Доколку е така, кажи ми кога е поднесена апликацијата ?
Да потсетувам на датата на референдумот мислам дека нема потреба!!!!
"...Посебна приказна беше членството на Македонија во Обединетите нации. Во
мај 1992 година Собранието конечно донесе одлука за пристапување на Македонија во членство на Обединетите нации. Го овластивме претседателот на Републиката, Глигоров, да го предаде барањето во Њујорк. За жал, некаде во
јануари 1993 година во Светскиот македонски конгрес пристигна факс од Соединетите Американски Држави, од брифингот на портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, во кој стоеше на прашањето до каде е со апликацијата на Македонија за членство во Обединетите нации, одговорот на портпаролот е дека таа држава сé уште нема поднесено барање за прием во Обединетите нации. Факсот го умножив и го поделив меѓу пратениците. Бевме подготвени решително да му се спротиставиме на овој мега - скандал.
Бевме фрапирани и шокирани од односот на Глигоров како можел, иако изминаа цели десет месеци од собраниската одлука, сé уште да не ја поднесол апликацијата на Македонија за полноправно членство во Обединетите нации. ВМРО-ДПМНЕ најави барање за итна вонредна седница на Собранието за расчистување на оваа дилема. Се договоривме, сепак, да почекаме како ќе реагира претседателот Глигоров. И очекувано, тој што си ја има мувата на капата самиот си ја брка, веднаш, истиот ден, на ударните главни вести на Македонската телевизија, прва беше веста од Кабинетот на претседателот дека наводно се лиферувале шпекулации дека Македонија не поднесла барање за членство во Обединетите нации, арно ама барањето било поднесено на трети кат, па требало да се качи на шести кат поради што портпаролот не бил информиран, и слични пародии, за на крајот коментарот да заврши со реакцијата од Кабинетот дека претседателот Глигоров, сепак, уште еднаш ќе ја поднесе апликацијата за членство на Македонија во Обединетите нации.
Замислете, Македонија двапати поднесе апликација за членство во Обединетите нации. Друга држава во светот со две апликации, иронизирам, веројатно нема! Човек да падне од смеа. Но, барем, целта ја постигнавме. Отпосле кулоарските муабети беа дека Глигоров чекал нов состав на Советот за безбедност на Обединетите нации од 1 јануари 1993 година, со очекување во тој состав да сме имале повеќе приврзаници, па потоа да ја поднел апликацијата за да не ја поднесе во тековниот состав приклонети повеќе кон Грција каде што можело и да не се изгласа прием на Македонија во Обединетите нации и слични тиради..."