Владата ја убива економијата

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Владата поопасна од кризата
Притисната од намалениот прилив од даноци, Владата трескавично издава скапи државни обврзници со кои ќе ја презадолжи државата, предупредуваат експертите

Навреме го поставија споменикот: „Питачот“ на улица Македонија во Скопје
Со емисии на скапите државни обврзници Владата екстремно ќе ја задолжи државата, е коментарот на економистите по вчерашната аукција на едномесечни записи. Министерството за финансии со неа прибра околу 34 милиони евра, што по 28 дена ќе ги враќа по висока цена, со 8,25 отсто каматна стапка. Откако меѓународната криза почна да го кастри македонскиот буџет, Владата трескавично почна да емитува записи со кои се задолжува кај стопанството. Од почетокот на годината досега Владата позајми од стопанството и од граѓаните околу 150 милиони евра, за што од буџетот до средината на годината ќе плати камата околу 12 милиони евра. Според Берт ван Селм, претставник на Меѓународниот монетарен фонд, не е вообичаено буџетскиот дефицит да се покрива со најкраткорочни државни записи по толку висока цена.

Со вчерашната емисија на државни хартии од вредност, Владата побара рекорден заем со ваков начин на задолжување во висина од околу 40 милиони евра.Успеа да прибере 34 милиони. Премиерот Никола Груевски завчера рече дека финансирањето на буџетскиот дефицит со издавање државни обврзници е легитимна и вообичаена практика на државите, а во Македонија ја почнал претходниот министер за финансии, Никола Поповски. Според Груевски, тој тоа го сторил по совет на ММФ. Сепак, државата пред три недели првпат издаде државни записи со рок на враќање од 28 дена и со фиксна каматна стапка. Во претставништвото на Меѓународниот монетарен фонд вчера не одрекоа дека станува збор за легитимен финансиски инструмент што владите го користат за да го покријат кусокот во буџетската каса. Сепак, според нив, новите две емисии на државни записи се невообичаени според неколку нешта.

- Издавањето на трезорски записи по пазарно утврдени каматни стапки е нормален начин на финансирање на буџетските дефицити. Сепак, периодот на достасувањето на таквите записи вообичаено е подолг од 28 дена. Разликата во каматната стапка на 28-дневната аукција на трезорски записи од минатата недела (8,9 отсто) и на речиси идентичните благајнички записи на НБМ (7 отсто) е изненадувачки висока - оценува Берт ван Селм.Никола Поповски, бивш министер за финансии, се согласува дека државите ги користат државните обврзници како инструмент на фискалната политика.

- Но тоа не значи дека Владата сега треба да ги користи нив како единствен и редовен извор за покривање на буџетскиот дефицит. Иако служат за оваа намена, државните обврзници во суштина се резервен инструмент за финансирање на кусокот во државната каса - вели Поповски.Откако Владата почна зачестено да емитува државни записи, експертите алармираа дека таа тоа го прави затоа што глобалната економска криза ги преполови даночните приливи во македонската државна каса. Иако Трајко Славески, министер за финансии, тврди дека даночните приливи во јануари и во февруари се скусиле за околу 3 отсто, експертите проценуваат дека станува збор за пад од околу 15 отсто. Според нив, Славески намерно ги споредува годинашниве резултати со ланските, а не со проектираните за 2009 година, затоа што сака да ја прикрие вистината колку глобалната криза удри по нашето стопанство, а колку Владата не сака да ја прифати вистината.

- Во првите два месеца во 2009 година приходите беа на околу 2 процента пониско ниво во споредба со 2008 година. Според буџетските проекции за 2009 година, приходите се очекуваат на околу 14 проценти повисоко ниво во однос на 2008 година. Оттаму, годинава може да се очекува висок фискален недостиг. Буџетот за 2009 година би требало што поскоро да се ревидира и да се затегне - повикува ван Селм.Од Владата засега нема најави ниту за ребаланс на буџетот, а ниту за кастрење на трошоците. Откако кризата почна да ги кастри буџетските приходи, Владата забрзано емитуваше државни записи. Таа во декември имаше четири емисии на државни записи. Лани во просек пушташе по две емисии на тримесечни обврзници во кои бараше многу помалку пари и со пониски каматни стапки, кои се движеа од 5 до 6 отсто. Во јануари продолжи трескавичната емисија на државни записи. Растеа и сумите што Владата ги позајмуваше од фирмите и банките, но и каматните стапки.

Банкарите сега напнато го следат растот на каматите на обврзниците, стравувајќи дека ако потрае тој ќе ги принуди да ги поскапат кредитите. Поскапувајќи ги обврзниците, државата ќе ги одврати фирмите да штедат во банките. Народната банка на Македонија, пак, засега губи во трката со Владата во тоа колку пари ќе прибере од банките. Бидејќи Владата нуди повисоки каматни стапки на заемите, банките почнуваат да губат интерес за благајничките записи на НБМ.



извор




Убиство на економијата

Попусто стопанството бара достапни банкарски кредити за да го одржи производството во ова време на глобална криза кога Владата има друга задача. Мора да ја пополни буџетската дупка и да обезбеди пари за плати и за пензии за гласачите. Владата со продажба на државни хартии од вредност за две недели исцица околу 80 милиони евра од банките, а и од граѓаните, ветувајќи високи камати на краток рок. Аукцијата на записи со камати што се поголеми од тие што банките ги нудат за вложените пари е јасен сигнал дека паѓаат буџетските приходи, а расте дефицитот во државната каса.

Сумата од 80 милиони евра е неверојатно голема во услови кога се' потешко се доаѓа до капитал за инвестиции, а се' поизвесно е дека индустријата и извозот и натаму ќе паѓаат како последица од светската рецесија.Последицата од застојот во стопанството е јасна. Ќе се затвораат фабрики, ќе се произведуваат нови невработени, во продавниците ќе има се' помалку купувачи, а зелените пазари ќе бидат празни. Приливите во буџетот од даноци и царини ќе се намалуваат, па продажба на државни записи ќе имаме се' почесто. Со продажба на една емисија записи ќе се враќаат влоговите и каматите од претходната.Се ѕида една аукција врз друга, исто како пирамидите во Египет или пирамидата на ТАТ во Битола.

Владата, откако стана најголема фирма во земјава со најмногу вработени, сега се стреми да биде поконкурентна и од Народната банка и од комерцијалните банки. Во време што е ризично за инвестирање, таа нуди државни записи со примамливи камати што ветуваат брза добивка. Со емитувањето едномесечни државни записи со камати повисоки од 8 отсто, државата директно и' конкурира на Народната банка, која пак продава благајнички записи со камати од 7 отсто. Тоа што НБМ ја користи каматната стапка за одржување на макроекономската стабилност, многу не го засега Министерството за финансии.Со ова, Владата го погази својот став дека НБМ треба да ја намали основната каматна стапка за да се стимулираат стопанството и потрошувачката. Од друга страна, се заканува опасност од финансиски колапс, ако комерцијалните банки ги пласираат сите свои слободни пари само во државни записи.

Најлошото не е во тоа што стопанството и граѓаните некое време ќе останат без пристап до кредити. Слатката добивка од атрактивните камати еден ден ќе се урне како кула од карти ако Владата мора постојано да се задолжува за да ги врати парите. Тогаш ни девалвација нема да не' спаси.Лошото допрва доаѓа. Поради кризата фирмите уште повеќе ќе осиромашуваат, невработеноста ќе расте, извозот ќе паѓа. Високите камати на државните обврзници ќе ги поскапат кредитите за граѓаните и за стопанството.Авантурата со државните записи мора да запре, бидејќи без пари од банките - барем за тековни трошоци, ќе ја убиеме економијата.
Марјан Блажевски


извор
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Според моето најскромно мислење владата со овие задолжувања само премостува до моментот кога очекува да ја има АПСОЛУТНАТА ВЛАСТ во МКД.
Дури тогаш ќе почне КОМПЛЕТНОТО КЛАЊЕ на народот и стопанството. Имајќи ја на располагање институцијата ИЗВРШИТЕЛ онаква каква си ја скрои за свои потреби, без она што секаде се нарекува ..концептуална перцепција на проблемот,а со внатрешен долг кој е сигурно барем дупло поголем од надворешниот, владата ќе проба....ПРАКТИЧНО НАСИЛНО... да укешира готовина која и е потребна како бели лебац, онака навикната на неконтролирано, непродуктивно трошење......

Од влада која смисли начин како да се огребе некоја пара од продавање на екологија и пластични кеси...може се да се очекува... :)
Јака ви душа и со Бога на помош.... на оние кои ги прават парите...со свој труд и пот..:)
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Е па немаат друг избор. Инаку ќе почнат да доцнат пензиите и платите на администрацијата. Кај им беше паметот кога во услови на криза зголемуваа плати. Сигурно после изборите ќе направат ребаланс на буџетот и ќе ги намалат трошоците затоа што буџетот им е далеку од реалноста. И тоа најверојатно ќе намалат од предвидените капитални инвестиции(а не платите) кој што во вакви услови би биле сламка за спас за многу фирми. А ќе предвидат и уште поголем буџетски дефицит.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Е па немаат друг избор. Инаку ќе почнат да доцнат пензиите и платите на администрацијата. Кај им беше паметот кога во услови на криза зголемуваа плати. Сигурно после изборите ќе направат ребаланс на буџетот и ќе ги намалат трошоците затоа што буџетот им е далеку од реалноста. И тоа најверојатно ќе намалат од предвидените капитални инвестиции(а не платите) кој што во вакви услови би биле сламка за спас за многу фирми. А ќе предвидат и уште поголем буџетски дефицит.

Ќе средат сега после избори, кога ќе мавнат една девалвација, а платите и пензиите ќе ги замрзнат на неопределено време (дури да заврши кризата).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Голема концентрација на моќ во една партија влада, парламент, претседател. УЈП со голема концентрација на пари и овластувања. Сега се оди преку нив, цел промет. Требаше да се направи некој баланс, пробав преку гласање-единственото демократско (колку толку) средство... ама... ништо.
а платите и пензиите ќе ги замрзнат на неопределено време (дури да заврши кризата).
до тогаш ќе бидам во пензија, ако дадат :smir:
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
kako mozes da ubies nesto sto e mrtvo
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Мене ме интересира уште колку време имаме пред да банкротираме како држава?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Мене ме интересира уште колку време имаме пред да банкротираме како држава?
Де, де што толку страв. Одамна ние сме пред стечај па се вадиме.
Умеевме 1992-1994 и просечно по 30-40 марки месечно да земаме па сме преживувале.
Лошо е концентрација на целата моќ на едно место, а за другото...
Кога ќе размислам од секогаш економската и политичата моќ биле во рацете на 30-40 души во Македонија. Па и сега.

Btw, ене ви го премиерот на зелено пазарче, истите што го пцујат и кудат на тв дека не чини ништо, дека е сиромаштија, сега го гушкаат и му се лигават.
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
212
dosta spekulanti ova vi ostana poslednata sansa da opstanete na politickata scena ama ot takvi vise ni e preku glava pa za 12 dena ke si spekulirate megu vas sema so zaev bucko so rada frce sam so sebe i taka nataka a ostavete ja makedonija da odi napred:toe:
 

CIL

Член од
21 август 2008
Мислења
750
Поени од реакции
55
dosta spekulanti ova vi ostana poslednata sansa da opstanete na politickata scena ama ot takvi vise ni e preku glava pa za 12 dena ke si spekulirate megu vas sema so zaev bucko so rada frce sam so sebe i taka nataka a ostavete ja makedonija da odi napred:toe:
Што кажа сега ај те молам објасни! Прво прочитај го текстот што е најгоре, па потоа размисли убаво, па напиши нешто рационално, не на памет. Воопшто не ја мешај политиката во сето ова, туку економски размисли. Факт е дека владата со овој потег место да превземе некои рационали и логички мерки за препродување на кризата, се натпреварува со Народната Банка-која патем воопшто не е крива што министерството за финансии со овие државни обврзници само ја уназадува економијата и речиси сум сигурен дека ќе пукне јака инфлација ако не им дојде памет. Дај боже да им дојде.
 
M

marsovka

Гостин
Што кажа сега ај те молам објасни! Прво прочитај го текстот што е најгоре, па потоа размисли убаво, па напиши нешто рационално, не на памет. Воопшто не ја мешај политиката во сето ова, туку економски размисли. Факт е дека владата со овој потег место да превземе некои рационали и логички мерки за препродување на кризата, се натпреварува со Народната Банка-која патем воопшто не е крива што министерството за финансии со овие државни обврзници само ја уназадува економијата и речиси сум сигурен дека ќе пукне јака инфлација ако не им дојде памет. Дај боже да им дојде.
нема да им дојде памет бидејќи паа....треба ли да цртам?
ќе дојдат ќе ја изебат земјава уште повеќе ќе си отидат со полни чебови и крај.
Барем претходната влада не ебеа поштено без многу залажувања и реклами а овие бе не лажат и не ебат у здрав памет и одозгора ја доебуваат економијата до крај ,беше утепана сеа ја дотепуваат
Африка еве стигаме!
 
Член од
11 август 2008
Мислења
112
Поени од реакции
14
dosta spekulanti ova vi ostana poslednata sansa da opstanete na politickata scena ama ot takvi vise ni e preku glava pa za 12 dena ke si spekulirate megu vas sema so zaev bucko so rada frce sam so sebe i taka nataka a ostavete ja makedonija da odi napred:toe:
Типичен пример за идолопоклоник кон премиерот кој упорно се обидува во негов стил да го кажува спротивното и да ја негира реалната ситуација во која се наоѓа нашево општество кое веќе е истрошено од лаги и од едната и од другата страна дајте бидете посамокритични признајте дека тонеме, опстојуваме благодарение на нашата способност за справување со сите потешкотии која ја стекнавме во последниве 18 години предолга транзиција,ако вас ви одговара да бидете целосно изолирани заради вашиот деструктивен патриотизам ние неможеме да останеме рамнодушни на сето тоа,вашата машинерија која навлезе во секоја пора на сите државни институции сега почна да метастазира и во мозокот на лугето а тоа придонесе да живеат во страв да не го загубат и она што малку е останато,благодарение на успешната политика на оваа влада сите станавме жртви на една историска епоха која ке не докрајчи дајте да бидеме единствени да не се расправаме околу реалноста да не ја негираме вистината и малку да бидиме во текот со времето а не да спрведуваме едноумие нее во ред 62 пратеници не е во ред една власт да поседува локална самоуправа претседател и премиер.очигледно негова огромна желба која наскоро и ке ја оствари е да биде диктатор епа честито нека му е на успехот а не сакам да помислам како ке заврши неговиот пат зошто многу добро познат е крајот на желните за апсолутна власт. И на крајот ке се согласам со тебе дека одиме во страшно "нагорна" линија стопанството и макроекономската политика цветаат како никогаш досега имаме економски раст и благосостојба кај стечајците кај млекопроизвидтелите кај фирмите кои извезуваат стоки во странство и така сите сме си среќни и задоволни каква грција каква албанија каква бугарија каква србија ние сме си сами немаме потреба од никој најдобри сме да живее владата на чело со премиерот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
dosta spekulanti ova vi ostana poslednata sansa da opstanete na politickata scena ama ot takvi vise ni e preku glava pa za 12 dena ke si spekulirate megu vas sema so zaev bucko so rada frce sam so sebe i taka nataka a ostavete ja makedonija da odi napred:toe:
И ја не разбрав думата ама ова болдираното го разбрав. Ај да ја оставиме Македонија да си оди напред, како што одеше досега. :uvo:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Само кај нас ли го има ова,кога некој ја критикува економијата да му залепат политичка налепница или секаде е така?Јас не се сеќавам некој да ја фалел СДСМ како не искраде како мајмуни,но тоа не значи дека ВМРО цвета економски.
Фискалната експанзија на долг рок нема никаков ефект,а колку се на власт толку го напнаа денарот.Јас незнам како е професор на економски,навистина незнам.Како може да оди контра на НБРМ,свесно носење на Македонија до банкрот.Ова со записиве ќе биде најголемата пирамидална во Европа,до кога мисли да позајмува од дома и да враќа се повеќе и повеќе,нели има крај тоа,како на пример крах.Лошо играат и банките трчајќи по профит,многу лошо.Се мислам дека се заплеткавме,тешко нас,бидејќи после ова владение ние пак мора да живееме на истата земја,не завршува историјата со оваа власт (освен ако не решиле,се да потрошат).Многу имав доверба во владава,кога почна со реформите,но сега ме плаши,секој ден се повеќе.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
Буџетот бил за трошенње -рече премиерот //// да за трошење точно а не за расипништо= реклами статуи ,тениски игралишта и ПОЛИТИЧКИ КАМПАЊИ ....
која ли упорност е тоа ... ама што може да очекуваме од прилепски студент со просек 6,1,,???
чук чук тодоре и главата погоре шо имаат бучко рада и заев ... со буџетот и расипништвото= немањето појма од економија ??? државната каса беше полна кога сдсм замина државните резерви полни (рекорд) а СЕГА ,КАСАТА ПРАЗНА ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ СЕ ТОПАТ КАКО СЕНГ НА СОНЦЕ,,,,
 

Kajgana Shop

На врв Bottom