МОЈОТ ГЛАС

  • Креатор на темата Креатор на темата Persey
  • Време на започнување Време на започнување
Браво!!! јас еден период се мислев да идам на гласање... барем за отпор ако ништо друго, ама покасно се предомислив, затоа што никој не вреди да си ги кинам патиките за него.

Мојот глас остана дома!!!
 
Ми се гади

Партиските криминалци и лопови ќе си ракоплекскаат и ќе си се бодрат честитајќи си за тоа како го истрижеле овчарскиов народ кој ќе продолжи да пати за корка леб плашејќи се да не му ја земат и душата и идентитетот македонски
 
2634_1113381869004_1060623787_375840_4648076_n.jpg


http://mklovesyou.blog.com.mk/node/218479

Egej.jpg




Pirin.jpg




КОГА КЕ ГИ ДОРАСНЕТЕ.....ТОГАШ КЕ ГЛАСАМЕ ЗА ВАС...ЕДИНСТВЕНИТЕ ВИСТИНСКИ ПАРТИИ НА МАКЕДОНЦИТЕ КОЈ НА ДЕЛО СЕ ПОКАЖАА И ДОКАЖАА


најдобрите гласови овие избори...оставивте трага и документ позади себе..браво!!!!!!!


Уште еден круг, уште две недели парализа, па месец дена распоредување, па ке почнат тендерети кој треба да ги вратат партиските инвестиции...кругот пак ке почне и ништо суштинско нема да се смени
 
Ми се гади

Партиските криминалци и лопови ќе си ракоплекскаат и ќе си се бодрат честитајќи си за тоа како го истрижеле овчарскиов народ кој ќе продолжи да пати за корка леб плашејќи се да не му ја земат и душата и идентитетот македонски

истото го почувствував и јас! Кога ги гледав двата табори ни најголеми, препотентниот Емилијан и тикварот Влатко со стиснати тупаници (демек јаки сме) моментално добив нагон за повраќање!!!:pov::pov:

Секоја ви чест!!!:pov:
 
па ке почнат тендерети кој треба да ги вратат партиските инвестиции...
..masovno ke setaat i rekeratite nareceni UJP koi ke go dotepaat istocniot region za smetka na doizgradbata na Ilirida ...
 
Ебате избирачкиот одбор, заспани папаци. Немојте луѓе да сликате, сериозно, во втор круг, ќе си имате проблеми. А особено ако има и странски набљудувачи...немојте опасно е.:smir:
 
кој те гледа шо праиш позади тоа гласачкото место ...
можеш и да :drk::drk: ако сакаш врз листовите и пушти им ги залепени :pos2:
 
кој те гледа шо праиш позади тоа гласачкото место ...
можеш и да :drk::drk: ако сакаш врз листовите и пушти им ги залепени :pos2:

Ееее не заебавај, се приметува. Ти викам особено странците на штрек се цело време, напнати типови. Вчера имаше еден тип од Бали.:tv:
 
Ееее не заебавај, се приметува. Ти викам особено странците на штрек се цело време, напнати типови. Вчера имаше еден тип од Бали.:tv:

шознам ... ја коа гласав дремеа сите на тоа клупите ,..
нема реални шанси да те видат шо праиш позади кај шо се гласа ..
а странец не забележав ...
 
можеш да правиш што сакаш, само да не те фатат.:vozbud:
 
Браво за постапките! Но како колега би сакал да ве предупредам дека ова е еден вид кривично дело:

Кривичен законик
(Службен гласник на РМ бр.37/96, 80/99. 4/2002, 43/2003, 19/2004, 60/2006, 73/2006, 7/2008 и 139/2008)

Повреда на тајноста на гласање

член 163
(1) Тој што при избори или при гласање ќе ја повреди тајноста, ќе се казни со затвор од најмалку три години.
........

Ќе морате да внимавате за во иднина не си направите проблеми.

Поздрав!
 
tema%28184%29.jpg


Се гласаше и за Алекс Фергусон, за Чак Норис, за Бог, за „Виножито“...Се гласаше и за Алекс Фергусон, за Чак Норис, за Бог, за „Виножито“...


Автор: Фросина Цветковска
za.jpg
Партијата на Македонците од Грција „Виножито“ и здружението на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден-Пирин“ се најдоа први на гласачките ливчиња за избор на градоначалник на Скопје. Незадоволен од понудата на кандидати на завчерашните избори, некој гласач со пенкало ги допишал имињата на двете партии. Во една општина во главниот град, пак, како кандидат се појави и Алекс Фергусон, тренерот на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед. Оние кои немале конкретен предлог за дополнување на листата го дале своето мислење за понудените кандидати. „Не гласам за ајдуци“, „сите сте за никаде“, „проститутки“ пишува на ливчиња во неколку скопски општини.

И податоците од Државната изборна комисија покажуваат дека бројот на гласачи во Скопје што не можеле да се одлучат за кого да го дадат својот глас е поголем во споредба со минатите локални избори. Според ДИК 12.451 гласачко ливче било неважечко односно околу 5,5 проценти. На изборите во 2005 пак тој процент изнесувал 1,9.

Членови на избирачки одбори во неколку општини во Скопје велат дека и тие се изненадени од големиот број неважечки ливчиња, но дека за разлика од минатите изборни циклуси, граѓаните помалку ги допишувале своите сугестии. Најчесто граѓаните што сакале само да го искористат своето гласачко право без да гласаат за конкретен кандидат ги пречкртувале ливчињата.

Но, мислења има и за изборот на претседател на државата. „Сите сте за никаде“ одлучил да им порача гласач во една скопска општина. На некои од неважечките ливчиња, велат од избирачките одбори, како кандидат за шеф на државата бил допишан и заокружен амбасадорот Срѓан Керим кој се откажа од претседателската трка уште пред таа да почне. Една од главните ѕвезди уште пред денот на гласање, пак, беше и холивудскиот актер Чак Норис. На социјалната мрежа Фејсбук постои и група што е именува „Гласај за Чак Норис“, па ваквата „кампања“ резултирала тој да се најде допишан и на некои неважечки гласачки ливчиња.

Во источниот дел од земјава гласачите одлучувале за претседател да го кандидираат и Бог. „Не заокружувам никого, гласам за Бог“ пишува на неважечко ливче во Кочани. Членови на избирачките одбори велат дека на некои ливчиња до имињата биле напишани крстови.

При броењето на гласовите тие често читале и навреди за кандидатите.„Торлаци“, „глупаци“ пцости и други вулгарности дел од гласачите одлучиле да напишат до имињата на кандидатите.

Годинава поголем е и бројот на неважечките ливчиња за избор на претседател на државата. Според ДИК, неважечки се околу 3 проценти, што е речиси двојно повеќе од минатите претседателски избори. Во 2004 година при изборот меѓу Бранко Црвенковски и Сашо Кедев околу 1,7 проценти од излезените гласачи решиле да не му го дадат својот глас на никого.

И тогаш на изборите граѓаните ги наведуваа познатите музичари како Џими Хендрикс, ликовите од цртаните филмови, американскиот претседател Џорџ Буш итн. Иако во 2004 година не беше кандидат, на ливчињата се сретнуваше и името на Љубе Бошкоски, најчесто напишан под прекарот Брат Љубе.

НОВА МАКЕДОНИЈА :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom