Претседателски избори втор круг: Ѓорѓе Иванов е новиот претседател на Македонија!

Кој ќе биде новиот претседател на Македонија?

  • Ѓорѓе Иванов - ВМРО ДПМНЕ

    Гласови: 207 48,3%
  • Љубомир Фрчковски - СДСМ

    Гласови: 143 33,3%
  • Нема да гласам / сеуште не определен

    Гласови: 40 9,3%
  • Ќе го поништам ливчето, не сакам да гласам за ниту еден од кандидатите.

    Гласови: 39 9,1%

  • Вкупно гласачи
    429
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Абе Груевск ие човек на Бранко Црвенковски кој беше доенсен да го сруши љупчо од вмро што и му упсеја тоа на Бранко само сега што груевски излезе од контрола и ја осети моќта која му беше дадена па прави што сака ама пак пола вмро се сдсм и прецедателот е од сдсм така да станавме како во америка каде нема две партии туку една а сите заедн оси тераат исти бизнис.
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Де бе и ти, мала лажна наместена победа - а соодносот е 2:1. Бришење на опонентот. Не е Иванов идеалниот, ни блиску, ама Фрчкоски беше автогол - од сам почеток (освен во умот на експретседателот кој или скроз заминал во недојдија или ни спрема нешто шо ќе направи да се чувствуваме прилично глупави за некое време).

Биди спортист.
LDF e legenda...bilo po pamet...bilo po biseri...i negova kandidatura e dokaz deka i MK ima jaki lugje...a to sto voopsto bese kandidiran nema samo present dejstvo-zaguba za toj koj go kandidiral...tuku i idna dobivka...bas zato sto zagubil...

Ko ce padni NG...so drugi oci ce gledame na site nesta pa i na poraz na LDF...
 
M

MKEUpatriot

Гостин
Дали ОСА може да одговори зошто СДСМ од 2005-2009 губи избори?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Планот беше Љубе, а не Фрчко да влезе во втор круг.

Се' беше решено уште во првиот круг, а албанците со бојкотот само им одмогнаа на своите ДУИ во “уценувањето“ во иднина.

Практично, ВМРО им ја подари Струга за ништо на Албанците.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Време е да се тргне на Солун,како што тргна работава.:pos2:

 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
LDF e legenda...bilo po pamet...bilo po biseri...i negova kandidatura e dokaz deka i MK ima jaki lugje...a to sto voopsto bese kandidiran nema samo present dejstvo-zaguba za toj koj go kandidiral...tuku i idna dobivka...bas zato sto zagubil...

Ko ce padni NG...so drugi oci ce gledame na site nesta pa i na poraz na LDF...
Тоа да не ти е цитат од тефтерот на Фрчко? Брееее има некој овде чесно да признае пораз? Или само закани претпоставки и тропање зелени!
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
LDF e legenda...bilo po pamet...bilo po biseri...i negova kandidatura e dokaz deka i MK ima jaki lugje...a to sto voopsto bese kandidiran nema samo present dejstvo-zaguba za toj koj go kandidiral...tuku i idna dobivka...bas zato sto zagubil...

Ko ce padni NG...so drugi oci ce gledame na site nesta pa i na poraz na LDF...
Јаки луѓе? Дај го Латас за претседател, тогаш.

Ја сфаќам фиктивната ситуација за иднина...ама ЉДФ би бил поопасен од било кој знаен јунак досега, доколку се докопа до власт. Додај го на ова и историското наследство („бисери“, да ги наречеме) и ќе добиеш, барем во моите очи, еден кој никогаш нема да гледа така како што ти прејудицираш дека ќе гледаме кога би паднал НГ (а некои луѓе и денес така гледаат).
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Време е да се тргне на Солун,како што тргна работава.:pos2:

Аууу, прилепчанец... графички е многу попластично :)

Пијат вода муабетот :)
Само, пред тоа да најдеме некој потомок на Апостолски да не водит (пошо прилепчани не пријаввите Чентовец некој современ за асал место на команда:) ).
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Јаки луѓе? Дај го Латас за претседател, тогаш.

Ја сфаќам фиктивната ситуација за иднина...ама ЉДФ би бил поопасен од било кој знаен јунак досега, доколку се докопа до власт. Додај го на ова и историското наследство („бисери“, да ги наречеме) и ќе добиеш, барем во моите очи, еден кој никогаш нема да гледа така како што ти прејудицираш дека ќе гледаме кога би паднал НГ (а некои луѓе и денес така гледаат).
Па има најмалку 300 автобуси бе,нема потреба од железница.:vozbud:
:pos2::pos2::pos2:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Chashule pishuva za neshto shto site ili ne go videle ili go premolchaa.

Кажете не!

Зашеметувачки е, просто, како на мангупите во македонската политика им успева од две универзални права на човекот слободно да верува или не, и притоа да го искаже своето несогласување, да стокмат кавга, да го поделат сопствениот народ, да го насрчат и другиот, конечно, да го вплеткаат белиот свет!

Слободан Чашуле

Зашеметувачки е, просто, како на мангупите во македонската политика им успева од две универзални права на човекот слободно да верува или не, и притоа да го искаже своето несогласување, да стокмат кавга, да го поделат сопствениот народ, да го насрчат и другиот, конечно, да го вплеткаат белиот свет!
Сето тоа во невреме за сите, само за нив токму на време!
Мислам на македонскиот народ верници, атеисти и архитекти, на Албанците. Не ги двојам ниту амбасадорите, кои, небаре неуки, со прифаќањето да делат лекции и судови за нашите, што не е нивна работа, стануваат дел од заговорот на глупоста.
Мангупите ги знаете.
Кога на едно место ќе ги видам Владе (Сорос) Милчин и Иван (Џо плескавичарот) Петрески на “спротивни” страни, јасно ми е од каде дува ветерот.
Од кај Б.Ц., кој сосема јасно од устата на својот аболиран епигон З.З. и со думата на својот прислужник со уцена и осуденик кој сонува аболиција В.Б. најави уривање на власта со случување народ, вооружување на “црвените кмери” кои го надживеаја СДСМ и, потоа, правење списоци за кршење нозе, отстрел на неистомислениците, погром и логори!
Имињата им ги пишуваме со иницијали, малолетни се, згора со посебни потреби, да ми простат, мрднати се!
Ќе се сложите со мене, повеќе од ступидно е да ја рушиш државата за да дојдеш на власт во неа! Да ја рушиш со уривање на човековите вредности!
Ама така е!
Прво, според Б.Ц., изборите треба да бидат избербатени до крај. Тоа е главната причина поради која за кандидат е избран Љубомир Данаилов Фрчкоски. Познат атентатор; тепач на жени на паркинг, на граѓани Албанци и Македонци во Тетово; Албанци, Турци и Македонци во Гостивар; убиец од Бит-пазар,; шверцер и црноберзијанец; политикант со најголем број кривични пријави во земјата... Ви оставам простор и Вие да додадете, почитувани читатели, по некоја “демократска придобивка” на Фрчко. Се разбира, покрај докрајното незнаење на сопствениот јазик, што е за мене злостор, потоа и покрај лагата со “владеењето” на другите јазици (една новинарка на Би-Би-Си ми се пожали вџашена како може министерот да зборува тарзан енглисх: “ми Тарзан, ју Џејн”, кирилично и фонетски!), покрај менувањето газди и мислења... Му беше министер на Кљусев, на Црвенковски, советник на Киро Глигоров и Борис Трајковски, на Доста Димовска; сега марионетка на Б.Ц., ама не од оние со конци, туку тие што се навлекуваат на рака (презерватив?)!
Им успеа! Изборите ги калосаа со самото тоа што се појави како алтернатива уличар, тепач и убиец, шверцер и црноберзијанец, лажго и политикант кој на Грците им го продаде името, претседателот и државата.
Второ, според Б.Ц. изборите треба да бидат неуспешни и за нас, но и за нив! Со други зборови, гласањето треба да биде неквалитетно, ако веќе не им успее најавуваниот бојкот. Ако нема инциденти, тогаш да нема нешто што го нарекуваат “демократска супстанца”. Б.Ц. сака да загубат, а садомазохистички тоа го прижелкува и Љ.Д.Ф. (од психијатриски причини со иницијали). Во секој случај, намера им е да нè накодошат сите нас, граѓаните на Македонија, пред ЕУ, НАТО и САД, па тие да нè искараат.
На пат се да им успее. Гледам деновиве како странски влади ни ги решаваат проблемите. Нивните амбасадори седат на маса со наши кандидати и им држат лекции за добро однесување.
Срамота. Фали уште да ни дојдат дома и да ни кажат како да го разместиме мебелот: Кому од нив му е грижа што во Ирска повторно се убиваат! Што деновиве на светските екрани се емитува филмот Пребројување (Рецоунт), кој речито и во најситни детали ни покажува (па, се чудат од каде ни таков опит!?) како се крадат избори и како се врши политичко насилство врз веќе изразената волја на граѓаните во Флорида! Се сеќавам, Колин Пауел ми ги прикажа и мене и на сите земји на Атлантскиот совет на НАТО изборите во Флорида како “изборна сапуница”!
Конечно, Б.Ц. сака да се врати на власт и нема цена со која ќе ја платиме таа негова горешта желба! Сака да докаже дека Македонија тоне во нацистичка диктатура, инаугурирана на овие избори, кои се (според неговата стратегија) лоши, без демократска супстанца, насилни. Затоа и ги пушти Соросоидот и Плескавичарот меѓу децата и верниците, да се создаде впечаток за диктатура, фашизам, ако не и анархија. Од самиот ден на неговото расчинување како претендент за втор мандат, Б.Ц. ја турка земјата во криза, која треба да го врати назад со единствената понуда: овие не чинат, фашисти се, еве ме мене, спасителот!
Ужас! Сакаат да нè збудалат. Криминалот и криминалците не смеат да ни бидат алтернатива!
Ќе ме читате и среде изборниот молк. Не сакам да Ви го изместам мирот. Да ве узурпирам. Нема врз основа на кажаното да ви порачувам за кого да гласате.
Ама, гласајте!
Гласајте против убијците, шверцерите и мешетарите. Кажете го своето НЕ на проектот Македонија да стане држава на организираниот криминал.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
ovoj Casule go pogodil pobednikot na ovie izbori :pos2:

kakvo dodvoruvanje so kolumni i toa pred izbori i za vreme na izbori :pusk:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Фрчко ги изгуби овие избори ама затоа пак моментов е прајслес :)


:tv:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom