Нато и ЕУ или Името?

Нато и ЕУ или Името ?

  • Вкупно гласачи
    182
  • Гласањето е завршено на .

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Мислете дека 200 години етничко чистење на Беломорска Македонија од Македонци, бришење на се што е македонско од истата територија, Грција преку ноќ ќе го напушти и ќе дозволи Македонија и Македонци да егзистираат ?
Таа преку прашање на името и силно инволвирање во политиката во Македонија преку купени македонски политичари и невладини организации, медиуми, сака да протне бришење на идентитетот на Македонецот со тоа што ќе го подели на Словенски Северно Македонски и Јужно Античко Македонски.
Затоа Геропулос, Фрчкополус, Црвекополус, Титополус и сите погани усни испрљани од грчко онадуење задираат и во историјата и ја исмеваат истата.
Букефалци, антиквизација итн....
Промена на име, идентитет, историја, со цел да се оправда етничкото чистење на 2 милиони Македонци од Беломорска Македонија, масовните гробници, запалените и запустени градови и села.

Едно да сватите.
Иднината на Македонија е ОБРАТНОПРОРЦИОНАЛНА од иднината на ЕУ и НАТО.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134

Славјански, демантирај ми го постот и кажи дека во наредните 3/4 години (додека е ова гарнитура на власт) името нема да се промени.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Дури дојде време да влеземе во ЕУ и НАТО, ќе се распаднат побрзо.

А името оваа гарнитура на власт се изјасни дека нема да го промени, туку ќе се оди на референдум и народот ќе се изјасни дали е за промена или не.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
За првата опција еве го одговорот од "демократските" земји
Македонија во НАТО по комромисот за името

А компромис од педерите никогаш нема да има :toe:
Не се работи тука за компромис,зошто компромисот подразбира попуштање од две,три или повеќе страни,овде се работи за присила да се смени она што никој нормален во светот нема да го смени а тоа е ИМЕТО со што практично се менува или исчезнува и идентитетот на еден народ кој е вековно и нераскинливо поврзан со самото име.:toe:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Славјански, демантирај ми го постот и кажи дека во наредните 3/4 години (додека е ова гарнитура на власт) името нема да се промени.
не е проблемот до името ... до идентитетот е ...
ако смениме име ... Северна Македонија ... и само тоа да биде ..
тогаш ќе означува Северна МАКЕДОНИЈА ... значи северен дел од Македонија што донекаде е точно ...
сепак ќе остане Македонци, Македонско,
проблемот е шо бараат и устав и идентитет да смениме ...
а јас верувам дека и со Северна Македонија нема да се сложат ... затоа што пак остануваме Македонци а тоа им смета ...
Северна Македонија според мене е супер ... само докажува дека од цела Македонија ние сме Северниот дел ... имаме Јужен кај грците и Источен кај бугарите ...

па кога ќе се обединиме ќе си се крстиме МАКЕДОНИЈА :wink:

сите од кандидатите за претседател и партиите ветуваат компромис ...
но Компромис околу името ...
вмро-дпмне кажа дека тоа ќе го стави на референдум ... па ако самите граѓани си го начукаме да си го изгласаме тогаш сами сме си криви ...

НО
сдсм вели ќе одиме у ЕУ НАТО многу брзо ... дали тоа значи дека народот нема да го прашаат и сами ќе потпишат што и да е ... дали ќе прифатат и пакет кој ќе ни го лизнат со името заедно ... тоа е суштината ... ИДЕНТИТЕТОТ, Уставот ... дали ќе си останеме МАКЕДОНЦИ ...

хрватине за 100м2 море не им се брза за у ЕУ ние за бришење на семакедонско се расправаме со бош муабети ...

сите сме запнале името името ...
а многу добро знаеме дека не е само името ...
свесно си се лажеме ....

едит: Груевски кажа дека му рекол на Нимиц ... кажи им на грците дека се согласуваме со Северна Македонија (за да им измери пулс) .. но само со тоа ... нели името било у прашање ... но со подточките не се слагаме .. грците нејќеле да чујат ...
ФАКТ: грците ќе се задоволат кога ќе смениме Име, Идентитет, сето тоа у устав, да нема Македонци Македонско .. тогаш ќе престанат да не малтретираат ....

дали сме ние спремни на тоа е прашањето .... газ да даеме на грција ... и се што е Македонско ...
не е само името пак ќе повторам ...
ако беше само името одамна ќе бевме Северна или Нова Македонија ...но сепак Македонија во која живеат Македонци кои зборуваат Македонски и имаат Македонски институции ...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.782
Поени од реакции
12.251
Не се работи тука за компромис,зошто компромисот подразбира попуштање од две,три или повеќе страни,овде се работи за присила да се смени она што никој нормален во светот нема да го смени а тоа е ИМЕТО со што практично се менува или исчезнува и идентитетот на еден народ кој е вековно и нераскинливо поврзан со самото име.:toe:
Точно, лош ми беше изразот.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Abe ajde, bidi muz, jas veruvam vo nasata superiornost na kratki stazi. :)
а јас пак верувам дека Груевски ги врти албанците на малото прсте ..
Селмани најмногу гласови од албанскиот блок? - дали мирисам нова коалиција ?
 
Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
а јас пак верувам дека Груевски ги врти албанците на малото прсте ..
Селмани најмногу гласови од албанскиот блок? - дали мирисам нова коалиција?
Hihihi.... pa jas ti vikam ke gi pretrkame, sampioni sme, ni nema ramen na kratki stazi.... :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Славјански, демантирај ми го постот и кажи дека во наредните 3/4 години (додека е ова гарнитура на власт) името нема да се промени.
Неможам да ти демантирам нешто во кое не учествувам дирекно или имам релевантни информации.
Ставот на народот е, не подалеку од двојната формула.
Тоа што ти го напиша држи вода, ВМРО-ДПМНЕ од позиција на влада на РМ ќе мора да направи поголеми остапки од двојната формула и мислам дека се токму тие остапки кои има шанси народот да ги проголта.
Ако сакаш во ЕУ и НАТО мораш да го направиш тој компромис.

Пошто јас не сакам во ЕУ и НАТО, јас сакам мојата држава да биде дел од друг свет, за мене нема потреба од никаков компромис.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
вмро-дпмне кажа дека тоа ќе го стави на референдум ... па ако самите граѓани си го начукаме да си го изгласаме тогаш сами сме си криви ...
Добро е што си ја разбрал главната поента на референдумот :helou:
НО
сдсм вели ќе одиме у ЕУ НАТО многу брзо ... дали тоа значи дека народот нема да го прашаат и сами ќе потпишат што и да е ... дали ќе прифатат и пакет кој ќе ни го лизнат со името заедно ... тоа е суштината ... ИДЕНТИТЕТОТ, Уставот ... дали ќе си останеме МАКЕДОНЦИ ...
А лошо е што се обидуваш дури и во една таква ситуација, Груевски да го амнестираш и претставиш како голем патриот и мудрец, кој демек успеал да ни го зачува идентитетот.
Ова само ги потврдува моите пишувања од пред седум/осум месеци:
Некој (читај премиерот) сака да внесе конфузија во цела ова ситуација, само за да ги задоволи своите популистички страсти.

Имено
Во последните настапи, па и последниот за Илинден, премиерот свесно го форсира зачувувањето на македонскиот јазик и македонскиот народ, како цел во врска со преговорите, и го прескокнува суштинскиот проблем.
Истото тоа го изјавува министерот за надворешни работи Милошовски.

Каде е тука конфузијата...
Конфузијата сака да ја направи некој со тоа што намерно сака во преговорите да ги внесе јазикот и идентитетот.
Но работата е во тоа што идентитетот и јазикот не се тема на преговорите и тоа никој од нас не го бара, а тоа е многупати потврдено од нашите спонзори САД и рамката во која се одвиваат преговорите.
Значи ние свесно на грците им го ставаме на маса нашето сомневање во врска со овие две точки.
Зошто ?
Причината е едноставна.
За да после некој се самопрогласи како спасител на истите...а тоа е гол популизам.
Интегрално пренесено^^

Значи да финиширам.
Груевски ги прогласи за државни непријатели сите оние кои рекоа Северна Македонија за ФИРОМ со гаранции за идентитетот и јазикот.

Груевски три години дел од својот фамозен рејтинг билдаше токму на етикетирањето и барањето предавници.

После се' ти очекуваш Груевски да го промени името ?
Или пак можеби очекуваш откако ќе го направи тоа, сите станати да му ракоплескаме ?

Доколку Груевски мисли да направи некаков компромис во врска со името, има пријателе прво сам да си ја залепи етикетата на која со големи црвени букви ќе пишува "И ЈАС СУМ ПЛЕДАВНИК", па потоа да продолжи да го прави тоа.

Истото го очекувам и од неговите слепи подржувачи!

Kajgana Shop

На врв Bottom