TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
Дека Љубе Бошкоски имаше скриена агенда за претседателските избори, ми беше јасно уште првиот пат кога од негова уста излегоа зборовите „претседателска кандидатура“.
Бранко Црвенковски знаејќи го фактот дека Македонија ќе добие претседател уште при првиот круг на претседателските избори, направи инвестиција во изборите договарајќи се со Љубе Бошкоски кој и се докажа дека ја има улогата на привлекување гласови кои со сигурност ќе отидеа за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ. А за тоа имаа и неколку средби уште веднаш по враќањето на Љубе во Македонија, за што сведочи и елиминацијата на „Консултантот“ од претседателската трка.
Од сите јавни претставувања, самиот Љубе се докажа дека ни самиот нема поим што бара во „тоа друштво“, ниту пак дека имал некаква агенда како сериозен кандидат за претседател. Да не зборам за останатите кандидати, како на пример Нано Ружин кој единствено учествуваше колку за да има Фрчко поддршка при инсинуирањето и напаѓањето на опонентот, и на тоа впрочем беа сконцентрирани во сите јавни излагања.
Не би навлегувал понатаму, туку би ги покажал процентуално резултатите:
После оваа слика, јасно е дека без кандидатурата на слаткарот од Хрватска, денеска ќе го имавме новиот претседател на Република Македонија - Ѓорге Иванов.
Математиката на Бранко по се изгледа успеа.
Тек сега доаѓа интересното. Зошто сака Бранко и СДС втор претседателски изборен круг?
Љубе си ја заврши одлично зададената задача од страна на Бранко, сега на ред стапува мојот примарен сомнеж, а тоа е бојкот на вториот изборен круг од страна на СДС, со што ќе се доведе до неуспешни избори и внатрешна политичка дестабилизација на Македонија.
Мојот сомнеж за евентуален бојкот до некаде и ми беше потврден, при разговор со еден човек кој лично го сметам за пријател, а кој може да се каже дека е доста компетентен по тие прашања. Дополнително ми се зацврсти сомнежот после вечерашното гостување на Бучковски во отвореното студио на А1, каде што тој и јавно проговори за бојкот.
Епа...Браво бе слаткар, секоја чест која ја немаш. Доколку овој мој сомнеж кој веќе преоѓа во основано тврдење испадне вистина, не ми останува ништо друго освен да им честитам на Бранко Црвенковски и СДСМ за овие методи на деструкција на Македонија внатрешно и надворешно. Безброј пати досега се докажаа дека не бираат средства, па макар и тоа било по цена на угледот на Македонија, за да стигнат до власт. Патократија.