме“ во кој пишува некојси неидентификуван СТАР ИЛИНДЕНЕЦ, кој раскажува по 30 години што му раскажал некој си Корчо, кој не е Корчо, зошто името е ставено во наводници ....


Бугарски ќе да е весникот ... како тој со Јане, убиен од бугарска рака...
 
Гоце е бил во некаква степен фаталист. Ете историjата на последните му часове согласно кажаното од Димо Хаджидимов:

...На разс'мване на 4 мај заедно с двете чети, с'стојашти се от 14 бојци, Хаджидимов пристига в с. Баница. Гоце Делчев е дош'л по-рано от тјах и ги посрешта. Засмјан и бод'р тој им казва: „Момчета, разиграхме хан'мите с широките шалвари в Солун! Помен нјама от „Банк Империал Отоман”. Така ште раздрусаме из основи таја гнила Турска империја!” [32]
Четниците се настанјават в две с'седни к'шти. [33] В тази, к'дето е отседнал Гоце, остават да ноштуват и двамата војводи, Хаджидимов и оште „две-три момчета”. В тази ношт, последна за апостола, тој разговарја с другарите си д'лго. За какво? Навјарно за подготовката на б'дештото в'стание. И дали бодростта му, породена от взривовете в Солун и на моста на р. Ангиста, поставен лично от него, не се преплита с нјакакво мрачно предчувствие? Лишен от амбицијата на мемоарист и последната си срешта с апостола Хаджидимов оставја без следа. Все пак пред П. К. јаворов по-к'сно тој ште припомни едни от последните думи на Делчев: „Гоце разказваше на другарите си по-раншни свои с'ништа, които с'впадаха с избиването на близки нему хора и думаше: „С нашија живот, как'вто е, станах вече фаталист. Ноштеска с'нувах, че турци ме удариха в с'рцето. штипската чета е разбита в Каринци, Милан, брат ми, е в тази чета и сигурно е убит”... С'нјат пророчествуваше неговија гроб.” [34]

В резултат на предателство оште с'штата вечер многоброен турски аскер, воден от офицера Тефиков [35], обгражда селото. Преди разс'мване обр'ч'т започва да се свива и војниците се насочват к'м двете к'шти, к'дето са отседнали Делчев и другарите му. Изм'квајки се по посока на нивјата, „завлјакал кепето на лјавото рамо, нахлул тоја бјал фес, обвит в синкав шал, метнал пушката на левија лак'т”, Делчев казва на Чаков: „В'рви, какво бог даде!” [36] Като забелјазва аскерите с насочени к'м тјах пушки, тој пр'в изг'рмјава, викајки: „Вјарата ви мр'сна!...” Легнал по корем, преди да изг'рми вторија патрон, Делчев отпуска пушката и подпирајки се едва-едва на р'цете, за да погледне другарите си, пр'снати покрај дувара на к'штата, јзохква: „А-а-х, момчета, раниха ме!” [37] Едва изрек'л тези думи и угасва.

Всичко това става пред очите на Хаджидимов. Залостен зад каменнија зид на една плевнја, през изстрелите на прод'лжителнија бој тој гледа с болка обленија в к'рви апостол на поробеното население в Македонија и Одринско...

В ДНИТЕ НА ИЛИНДЕНСКОТО В'СТАНИЕ

бугарски ке да е весникот...како тој со јане...убиен од бугарска рака

makedonsko_sname.jpg
 
Кој е тој документ? Исечок од некој комунистички весник, кој цитира весник „Македонско знаме“ во кој пишува некојси неидентификуван СТАР ИЛИНДЕНЕЦ, кој раскажува по 30 години што му раскажал некој си Корчо, кој не е Корчо, зошто името е ставено во наводници ....
Е не ќе пишува 3 месеци пред неговата смрт како е убиен, а ?

Па пола ваши документи се такви од некакви стари револуционери, прераскажани спомени, а не напишани во оригинал.

Воопшто не е чудно зошто се буниш веднаш, чудно е што си Бугар, а се претставуваш како Македонец.
 
Гоце е убиен зашто најжестоко се противел на предевремено кревање на Илинденското востание.

Погодете на кого не му одговарало тоа?
 
Тоа е тоа, тоа е правата виситна! :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom