Симболичка Библија

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
C

Cool Hand Luke

Гостин
Сметам дека и многу верници се сложуваат дека не е се буквална вистина во Библијата, но за Евангелието се бескомпромисни, тоа е до збор вистина. На друг форум имаше расправа за слепиот кому Исус му го вратил видот, дали Исус всушност и се обратил на потсвеста на слепиот и и сугерирал дека може да прогледа... Претходно апостолите му рекле на Исус дека е можеби подобро да не му го враќа видот бидејќи тој цел живот живее слеп па една таква промена... но Исус им рекол - тој живее во темнина, и се додека сум Јас на светот, Јас сум светлото на светот!
Импресивно. Се замислив околу можната симболичка верзија на оваа приказна. Преку слепиот сме претставени сите ние или повеќето од нас како духовни слепци и никогаш не ни е доцна да прогледаме духовно само доколку тоа искрено го сакаме, Бог е секогаш тука.
Ова е убаво толкување по мене, но да не е тоа поради тоа што нашата подсвест ја перцепира приказната токму овака, а не буквално? Ако е симболичка ја доведува во прашање веродостојноста на Евангелието, и испаѓа дека некој крајно лукав го пишувал сето тоа.

Јас само ова би го рекол, прв пат кога го читав Евангелието, поверував, бидејќи беше моќно, убаво, но да ме прашаше некој дали верувам дека е буквална вистина ќе му речев не знам, не сум сигурен. Сега би рекол дека е вистина, дали навистина буквална не знам, но толку ми се допадна и толку поверував во неа што навистина стана вистина за мене.
 
... како на Небото, така и на Земјата ...

АМИН!
 
Цела религија е од симболи. Исто и Хари Потер. Не треба ништо од пишаниоте записи да се фаќа здраво за готово.
 
Сё што ветено од БОГА, ќе се оствари!

Сё!
 
Имаш право! 2000 години сёмоќниот БОГ стрпливо чека да поверуваме на ЕВАНГЕЛИЕТО, а ние покрај чудата што секојдневно ни ги дава, сёуште се противиме!

Една од моите баби почина а неможеше да поверува дека за човекот е можно да се шета по месечината, а пред некој месец пак имав прилика да слушам еден филозов кој што возвишувањето ХРИСТОВО над облаците, го сваќа само симболично!

Кога веќе еднаш ќе поверуваме?

Лека ноќ!

п.с. Знаеш ли денес колку луѓе што се родени слепи, прогледуваат?!
 

е ај лаку ноч................

посабајле измиј си ги очите и почни да живееш во овој реален свет

не летај во облаците ....ќе го видиш господ во пижами ...

Он не стануе толку рано ....да знаеш ....:icon_bigg..........:costumed3.....
 
п.с. Знаеш ли денес колку луѓе што се родени слепи, прогледуваат?!

Не само тоа, многу жени од црнки истануваат плавуши, градите, усните и задниците волшебно им се зголемуваат и поплнуваат, стануваат повторно девици........
Бог е моќен!
 
Да бе луѓето без семоќниот измислија трансплатација на очи.

Без БОГА неможеш ниту врвките на чевлите да ги вржеш!

Многу е е важно, даровите кои ТОЈ постојано ни ги дава да ги употребуваме за ЦАРСТВОТО БОЖЈЕ а не за ...

...
не летај во облаците ...

Е, за неверните низ столетијата ова беше само невозможна симболика, но за чедата на верата и љубовта сите ветувања се исполнуваат и ќе се исполнат. Сите!

Дури и сите ќе го видат БОГА и тоа попрекрасно и почудесно од сите предпоставки.

:salut:
 
Без БОГА неможеш ниту врвките на чевлите да ги вржеш!

Многу е е важно, даровите кои ТОЈ постојано ни ги дава да ги употребуваме за ЦАРСТВОТО БОЖЈЕ а не за ...

Добро утро.

Сум си ги врзал врвките без него многу пати. Се повеќе од научниците денес не веруваат во бога. Зошто тогаш господ преку нив дава нови научни откритија?
 
Добро утро.

Сум си ги врзал врвките без него многу пати.

Добро ти БОГ дал!

Игорче , секој здив е еден прекрасен дар!
Одсрце секому посакувам, ослободување од противењето кон Небесниот ЦАР!

Се повеќе од научниците денес не веруваат во бога. Зошто тогаш господ преку нив дава нови научни откритија?

Зошто барале верувајќи дека ќе откријат!
Зошто Милоста БОЖЈА е несватливо поголема од сите човечки мисли!

Кога би ти кажал сега некој (повикувајќи се на ЕВАНГЕЛИЕТО) дека не само патувања низ просторот туку и низ времето се можни и ќе дојде ден кога ќе патуваме.
Што би помислил ти: Можно ќе е или не е можно туку само е симболички мислено?


Поздрав

п.с. Многу “неверници“ веруваат многу повеќе, од што самите знаат
Многу “верници“ многу помалку, од самите што се праат!
 
Има симболика и во прикаската за штурецот и мравката, и за гавранот и лисицата, за зајакот и мечката и за лавот и глувчето. Сето тоа се прикаски преку кој некој автор сакал да пренеси некоја поука за животот а не дека така навистина се случило. Пошто како што штурецот не му пошол на зима на мравката да моли за леб, или глушецо му ја изгриза мрежата на лавот за да му врати оти овој не го изел, така ниту исус навистина пак излекувал некој од слепило.
Така само се вели.
На пример често за секс се вели “Спиев со онаа“ али то не значи дека буквално сте спиеле. Таков е муабето.
 
Добро ти БОГ дал!

Игорче , секој здив е еден прекрасен дар!
Одсрце секому посакувам, ослободување од противењето кон Небесниот ЦАР!

Зошто барале верувајќи дека ќе откријат!
Зошто Милоста БОЖЈА е несватливо поголема од сите човечки мисли!

Кога би ти кажал сега некој (повикувајќи се на ЕВАНГЕЛИЕТО) дека не само патувања низ просторот туку и низ времето се можни и ќе дојде ден кога ќе патуваме.
Што би помислил ти: Можно ќе е или не е можно туку само е симболички мислено?

Поздрав

п.с. Многу “неверници“ веруваат многу повеќе, од што самите знаат
Многу “верници“ многу помалку, од самите што се праат!

Прво не се викам Игор името е извадено од филмот со франкенштајн.
Фала за убавите зборови.

Сепак ова ми е прашањето бидејќи очигледно не се разбравме

Зошто господ им овозможува на научниците кои знаеме дека огромен дел се атеисти да ги прават најголемите истражувања и откритија. Зошто самиот господ не ги води во својата вера неговите најголеми верници кон нови сознанија? Зошто на пример мора атеист да открие некој нов лек кога може тоа да го стори некој свештеник?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom