Владата ја убива економијата

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
СИМЕОН ЏАНКОВ, ГЛАВЕН ЕКОНОМИСТ ВО СВЕТСКАТА БАНКА
Кризата во регионот ќе кулминира наесен

Основна антикризна стратегија е да не се дозволи да расте невработеноста, а тоа може да се постигне со изградба на големи инфраструктурни проекти за доработка и реконструкција на јавни објекти

Кризата силно ја погоди источна Европа, но регионот побрзо ќе се дочека на нозе од развиената Европа бидејќи го има најдобриот адут за сега заспаните инвеститори - евтина работна сила.
Ова го вели Симеон Џанков, главен економист на Светската банка, кој е во обиколка на земјите од регионов. Тој, сепак, предупредува дека, додека инвеститорите го раздвижат капиталот, кризата ќе кулминира наесен и ќе удри врз вработеноста.

-Источна Европа е најпогодена од кризата. Сега најмногу гори во Романија. Земјата неодамна склучи договор со Меѓународниот монетарен фонд, а во тек се преговори со Светската банка. Унгарија беше прва и најмногу зафатена од кризата, но откако потпиша аранжмани со ММФ и Светската банка почна да закрепнува. Всушност, целиот регион е длабоко зафатен од кризата. Постојат неколку причини зошто е така. Првата е тоа што сите земји во регионов се многу извозно зависни од Европската Унија. А меѓународната размена драстично паѓа. На пример, во јануари во средна и во југоисточна Европа извозот падна за околу 30 отсто. На глобално ниво тој се намали за 28 отсто. Дел држави од регионот не ги сумирале се' уште резултатите за февруари и за март годинава.
Но кај тие што го сторија тоа, како Романија, Чешка, Полска, билансите од овие два месеца се полоши од јануарските. Тие покажуваат пад на тргувањето од околу 40 отсто. И во Бугарија ситуацијата е лоша, извозот се намали за околу 32 отсто. Секаде во регионот извозот паѓа во обем и во валутна вредност. Втората причина зошто кризата длабоко навлезе во регионот е тоа што во последните пет години тој зависеше од странски инвестиции. Тие исто така почнаа да паѓаат многу брзо, иако не со толкаво темпо како меѓународната трговија. Трет фактор е намалувањето на цените на недвижностите. Кога ќе се спојат сите овие фактори, разбирливо е зошто регионалните економии сега се во тешка состојба. Некои држави, како на пример Унгарија, побрзо влегоа во кризата бидејќи имаа макроекономски проблеми, голем дефицит. Бугарија, Македонија и Турција засега немаат таков проблем. Тоа спречи кризата да ги зафати брзо.

*Но сега кај нас почнуваат да се јавуваат и такви проблеми. Дали тоа значи дека кризата е во својот врв и кога очекувате таа да заврши?

- Проблемите ќе се продлабочуваат. Оценето според падот на инвестициите и на извозот, може само да се прогнозира дека кризата во регионот ќе кулминира кон крајот на есента и во почетокот на зимата. Губењето на работните места и падот на трговската размена тогаш ќе го имаат својот шпиц. Невработеноста веќе почна да расте. Се' уште е рано да се каже кога светот или регионов ќе излезат од неа. На тоа ќе влијаат политиките што ги преземаат владите во регионот, но и состојбите на светско ниво. Глобалното решение најмногу зависи од Соединетите Американски Држави. Претседателот Барак Обама презеде големи и итни реформи. Некои од нив веќе дадоа добар резултат во американската економија. Иако бавно, но сепак некои економските индикатори почнаа да растат.
Во септември ќе биде извесно дали антикризната програма е успешна или се потребни дополнителни мерки. САД се клучниот фактор бидејќи единствено Федералните резерви имаат толкава финансиска моќ да печатат доволно пари и да ги пуштат во оптек преку банкарскиот систем во обем што ќе претставува глобално решение. Освен тоа, доларот е една од доминантните светски валути со која се тргува низ светот и која ја има моќта глобално да ја подигне трговијата и инвестициите. Вкупно е планирано да се отпечатат 3 билиони долари. Ќе видиме дали тоа ќе даде ефект. Европската централна банка е се' уште во дилема дали да почне да печати евра. Во ЕУ се' уште не можат да се договорат за ова прашање. Затоа, ако има глобално решение за кризата, тоа ќе дојде од САД, а не Европа.

* Колку очекувате да се зголеми безработицата?

- Таа веќе расте и кај поразвиените земји. Невработеноста во САД во август 2008 година беше околу 5 отсто, а сега е 8,6 отсто. Во западна Европа неколку држави имаат невработеност над 10 отсто. Таму таа е во пораст од октомври. Во регионов невработеноста се зголемува побавно. Вработеноста паѓа во Романија и Бугарија, а претпоставувам ќе се намалува и во Македонија. Извесно е дека невработеноста ќе расте бидејќи на глобално ниво ќе се намалуваат трговската размена и инвестициите. Тоа ќе се рефлектира на пазарот на работната сила. Западноевропските држави за годинава проектираа раст на невработеноста и до 12 отсто, стапка двојно повисока од лани. Некои држави како Македонија, Бугарија, Словачка и Словенија поради добрите макроекономска и фискална политика се' уште драстично не го почувствувале овој проблем. Државите што брзо влегоа во кризата имаа големи буџетски дефицити. Затоа, кога удри кризата владите на тие држави немаа можност веднаш да реагираат. Нискиот дефицит на земјите во регионов им дава време и простор да реагираат. Сепак, немаат премногу време.


* Каква антикризна програма за спас на вработеноста и' препорачувате на македонската Влада?

- Фискалната политика во вашата земја остава простор за неколку мерки. Целта на мојата посета и на останатите делегации од Светската банка беше на вашата Владата да и' пренесеме искуства од неколку држави. Применлива би била програмата за спречување на порастот на невработеноста, со која брзо се ангажира поголема работна сила. Такви се инфраструктурните проекти за доработка и реконструкција на јавни објекти. Овие градежни зафати можат веднаш да се спроведуваат и на тој начин би се пресретнале ефектите од кризата. На овој начин се ангажира градежниот сектор, кој секогаш активира многу работна сила. За поголемите инфраструктурни проекти како изградба на патишта, е потребно поголемо време, какво што сега кризата не ни дозволува. Бидејќи кризата во земјата засега е влезена само во реалниот сектор, приоритетно е да се мисли како да се зачуваат работните места во стопанството. Друг проект за спречување на порастот на невработеноста е владите да го субвенционираат задржувањето на работните места.
Такви програми се спроведуваат во Германија, Бугарија и Чешка. На пример, државата презема на себе половина од трошокот што работодавецот го има за вработениот. За сметка на тоа, владата предлага програма за доквалификација на работниците. Во Бугарија, од пред еден месец се применуваат вакви програми кај секторите што се извозно ориентирани. Фирмите можат и да ги намалат платите, но генерално треба да се трудат да не ги отпуштат работниците. Битно е на вработените да им тече работниот стаж. Тоа се двете основни начела за дејствување против кризата. Трет начин е даночна реформа во делот на персоналните давачки. Но, бидејќи Македонија во последните неколку години ги намалуваше даночните оптоварувања, не веруваме дека има дополнителен простор за таква мерка. Затоа на Владата и' ги предложивме претходните две.

* Имаше прогнози дека кризата во регионот ќе трае подолго затоа што е извозно ориентиран и зависен од странски капитал?

- Не се согласувам со тие прогнози. Проблемот во светот не е во недостигот на капитал. Банките имаат доволно капитал, но не го користат бидејќи исчекуваат дали ќе има други удари на кризата. Но тој капитал е во толкав обем што не може да стои неискористен подолг период бидејќи ќе почне да губи од својата вредност. По извесен период тој ќе мора да се движи, а ќе се движи кон државите што имаат поевтина работна рака и услови за раст на производството и продуктивноста. Капиталот сигурно нема да почне да се движи годинава. Но кога ќе почне, тоа ќе им биде во полза на државите како Македонија, Бугарија и Србија бидејќи ги имаат овие услови. Пред кризата, на светската економија и' одеше добро. Некои стопански гранки, како на пример хемиската, стакларската, текстилната и металургијата уште се развиени во Германија, Италија и воопшто во Западна Европа. И пред глобалната криза, тоа производство беше скапо.
Но кога економијата е во подем, на државите им се исплатливи и високотрошковните гранки бидејќи има побарувачка. Откако влезе во рецесија, во Европа почнаа да се затвораат тие фабрики. Кога побарувачката пак ќе почне да расте тогаш ќе има можност Македонија и земјите од регионот да ги привлечат инвеститорите кај себе. Бидејќи земјите од регионот се привлечни за овој тип инвестиции, верувам дека кризата подолгорочно ќе им помогне. Убеден сум дека источна Европа побрзо ќе излезе од кризата отколку западна Европа бидејќи таму има структурни проблеми кои не можат брзо да се сменат. Од друга страна, дел од источна Европа и Македонија има добра бизнис-клима, која со помош на Светската банка дополнително се подобрува. Со реформи има шанси не само да се врати на положбата пред кризата, ами и да се развие многу повеќе. Индустриите, за кои верувам дека ќе се преселат од западна Европа во регионот, во принцип ангажираат многу работна сила, па затоа му се потребни на регионот.

* Каква помош им нуди Светската банка на земјите од регионот за справување со кризата?

- Развиваме среднорочни проекти што побрзо се финансираат и реализираат. Таква програма е социјалната програма за доквалификација и брзите инфраструктурни проекти за кои зборував. За државите што влегоа побрзо во кризата развиваме и нудиме дополнителни проекти. Светската банка смета дека основна антикризна стратегија е не се дозволи да расте невработеноста.


* Македонските банки успешно го пребродија почетокот на кризата. Сметате ли дека сепак може да западнат во криза бидејќи ја намалуваат кредитната и депозитната база?

- Нема таква опасност, банките се стабилни. Па дури и да има мал пад на ликвидноста тоа нема да им ја наруши стабилноста. Македонскиот, исто како и бугарскиот банкарски систем, поради конзервативноста има акумулирано доволно ликвидност за да се справи со кризата уште извесно време. Единствениот начин тој да се дестабилизира е ако почне да паѓаат реалниот сектор, јавната и приватната потрошувачка и ако расне невработеноста. Затоа, клучно за националните економии е сега да не дозволат пораст на невработеноста. Реално е брзо да се развие таква програма во Македонија. Ако се избегне пораст на невработеноста, банкарскиот систем нема да влезе во криза.
Барајте партнери во подалечни пазари
* Дали Владата треба финансиски да ги помогне извозно ориентираните гранки, кои клучни за Македонија?

- Глобалната криза ја намали побарувачката во неколку индустрии, меѓу кои и металургијата, бидејќи падна побарувачката во автомобилската и во машинската индустрија. Најголем пад има кај автомобилската индустрија, која споредено со 2007 година, лани падна за две третини. Поради ова се преполови и побарувачката за стакло, гума и метал. Од таа гледна точка дури државата и да ги субвенционира овие гранки тие пак нема да обезбедат побарувачка на глобалниот пазар.

Кај текстилната индустрија е поинаку. Таа прво се намали во источна Азија. Веднаш потоа тамошните текстилни индустрии се приспособија на условите и почнаа да произведуваат поевтин текстил бидејќи тој се бара и кога има криза. Ист е случајот и со чевларската индустрија. Овие сектори во услови на криза не само што не се намалуваат, туку можат и да расте. Исто и фармацијата. Тие создаваат артикли на кои луѓето не можат да штедат. Текстилната индустрија треба да се преориентираа кон поевтино производство. Исто така, треба да се бараат партнери на Блискиот Исток, кај арапските држави и во Латинска Америка. Таму побарувачката се' уште е голема.


извор
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
И еве го едиторијалот на денешен Дневник


Чиј ремен ќе се стега?

Владата доцни со најавениот мајскиребаланс на буџетот, што можеби е и знак дека таа сериозно се подготвува за сериозниот предизвик. Како мајски бумбар што од страв од студ ќе се појави среде лето. Поминаа барем шест месеци од почетокот на глобалната финансиска криза и првите негативни последици врз македонската економија. Во целиот тој период владата ги игнорираше сите предупредувања и совети од странските и домашни експерти дека постои опасност за нарушување на макроекономската стабилност и си тераше своја политика на прекумерно и непотребно трошење. Лопатите остваруваа.

Така, откако стотици милиони евра се одлеаја од девизните резерви за заштита на курсот на денарот, откако само за првите два месеца набилдавме трговски дефицит од над 400 милиони долари, откако повеќе од двојно се намали извозот, откако дупката во платниот биланс се зголеми на над 700 милиони евра, откако за повеќе од 2 отсто се зголемија каматите на сите можни кредити што ги нудат банките, откако дваесетина илјади луѓе останаа без работа поради кризата, откако се одложија речиси сите странски инвестиции во земјава, откако неколку месеци константно и енормно се намалуваат приходите во буџетот, откако Владата сред изборна кампања се задолжи стотина милиони евра кај комерцијалните банки по висока камата од околу 9 отсто, економските министри во Владата „забележаа“ дека нешто не е во ред и решија да го стегнат ременот.

Сериозен проблем е тоа што Владата, пред да завршат изборите, пропагираше фискална политика спротивна на даночната политика на Народната банка. Кога НБМ се трудеше да ја зачува макроекономската стабилност зголемувајќи ги каматите на благајничките записи, министрите критикуваа велејќи дека тие треба да се намалат за да се поттикне потрошувачката. Но, во практика, токму Владата ги зголеми каматите на кредитите откако се задолжи околу 100 милиони евра во државни обврзници со камата од 8 до речиси 10 отсто. Пари што треба да ги вратат граѓаните преку данокот што го плаќаат. Реагирајќи на ова, НБМ ги зголеми каматите на записите, по што и комерцијалните банки го следеа примерот. Со само еден потег Владата, покрај тоа што се задолжи, ги зголеми и долговите на граѓаните и на компаниите, кои се во минус на кредитните картички и кои имаат кредит во некоја од банките.

И покрај најавата за мајскиот ребаланс на буџетот, вицепремиерот Зоран Ставрески не кажа каде точно ќе се кратат трошоците. Единствено е сигурно дека нема да се намалат платите на огромната јавна администрација и ќе нема намалување на пензиите. Овие две ставки од буџетот Владата два пати ги зголеми во последните две години, а се очекува тоа да го стори уште еднаш. На крајот, неизбежно ќе биде Македонија „дебело“ да се задолжи кај Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, чија контрола на финансиите ќе стави некаков ред во трошењето на државните пари. Општ впечаток е дека не само што Владата неподготвено ја дочека кризата туку ја игнорираше и придонесе за нејзиното продлабочување. Да се надеваме дека не е предоцна. И да видиме чиј ремен ќе се стега - нејзиниот или тој на се' посиромашните граѓани.
Горан Ризаов


линк
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Гледам пишува и Турците се зафатиле со ММФ, ваљда и тие имаат заглавено. Можи треба малку малтер да се стави на дупките, штом во вакви услови другите се нафаќаат. Ама нели ако склучат аранжман, зависно од договореното, но во повеќето случаи треба да намалат јавна потрошувачка. Можда затоа не им одговара.

Можеби не сме сите економски писмени (нешто погоре што споменаа, некоја страна наназад) и не знаеме многу работи, но едно знаеме-колкава е просечна плата и како се живее просечно.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кај се запалените глави од ВМРО да кажат дкеа немаме гајле или дека ни цути економијата?
Купете си карта за во еден правец додека е време или изберете ме за министер за финансии:)
 
Член од
12 април 2009
Мислења
41
Поени од реакции
2
Владата не да ја уби ја избриша економијата од Македонија. Со Свидмилк владиниот проект на улица останаа многу луѓе, а згора на тоа сега воведува и нови даноци, а троши пари на безвредни споменици во изработка од некои нивни активисти колку да си земат пари. Незнам до каде ќе се стигне ако вака се продолжи.
 
Член од
18 февруари 2009
Мислења
86
Поени од реакции
0
KATASTROFA.....primer vo Bt ..nekade vo Septemvri minatata godina baravme dukan vo stara carsija,za otvoranje na biznis ...nemase nitu eden sloboden ,,,sega...eden kup prazni ?? zatvoreni,propadnati biznisi...ama vladate ne e kriva??? recesija e jebi ga...majkata ni ja ebaa ...ne znam do koga ke trpi ovoj narod...
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Кај се запалените глави од ВМРО да кажат дкеа немаме гајле или дека ни цути економијата?
Купете си карта за во еден правец додека е време или изберете ме за министер за финансии:)
Pa go znaes ona so izborot na ubavica???? posle site psujat od kade takvi strklji se izbrani, koga tolku ubavi devojki setaat okolu???? problemot e sto tie vistinski ubavite...NE SE PRIJAVILE..:).................toa ti e sindromot na site vistinski intelektualci...konformistti se... :)

KATASTROFA.....primer vo Bt ..nekade vo Septemvri minatata godina baravme dukan vo stara carsija,za otvoranje na biznis ...nemase nitu eden sloboden ,,,sega...eden kup prazni ?? zatvoreni,propadnati biznisi...ama vladate ne e kriva??? recesija e jebi ga...majkata ni ja ebaa ...ne znam do koga ke trpi ovoj narod...
uste malku, den dva..dodeka ne se izvlecat na povrsina pravite luge za vreme na kriza...:) nie sekogas pocnuvame vistinski da funkcionirame..koga site drugi veke mislat deka sme mrtvi...
 

Alo 192

имам симпатија
Член од
7 октомври 2008
Мислења
353
Поени од реакции
11
Алоо бе ,па Вмро го гласавте и победи убедливо и на предвремените и на локалните и на претседателските избори.Што плачете сеа ?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Алоо бе ,па Вмро го гласавте и победи убедливо и на предвремените и на локалните и на претседателските избори.Што плачете сеа ?
Ало бе ова е подфорум економија,а не политика.Ако беа апашите од сдсм до сега,немаше ни е од економија да остане.
Затоа зборувај за економија,а не за политика:smir:
 

Alo 192

имам симпатија
Член од
7 октомври 2008
Мислења
353
Поени од реакции
11
Ало бе ова е подфорум економија,а не политика.Ако беа апашите од сдсм до сега,немаше ни е од економија да остане.
Затоа зборувај за економија,а не за политика:smir:
Знам де дека ова е подфорум економија,не ми беше намерата да мешам политика. Поентата ми е како оваа Влада води катастрофална економска политика,која ја води државата у пропаст,а од друга страна ги добива изборите со многу голема разлика. Дали тоа значи дека имаме неписмено население со кое лесно се манипулира ? А за апашите од Сдсм немора да ми објаснуваш,у Куманово живеам. Од најиндустриски град во цела бивша Југославија,они го доведоа до просјачки стап.Град во кој имаше 15 - 20 фабрики,сеа работи само 1.:back:
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
спремете се, 1 евро од мај ќе биде околу 78 денари.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Знам де дека ова е подфорум економија,не ми беше намерата да мешам политика. Поентата ми е како оваа Влада води катастрофална економска политика,која ја води државата у пропаст,а од друга страна ги добива изборите со многу голема разлика. Дали тоа значи дека имаме неписмено население со кое лесно се манипулира ? А за апашите од Сдсм немора да ми објаснуваш,у Куманово живеам. Од најиндустриски град во цела бивша Југославија,они го доведоа до просјачки стап.Град во кој имаше 15 - 20 фабрики,сеа работи само 1.:back:
Да.Или е неписмено или поим нема од економија.Добро е што ви оставиле една фабрика,оди во Велес нема ни една:)
Патем,што се случи со советникот од Германија што го донесоа на почетокот?Каде исчезна тој човек,еден од најценетите економски експерти е.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Да.Или е неписмено или поим нема од економија.Добро е што ви оставиле една фабрика,оди во Велес нема ни една:)
Патем,што се случи со советникот од Германија што го донесоа на почетокот?Каде исчезна тој човек,еден од најценетите економски експерти е.
Грешка си во велес има дури две фабрики Брако и Ќиро Чучук. А и мотелот работи.:helou:
А има и едно пола град невработен.
А експертот избега бидејќи никој не го слушаше.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Да.Или е неписмено или поим нема од економија.Добро е што ви оставиле една фабрика,оди во Велес нема ни една:)
Патем,што се случи со советникот од Германија што го донесоа на почетокот?Каде исчезна тој човек,еден од најценетите економски експерти е.
Ни едното ни другото.......ги чекаат преостанатите проценти од најавените покачувања на платите во администрацијата и пензиите:toe:


Кај смее да има во тимот некој подобар од трајко:kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom