Владата ја убива економијата

Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Ако,ако,само нека растат платите кај буџетарите,белким ќе се скрати агонијата на оваа држава.:zlo:
Абре ако ни ја скратат агонијата, што ке праиме после , кога сме навикнати да живееме во агонија. :raz::raz:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Или мазохист без камшик и газење, не е мазохист :smir:
 

shark

Гледај ме у очи
Член од
27 јуни 2009
Мислења
55
Поени од реакции
1
Што се случува со македонските интелектуалци???Или пак никој не ги есапи?
Разноразни дилетанти се појавуваат и воскреснуваат во македонската дипломатија и власт. Во дипломатија би требало да бидат луѓе со бела коса и многу ум.
Изгледа кај нас ПАМЕТНИТЕ премногу долго молчат.............


...............ДРЖИ СЕ ЗЕМЈО ОПИНОК ТЕ ГАЗИ.............
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Што се случува со македонските интелектуалци???Или пак никој не ги есапи?
Си се релаксираат на Кајгана форумите,иако во последно време и таму им се скратува просторот за “релаксација“.:toe:
 
Член од
2 септември 2008
Мислења
997
Поени од реакции
22
Недостигот од инвестиции ја влошува финансиската сметка

Речиси за 60 отсто се намалени приливите во финансиската сметка, изнесуваат само 72 милиона евра
Соња Маџовска
Александрија Стевковска

Нема позитивни сигнали за заживување на финансискиот пазар во земјава. Намалени се приливите од странство, нема инвестиции, а се' помалку се издаваат и кредити, стои во најновиот извештај на Народна банка на Македонија. За речиси 60 отсто се намалени приливите во капиталната и финансиската сметка во првите три месеци од годинава во однос на истиот период лани. Тие изнесуваат само 72 милиона евра. Од приливите најголемиот дел се инвестиции во капитал, а според НБМ тоа се должи на воздржаноста на инвеститорите.

„Директните инвестиции, во чии рамки доминираат нето-инвестициите во капитал, или 90 отсто, изнесуваат 55,1 милион евра и се пониски за 57,6 проценти на годишна основа, што ја одразува глобалната воздржаност од инвестирање. Притоа, е забележано зголемено вложување во странство од страна на домашните инвеститори, најголем дел се однесува на вложувањата на пензиските фондови, а истовремено продолжува дезинвестирањето од страна на странските инвеститори“, се вели во извештајот на Централната банка.

Во исто време, според извештајот на НБМ, се зголемиле одливите на пари од земјава, што лошо се одразува врз тековната сметка на билансот на плаќања. „Имено, забележани се одливи во износ од 340,8 милиони евра, кои се двојно поголеми во однос на истиот период од претходната година. Главни фактори за таквото продлабочување се значително проширениот негативен трговски јаз, намалените приливи од приватни трансфери, во чии рамки се преполовени приливите врз основа на менувачко работење“, констатира централната банка.

По интервенциите на менувачкиот пазар во првите месеци од годинава, од НБМ сега велат дека состојбите се подобруваат. „Според најновите податоци, откупот на менувачкиот пазар во мај годинава за 58,3 милиони евра е повисок, и на месечна и на годишна основа. На збирна основа, во првите пет месеци од 2009 година, приливите на менувачкиот пазар и натаму бележат годишна стапка на пад од 19,3 отсто“, заклучуваат од НБМ.

Иако стопанството плаче за свеж капитал, банките се' уште се ригидни во одобрувањето средства за бизнис-проекти. Движењата на кредитите и во текот на мај укажуваат на намалување на активноста кај банките, а според проекциите на централната банка тоа и натаму ќе опаѓа. „Во однос на проекцијата за вториот квартал на 2009 година, остварената стапка на кредитен раст во мај е под проектираното ниво за 1,3 процентни поени, што укажува на можно позасилено забавување на кредитната активност во однос на планираното, кредитниот раст на крајот на вториот квартал се оценува дека ќе изнесува 19,8 отсто“, велат анализите на НБМ. Вкупните кредити на банките кај приватниот сектор во мај се намалиле за 497 милиони денари во однос на април. Во рамки на денарските кредити, главен двигател на умереното месечно зголемување претставува порастот на сомнителните и спорни побарувања.

Кредитирањето на домаќинствата и на корпоративниот сектор се одвивале со позабавено темпо, при што поголем дел од кредитите банките ги пласирале кај претпријатијата, или 56,7 отсто.

Кредитите се намалуваат, бидејќи паѓаат и штедните влогови кај банките. Во мај, вкупните депозитен потенцијал на банките забележал намалување на месечна основа од 0,8 отсто, што се должи, главно, на намалување на девизните депозити, при истовремен пад и на денарските депозити. Така, на месечна основа, денарските депозити забележале намалување од 0,6 отсто, додека депозитите во странска валута го прекинаа неколкумесечниот тренд на постојано зголемување и во мај остварија месечен пад од 1 процент.

На годишна основа, споредено мај годинава со мај лани, вкупните депозити кај банките го достигнале најниското ниво на годишен пораст од 2,9 отсто. Денарските депозити продолжиле да паѓаат на годишна основа со засилена динамика, при што во мај во однос на истиот месец од претходната година биле пониски за 10,8 отсто.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=104C02AFC802464D9413619C828782B8

Нешто слично но во по мала степен се случува и во Бугариа
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Дали плукавме во воздух за каматите? Дали ради влада или ради себе (мислам на банките) се качени каматите (ќар, кајмак, сеедно)?
Веста е од обично расположениот за критика на владата-Дневник
Банките се офајдија од напумпаните камати
Од вкупната сума од 74,5 милиони евра, колку што наплатиле банките за камати за првите три месеци годинава, околу 30 милиони евра платиле граѓаните. Односно, секој вработен изминативе три месеци платил просечно по 66 евра камата. Тука не влегува сумата од 12 милиони евра колку што добиле банките првите три месеци годинава од провизии.Граѓаните велат дека веќе не пресметуваат колку пари им плаќаат за камати на банките, туку само се загрижени како да го подмират месечниот долг.

- Ратите на кредитите и на картичките ми се драстично зголемени по покачувањето на каматите и сега се грижам само како да ги платам. Порано пресметував колку ми оди за камати. Сега залудно е да пресметувам бидејќи знам дека не можам да се решам од долговите, па ќе го играм орото додека можам да издржам - вели скопјанката Јулијана Т. вработена во приватна фирма.

Банките лани вкупно наплатиле 335 милиони евра од граѓаните на име камати и провизии. Околу 272 милиона евра банките заработија само од камати, а 62,4 милиона евра од провизии.

Приходите од камати драстично почнаа да растат со скокот на каматните стапки од втората половина на минатата годината. Така во првите три месеци лани банките ќарија 60 милиони евра, за до јуни да ја удвојат добивката од камати на 128 милиони евра. Во третиот квартал банките на свое конто имаа околу 200 милиони евра приходи од камати. Минатата година ја завршија со вкупно 272 милиона евра наплатени камати од граѓаните.
И ова е добра вест
ОД ПОЛНОЌ
Бензините поевтини за 2,5 денари
Бензините од полноќ поевтинија за 2,5 денари/литар, а дизел горивата за еден, односно половина денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на еуросупер-95 е 60,50 денари/литар, еуросупер-98 се продава за 61,50, еуросупер-95 за 62, а еуросупер-98 за 63,50 денари/литар. За еден денар се намалија малопродажните цени на еуродизел (Д-Е ИВ) и на еуродизел (Д-Е В), додека малопродажната цена на екстра лесното за домаќинство (ЕЛ-1) се намали за половина денар/литар. Цената на еуродизел (Д-Е ИВ) ќе изнесува 48,50 денари за литар, на еуродизел (Д-Е В) е 49, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38 денари/литар.
Да додадам, благодарение на убиената економија, сега се зголемува бројот на туристи во грција. Добра криза и сиромаштија, богами...според ова се мислам дека кризата заврши, а така кажаа и од еу :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ајде Lurtz просветли ме,што се случи за овие десет дена додека ме немаше?Читам нова обврзница со 9,8 %,индустриски пад,шушкање за смена на министер и бензините поефтинивуваат.Па ние плаќаме најскап бензин или не:)
Да не имаше некои нови инвестиции од страна на нашиве?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Па не знам тоа, го има ваљда по сите весници. А ова погоре за повеќе од одличната заработка, дивидендите...на овие банкари и нивните банки, ова е нешто ново-нов податок од НБРМ.
Затоа и ме интересира кои спротивни показатели се-од една страна ти што ги спомна, од друга страна кајмак за финансиските институции-банки и штедилници.
Од една страна пад на производство, а од друга страна проекција за потреба од електрика многу повеќе од најразвиените земји. Чудно, но контрадикторно.

Впрочем доколку се толку заглавени луѓето, од каде сите тие силни патувања, целосно продадени аранжмани, голем број патници вон нашата земја? Ако како пример земеме дека за 4-члена фамилија грција со штедење (без да се седнува на скари, пици, пива) се дава околу 1300-1500 евра. Таа сума е повеќе од огромна за нашиот стандард (цени, потрошувачка, плати...).
Дали ти знаеш од каде овие контрадикторности во теоријата и праксата. Ја искрено не знам, ама гледам...сепак се движи. Дали луѓето ноторно лажат за примањата и стандардот или вадат пари од под перница (која и не е толку голема за да издржи вакви давачки).

Па ние плаќаме најскап бензин или не:)
Плаќаме, неквалитетен и скап-тоа го напишав погоре. Но уште еден апсурд-никој е станува од кола-огромни гужви, значи на голем број од населението и не му е скап бензинот.

Знаеш што не ми штима. Сета теорија од книгите, дефинициите...за економија, сето тоа кај нас паѓа во вода-во пракса е сосем спротивно. Дури и Србија и другите земји се намали цена на стан, кај нас е останато иста...многу апсурди во оваа наша мала земја.

А за обврзниците, најдов (некаде, не е битно каде-можете да најдете на сајтот на НБРМ) дека и претходните давале шаком и капом. А побитно е што истите според одлука ќе се исплаќаат од 2007 натаму -потпис од г-динот бивш министер Никола П. Мислам дека ако се провери во архивите на сајтот на НБ, може да се најде дека обврзници, камати...не се измислица на овој министер и влада. Ниту помали суми биле давани, а да не збориме за пробив на фондовите -за здравство, за пензии... дури одење во минусно салдо со истите.

Овој напис е од Време, од 2006 година
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=908&ArticleID=60520
Владата на Бучковски изгубила 20 милиони долари од државни обврзници
Поранешната Влада изгубила 20 милиони долари затоа што јавно обелодени дека со обврзници ќе го откупува долгот кон Парискиот клуб на доверители, обвини вчера поранешниот гувернер Љубе Трпески.
Изземајќи се од одговорност за случајот со Експорт-Импорт банката, за кој тој доби и кривична пријава, Трпески со платен оглас во дневните весници обелоденува дел од активностите кои додека тој биле гувернер ги правеле властите, а кои биле означени како државна тајна. Државата, пишува тој, изведуваше операција за која не смееше да дознае Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
...
...
Вината на Владата на Бучковски, тој ја гледа во тоа што јавно соопштила дека ќе го откупува долгот. Тоа за Трпески е погубно, оти на таков начин скокнала пазарната цена на обврзниците и така Владата долгот го откупила долар за долар. Другата грешка според него е што тогашните власти задоцниле со промената на парите од долари во евра.

“ На таков начин Владата изгуби повеќе од 20 милиони долари. Во тоа е иронијата. Некои структури кои направија загуби ми поднесуваат кривична пријава. Кога правдата ќе излезе на виделина ќе барам од Вас лично да ми ја платите штетата што ми ја нанесувате”, порачува Трпески.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Па не знам тоа, го има ваљда по сите весници. А ова погоре за повеќе од одличната заработка, дивидендите...на овие банкари и нивните банки, ова е нешто ново-нов податок од НБРМ.
Затоа и ме интересира кои спротивни показатели се-од една страна ти што ги спомна, од друга страна кајмак за финансиските институции-банки и штедилници.
Од една страна пад на производство, а од друга страна проекција за потреба од електрика многу повеќе од најразвиените земји. Чудно, но контрадикторно.

Впрочем доколку се толку заглавени луѓето, од каде сите тие силни патувања, целосно продадени аранжмани, голем број патници вон нашата земја? Ако како пример земеме дека за 4-члена фамилија грција со штедење (без да се седнува на скари, пици, пива) се дава околу 1300-1500 евра. Таа сума е повеќе од огромна за нашиот стандард (цени, потрошувачка, плати...).
Дали ти знаеш од каде овие контрадикторности во теоријата и праксата. Ја искрено не знам, ама гледам...сепак се движи. Дали луѓето ноторно лажат за примањата и стандардот или вадат пари од под перница (која и не е толку голема за да издржи вакви давачки).

Плаќаме, неквалитетен и скап-тоа го напишав погоре. Но уште еден апсурд-никој е станува од кола-огромни гужви, значи на голем број од населението и не му е скап бензинот.

Знаеш што не ми штима. Сета теорија од книгите, дефинициите...за економија, сето тоа кај нас паѓа во вода-во пракса е сосем спротивно. Дури и Србија и другите земји се намали цена на стан, кај нас е останато иста...многу апсурди во оваа наша мала земја.

А за обврзниците, најдов (некаде, не е битно каде-можете да најдете на сајтот на НБРМ) дека и претходните давале шаком и капом. А побитно е што истите според одлука ќе се исплаќаат од 2007 натаму -потпис од г-динот бивш министер Никола П. Мислам дека ако се провери во архивите на сајтот на НБ, може да се најде дека обврзници, камати...не се измислица на овој министер и влада. Ниту помали суми биле давани, а да не збориме за пробив на фондовите -за здравство, за пензии... дури одење во минусно салдо со истите.

Овој напис е од Време, од 2006 година
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=908&ArticleID=60520


Високо проектираниот буџет од 1.5 милјарди евра само за плати и придонеси на администрацијата,го овозможува таквиот развој на настаните.Во Грција другарче не одат работници кој со пот ги вадат парите за да преживеат,јас барем не сум чул за такви.Дури не возат ни коли во последно време,зошто за нив и возилата станаа луксуз.Се знае бе кој ја посетува Грција па другите “морски“ дестинации.Ете таму се троши фамозната 1.5 милјарда на Трајко која е барем дупло поголема од онаа на Васил,ама тоа никој не го приметува,нели?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Не знам кој е профилот на граѓани кои идат надолу, али од маало сите скоро фаќаат магла или во грција или нагоре, Црна Гора, Хрватска (а 2-3 лица од нив се само тие од администрација, повеќето се таксисти, занаетчии, приватници (механичари, водоводџии...). Ретко некој да иде Албанија, Охрид, Маврово...и слични поефтини дестинации.
Се на се, тешко е, се осеќа по цените, по давачки за деца...значи постојан притисок врз домашниот буџет. Но според многу погоренапишани причини, мислам дека генерално народот сеуште се држи и сеуште троши ненормално многу.

И не е само одморот, тука е (не знам дали имате возрасни деца) Бицијани и слични продавници каде едно парталче вреди моја пола плата (значи третина или пола просек плата). Но многу од децата слушам и гледам дека купуваат од такви дуќани-не само облека. Тука се и неколкуте примери на лица кои од другите градови доаѓаат и купуваат станови од чиј квадрат цена боли глава. Доколку навистина е загрижувачка состојбата, голем дел од тие бизниси ќе пропадне или ќе спуштат цени на продукти, услуги, недвижнини (како што направија во Србија)...
Премногу сме потрошувачко друштво за да се осети дека нешто не е во ред со платите во однос на давачките.
Зборот ми е-сето ова е апсурд-Велиме дека е тешко, но околу нас постојано се гради (во приватна режија), се купува се и сешто...просек плата е 19.000, а со тие пари ова тешко да може да се оствари. Нели нешто не штима во сето ова меѓу заработено и набавено. Како оној вицот.

А за буџетот, бидете сигурни дека никој ниту намалил, ниту ќе намали било која ставка
Ова е од интервју од бившиот министер г-дин Поповски, за финансиите.
Приказната е иста, други се глумците :), а ова би го очекувал и со било која следна влада, намалување не, само зголемување. И на персонал и на пари во буџет.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=27443
Се добива впечаток дека министрите за финансии се менуваат но буџетската политика останува иста. Омилена реченица на СДСМ пред изборите беше буџетот е полн џебовите на граѓаните празни, сега тоа го вели опозицијата?
Не сум сигурен дека е така. Буџетот во оваа година ќе биде значително помал од минатата за 10%, а тоа во буџетски рамки е многу голема работа.
Меѓутоа намалувањето не е знак на некоја промена во буџетската политика туку тоа е одраз на намалувањето на воениот данок. Ќе се согласите со оценката дека Македонија има преголем буџет?
Ако разговараме објективно немаме голем буџет имаме лошо структуиран буџет. Вкупната јавна потрошувачка во Македонија е 32% од бруто домашниот производ. Буџетот е две третини од вкупната јавна потрошувачка. Но разните закони кои ги превземал буџетот години наназад создаде структура на буџет која е тешко менлива. Моја приоритетна цел е да се смени таа структура, но преку ноќ не се менува.
Во ’98 година како последна година на СДСМ буџетот тежел 746 милиони евра сега тежи милијарда и 86 милиони? Не мислите ли дека кога платите се исти државата зема се повеќе да ги финансира своите потреби?
Да тоа е точно но не за свои потреби. Да кажеме дека во критичните години што содржи буџетот 2004 а што не содржел 98. Заради структурни реформи и прифаќање на ставот дека загубарите не можат вечно да бидат на товар на буџетот ние ги затвораме со ФЕСАЛ или ги продаваме на приватни сопственици.
Сите работници кои ги губат работните места така ние им ги плаќаме пензиските и социјалните издатоци. Второ ’98 и 2004 се разликуваат по 2 вида на обврзници, обврзниците за старото девизно штедење, обврзниците за денационализацијата коштаат неколку милијарди во буџетот. Ние сега од буџетот финансираме плаќање на 4 милијарди обврзници од буџетот.

Но еве за буџетот во 2004 не го правите тоа, најавувате реформи во јавната администрација а за 2004 нивото на платите е пак поголемо за 3 милиони евра од годинешното?
Ако споредите колку е фондот во буџетот тоа е огромна бројка 21 милијарда 3 милиони евра се занемарлива големина. Меѓутоа бројот на вработени порасна поради рамковниот договор, и ние ќе мораме да го намалуваме бројот на вработени за да го задржиме истото ниво на плати.
Имате ли податоци колку од нив треба да го напуштат јавниот сектор?
Имаме точни податоци. Реформата на јавната администрација треба да донесе 4% вработени помалку. А некаде ќе има зголемување на вработените како во АРМ каде ќе се зголеми бројот на 537 дел заради рамковниот договор дел заради офицерите кои влегуваат од академијата и дел заради професионализацијата.
Во МВР ќе имаме 420 нови вработени. Но морам да нагласам дека процесот на рамковниот договор е исклучително тежок. Со оглед на тоа дека се одвива во армијата, имаме гаснење и раѓање на некои нови органи, ние сега ја стандардизираме нашата администрација со европската унија.
На пример таа бара независна регулаторна комисија за енергетика, ние моравме да ја креираме и распределивме вработени внатре за да нема нови вработувања. Меѓутоа претседателот и други функции мора да ги креирате и вакви примери се многу.
И секако, бројките за ГДП се секогаш точни оному кој ги формира :)

Од истото интервју
Имаме раст од 3% на бруто домашниот производ. Тој за Македонија е мал. Мојата економска политика ќе се базира на следново. Трите посто оваа година се претрчување. Имавме 2001 -4%, 2002 0,5%, сега имаме 3% што значи обновување на стопанството, а 2004 ќе имаме 4% раст кој може математички да се докаже.
Во 2005 планираме да имаме стапка од 5% која е задоволителна и минимум потребна, и од 2005 натаму да ја одржуваме стапката од 5% нагоре.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Прмногу негативни вести. Еве и една позитивна (Зрак на надеж). Можеби ќе ја избегнеме девалвацијата. Или ова подобрување кај девизните резерви ќе биде краткотрајно?

-Сепак, во јуни дојде до промена на движењата на девизниот пазар, при што НБРМ започна со нето-откуп на девизи (така што во периодот 01-24.06 2009 година девизните резерви забележаа месечен пораст од 41,8 милиони евра). Иако ваквите движења даваат позитивен сигнал за постепено стабилизирање на очекувањата и позитивни поместувања во надворешниот сектор, сепак с¢ уште е рано да се оцени дали станува збор за промена во трендовите или пак за краткорочни промени. Во рамки на банкарскиот сектор, трендот на забавување на динамиката на годишниот раст на вкупните депозити продолжи и во мај, кога беше остварена годишна стапка на пораст на вкупните депозити кај банките (со депозитни пари) од 2,9% (наспроти 6,3% во претходниот месец). Во мај, кредитирањето од страна на банкарскиот сектор на годишна основа е повисоко за 18,5% (21,4% во април), при поинтензивно забавување на годишната стапка на раст кај кредитите на домаќинствата.
http://www.nbrm.gov.mk/default-MK.asp?ItemID=756D251A0717DE49AAC415D36A3FAE83
 

shark

Гледај ме у очи
Член од
27 јуни 2009
Мислења
55
Поени од реакции
1
***********Е У Р Е К А ************
****ЗАРАБОТУВАМ 300 ТРОШАМ 800 ********
КАДЕ?******* М А К Е Д О Н И Ј А *************
КАКО? Се лажам себеси, се крадам себеси, си ја лажам, и си ја крадам МАКЕДОНИЈА.
Мноооогу сме богати.............
КОЛКУ? М Н О Г У.........во ОХРИД велат ЕПТЕН МНОГУ
ДО КОГА? СЕ ДОДЕКА ИМА ВЛАСТ И ИМА ДРЖАВА...........И ИМА МАКЕДОНЦИ............
А ПОСЛЕ? УФ, ОХ, ЕХ, Е ПА ШТО МИ Е ГАЈЛЕ ЗА ПОСЛЕ И ПОТОА.............
--------------------------------------------------------------------------------------
Мислам дека вакво нешто се случува кај нас.Многу бедно и трагично. Тешко идните генерации.Ќе се изкрчми се што е наследено и украдено,а тоа сеуште трае, е после тоа .............????????????
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Дали вие чувствувате во каква благосостојба живеете? Животните трошоци се намалени, јеах. и после вие погоре ќе кажете не чинела економијата, хм :smir:

Трошоците за живот во јуни пониски за 1,7 отсто
Тршоците за живот мерени преку цените на стоките и услугите за лична потрошувачка во јуни во споредба со претходниот месец бележат намалување од 1,7 отсто, покажаа податоците на Државниот завод за статистика. Според намената на потрошувачката, во јуни во однос на претходниот месец, намалување е забележано кај храната и безалкохолните пијалаци за 4,4 отсто и рекреација и култура за 0,8 отсто. Пораст на индексите на трошоците за животот е забележан кај сообраќајот за 1,8 отсто, мебелот, покуќнината, одржувањето покуќнина, ресторани и хотели и останати стоки и услуги за 0,2 отсто, алкохолните пијалаци и тутун, облека и обувки и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 отсто.
Нема промена на цените од претходниот месец кај групите Здравје, Комуникации и Образование.
Секако од Вечер.

И извор Државен завод за статистика
Намалувањето на трошоците на животот, според класификацијата COICOP, во јуни 2009, во споредба со мај 2009, изнесува 1.7%

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јуни 2009, во однос на мај 2009, изнесува 98.3, а во однос на јуни 2008, исто така, изнесува 98.3.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во јуни 2009, во однос на претходниот месец, намалување на индексите е забележано во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 4.4% и Рекреација и култура за 0.8%. Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан во следните групи: Сообраќај за 1.8%, Мебел, покуќнина, одржување на покуќнина, Ресторани и хотели и Останати стоки и услуги за 0.2%, Алкохолни пијалаци и тутун, Облека и обувки и Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.1%.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Здравје, Комуникации и Образование.
Верувајте :)

Инаку еден од начините на самоубиство на економијата е и овој

Скопски патници летаат од Приштина
Многу македонски патници го избираат аеродромот во Приштина поради слабите авиоврски од Скопје кон европските метрополи
Екипата на „Дневник“ патуваше до Косово за да дознае на што се должи успешното работење на аеродромот, кој според последните податоци што ги објави менаџментот, само во првите шест месеци од годинава има профит од 3,5 милиони евра. Тоа е за осум отсто повеќе од истиот период лани. Бројот на летови годинава се зголемил за 17 отсто, односно до јуни имало 2.454 летови. Се зголемува и бројот на патници. Лани во првата половина од годината имало над 500.000 патници, а годинава тој број е зголемен за четири отсто.

За разлика од таму, на скопскиот аеродром „Александар Велики“ истиот ден забележавме едвај неколку десетици патници, без редови за чекирање на картите, без најавени пристигања, а единствени што правеа мал метеж пред аеродромската хала беа дивите таксисти кои едвај чекаат да „ошурат“ некој странец. Дивите таксисти се единственото заедничко нешто меѓу двата аеродроми.

Според директорот на државната компанија „Аеродроми на Македонија“, Орхан Рамадани, во првите шест месеци од годинава, бројот на патници е намален за над 10 отсто, а приходите се пониски за околу четири отсто, споредено со истиот период лани.

Иако не сакаше јавно да ги презентира сите нови статистички податоци за работењето на македонските аеродроми во првите шест месеци годинава, Рамадани тврди дека лани до јуни аеродромите имале околу 310.000 патници, а сега бележат помалку од 270.000 патници.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Дали вие чувствувате во каква благосостојба живеете? Животните трошоци се намалени, јеах. и после вие погоре ќе кажете не чинела економијата, хм :smir:


Секако од Вечер.

И извор Државен завод за статистика

Верувајте :)

Инаку еден од начините на самоубиство на економијата е и овој
Секако,Македонија е единствената земја во Европа па можеби и во светот,која нема редовна 24 часовна автобуска линија од главниот аеродром до главниот град,таксистите те чекаат “на пусија“ како да си отишол во Мозанбик или во Кенијана на сафари кога ќе допатуваш на аеродром.Само што ова не сака да го види заводот за статистика и да го презентира во своите извештаи.:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom