Дали постои патување низ времето?

krstenik

first things first
Член од
24 август 2009
Мислења
525
Поени од реакции
21
Чекај малку, ништо не решивме.
Ако времето за мерачот (часовник или сл.) во бродот тече побавно, а ние го коригираме и направиме да течи побрзо (часовникот) тогаш брзината на бродот треба да се смени.

Ова сето со бродот можеби треба да се земе како изолиран систем.... што наверојатно е решение.

Види нов проблем:
Ти доколку патуваш со брзина блиска на светлината ќе поминеш на пример 4 светлосни години за твои 4 години или за 4 години на Земјата?

Јас се бунам овде или ...... ?

Болд 1: Ќе се намали брзината, но неможеш да го забрзаш времето.

Болд 2: Тоа беше моето прво прашање! Растојанијата не се исти!

А да се отвори нова тема за теорија на релативност и да се префрлат мислењава таму, пошто мислам дека забегавме офтопик. :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011

Да, изгледа треба да се отвори нова тема. :)

Инаку за ова:

Ти доколку патуваш со брзина блиска на светлината ќе поминеш на пример 4 светлосни години за твои 4 години или за 4 години на Земјата?
Ако според Земјата се поминати 4 години, (а за тебе времето тече побавно) тогаш ти патуваш побрзо од светлината затоа што си поминал 4 светлосни години за пр. 4 часа. Или близу тоа.

Навистина треба нова тема за ова... :)
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.465
Поени од реакции
6.792
не постои.
 
I

Intex

Гостин
Опа, овде се развила дискусија меѓу крстеникот и Хјуман.
Вака:
се движиш со близу брзината на времето, и поминуваш одредено растојание, за одредено земско време, и за далеку помало време на твојот часовник. Како референтно време ќе го земеме земското, бидејќи времето кое го покажува саатот кој е во вселенскиот брод со кој ти се движил е искривено, исто како што е и се друго во вселенскиот брод, што значи дека прави грешка.
 
nikaТa

Mr.Lover Lover
Член од
16 април 2010
Мислења
524
Поени од реакции
60
Не гледам да постои :)
 
krstenik

first things first
Член од
24 август 2009
Мислења
525
Поени од реакции
21
Опа, овде се развила дискусија меѓу крстеникот и Хјуман.
Вака:
се движиш со близу брзината на времето, и поминуваш одредено растојание, за одредено земско време, и за далеку помало време на твојот часовник. Како референтно време ќе го земеме земското, бидејќи времето кое го покажува саатот кој е во вселенскиот брод со кој ти се движил е искривено, исто како што е и се друго во вселенскиот брод, што значи дека прави грешка.
:S Светлината мислиш ваљда.

Да, да, те сфаќам ... но гледано од моја гледна точка јас сум поминал (сум се оддалечил од земјата) прилично многу, со брзина многу поголема од брзината на светлината, и тоа за многу кратко време. Гледано од моја гледна точка ... без разлика дали е извитоперено или не, значи дека јас можам да стигнам на било која точка од универзумот за помалце од еден човечки живот?! (затоа што моето време е извитоперено, така???)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Опа, овде се развила дискусија меѓу крстеникот и Хјуман.
Вака:
се движиш со близу брзината на времето, и поминуваш одредено растојание, за одредено земско време, и за далеку помало време на твојот часовник. Како референтно време ќе го земеме земското, бидејќи времето кое го покажува саатот кој е во вселенскиот брод со кој ти се движил е искривено, исто како што е и се друго во вселенскиот брод, што значи дека прави грешка.
Така нешто, само што тој астронаутот 4 светлосни години ги поминува за (зборуваме за брзина блиска на светлината) 4 дена на пример. Значи астронаутот патува со брзина поголема од таа на светлината. Логички.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Да, изгледа треба да се отвори нова тема. :)

Инаку за ова:

Ако според Земјата се поминати 4 години, (а за тебе времето тече побавно) тогаш ти патуваш побрзо од светлината затоа што си поминал 4 светлосни години за пр. 4 часа. Или близу тоа.

Навистина треба нова тема за ова... :)
Ах ова ми нема логика.Една светлосна година е поминатото растојаније на светлината за една земска година значи тоа дека ако го поминеш тоа растојание за една ден не поминува една година на земјата туку поминуваш растојаније од кое светлината го поминува за една земска година.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Ах ова ми нема логика.Една светлосна година е поминатото растојаније на светлината за една земска година значи тоа дека ако го поминеш тоа растојание за една ден не поминува една година на земјата туку поминуваш растојаније од кое светлината го поминува за една земска година.
ОК тоа.
Ама види сега:
Астронаут треба да помини 4 светлосни години од една до друга ѕвезда. Тоа го прави со брзина блиска на светлината. Заради тоа неговата маса се зголемува и тоа влијае и на времето и на просторот. Ги искривува. И сега, астронаутот поминува 4 светлосни години, за 4 години според Земјата. Ама според него, заради фактот што за него времето тече побавно тој поминува 4 светлосни години за пример 4 дена.
Според астронаутот, тој патува побрзо од светлината.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15

Ама ништо не објасни :) и сега, според него и за тоа..... Ако се зголеми неговата маса како тоа влијае на времето ? Која беше равенката што кажува дека му се зголемува масата ако се доближи од брзина блиска или иста со брзината на светлината?

Едит: и шо фајде од споредби на патување 1 000 000 000 километри со брзина на светлината со тоа што би поминало на Земјата ?! Тука на земјата ќе поминат 4 години, ти за тие 4 години ќе поминеш големо растојание и ? времето си тече и таму и тука.

Имаше едно.... ако еден близнак патува со брзина на светлината не знам колку и кога ќе се врати брат му ќе биде остарен за толку и толку години. Зошто тоа работи само за брзина на светлината ??? Шумахер возеше и уште вози со 300 на саат а брат му брчи порше и шумахер е видно остарен од брата му :) ?

Не филозофирајте за работи што ретко кој ги разбира. Кога ќе изнесе некој факти и равенки тогаш да се дискутира вака гола вода да се најдеме у муабет.
 
Поради што се зголемува масата?Што го предизвикува тоа?Мене не ми е возможно тоа бидејќи протоните во ЦЕРН би требало да тежат ненормално.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Ама ништо не објасни :) и сега, според него и за тоа..... Ако се зголеми неговата маса како тоа влијае на времето ? Која беше равенката што кажува дека му се зголемува масата ако се доближи од брзина блиска или иста со брзината на светлината?

Едит: и шо фајде од споредби на патување 1 000 000 000 километри со брзина на светлината со тоа што би поминало на Земјата ?! Тука на земјата ќе поминат 4 години, ти за тие 4 години ќе поминеш големо растојание и ? времето си тече и таму и тука.

Имаше едно.... ако еден близнак патува со брзина на светлината не знам колку и кога ќе се врати брат му ќе биде остарен за толку и толку години. Зошто тоа работи само за брзина на светлината ??? Шумахер возеше и уште вози со 300 на саат а брат му брчи порше и шумахер е видно остарен од брата му :) ?

Не филозофирајте за работи што ретко кој ги разбира. Кога ќе изнесе некој факти и равенки тогаш да се дискутира вака гола вода да се најдеме у муабет.
Не, не објаснав, туку прашав едно логично прашање...
И ај да објаснам:
Што поголема маса концетрирана на помал простор тоа повеќе влијае на времето и просторот... Пример се црните дупки и неутронските ѕвезди.
Е сега со зголемувањето на брзината се зголемува и масата на едно тело.
Со зголемувањето на масата тоа влијае на времето и просторот.
Имено, (според некоја геометриска прогресија) масата на едно тело се зголемува (на пример) двојно откако тоа тело ќе достигне брзина од преку 280 000 километри на секунда. И нормално според прогресијата, тоа со секое забрзување нагло му се зголемува масата, а со тоа и влијанието врз просторот и времето.
Значи Шумахер нема да влијае на времето ако вози 300км/ч, еве има астронаути кои поминуваат и по 6 месеци со брзина од 28 000 км/ч, па тоа не влијае.... потребни се огромни брзини за тоа.
 
Се убаво само не кажа каква врска имаат времето и масата. Како влијае ? Се зголемува маста и ?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Се убаво само не кажа каква врска имаат времето и масата. Како влијае ? Се зголемува маста и ?
Огромната маса го искривува просторот и времето околу неа.
Вака нешто:

Со зголемувањето на брзината на некое тело му се зголемува неговата маса. Тоа е според некоја геометриска прогресија или сл и е налик вака:

(равенката не е битна:))
Значи ти треба огромна брзина за да има видливо дејство врз масата и времето на телото.

Се зголемува масата, со тоа се искривува времето и просторот. Времето за тој што патува со брзина блиска на светлината тече многу побавно за разлика од другото време.
 
Кој како сака си ги толкува вие работи и што и да има поврзано со релативитетот. Ако јас поминам 1 000 километри за 1 секунда со надеж дека ќе преживеам ќе има чувство дека времето ми е бавно оти сум завршил работа за многу кратко време ама времето не е забавено, исто си е за тој што со точак ќе помине 1 000 километри за да го има во Гинисовата книга на рекорди исто ќе си биде и за мене само што јас ќе имам можност да го гледам на телевизија :) Нема патување низ времето како тоа ај ќе одам 3 години понапред па после 5 назад и кој и да е филм од научната фантастика.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom