Една од работите што поголем дел од луѓето не ја разбираат или не сакаат да ја разберат или едноставно се неинформирани.....
Проблемот НЕ Е ВО ИМЕТО.....
Да беше името трн во око на гејлада, проблемот мислам дека веќе ќе беше решен....
Или ќе беше блиску до решение...
Проблемот е "пакет"....
Во пакетот има .... име, јазик, националност....
Гледам некои од членовите аргументираат дека секогаш ќе се чуствуваат македонци, тоа никој не можел да им го одземе итн.
Проблемот е како тоа правно-легално ќе биде регулирано во ООН.....
Јас можам да викам дека сум македонец и дека живеам во МК и дека говорам македонски, вистината е дека во пасош ми пишува *&‘(*%&%’*-Македонија-(*&)(*&‘*)&‘, во извод на родени *&(‘*&‘(*&‘-Македонија-(*&*()&‘(*& и во сите останати документи....исто....
Или со други зборови, ако имам куќа со дворче, и велам ова е МК јас живеам тука како македонец, и тоа е се ОК, ама комшијата до мене и тој во соседното маало комуницира со мене како северно-балканско-горно-незнам-што....
И што сум јас и во кој двор правам скара...?
Компромисот што сака да го реализира гејлада, е промена на име, јазик, националност во документацијата на ООН....
Тоа би повлекло менување на устав и број на закони.....
Така да резултатот е дека нема да остане М од Македонија....
Па и да приватиме се што ќе ни стават на маса за потпишување, ќе влеземе во нато и еу, каде сите ќе не гледаат како изроди, фрикови, безлична маса, слабаци...."кои беа овие, аааа овие што потпишаа и сами си пукаа во колено"..... ќе не изучуваат како феномен, ќе не пишува по учебници за историја и сл.
И пак ќе бидеме последно свирче.....и никој нема да ебава 5%....
Ако не се цениш сам никој нема да те цени....!!!
Друга работа.....гледам некои членови инсистираат да се направи компромис(од било каков тип) и да се влезе во НАТО....
Прашањето е што кога ќе се влезе во овој не баш популарен клуб....?
Дали мислите дека платите ќе ви рипнат за 200% дека за година дена ќе се избавиме од срањата во кои сме сега....?
НАТО може да те спаси од надворешни непријатели....како што сите знаеме МК такви нема, од внатрешните не може, со нив треба сами да се справиме.....
НАТО ќе донесе стабилизација.....точно до некаде....и би привлекле странски инвестиции.....
И пак како што знеме директни срански инвестиции не се иљачот за нашата економија....ова може да ви го каже било кој економист....
.....и со компромисот што погоре го спомнав, ЕУ е далекуууууу за едно 10-20 години, за да реално ги исполниме условите.....
Најдобар показател колку сме далеку од ЕУ ви се нивните препораки за "мирни, фер и демократски избори" .... да бевме нормална држава, немаше да се разговара за ова, ќе се разговараше за други теми и финеси, не може да се надевате на брз прием кога за секои избори ни го трубат истото "изборите да бидат фер ово оно"...
Со други зборови не сме дораснати за таму.....сеуште.....
А и вака и така европа до јадеше еднаш со Бугарија и Романија....
На швабите им е дојдено преку глава.....од вакви недораснати државички.....згора на тоа имаме светска економска криза....
Така да сите што ветуваат брз прием во НАТО и ЕУ, јадат само бубрези и нишо повеќе....