Bratot
Стоик и Машкртник!
ПРОГОНСТВОТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ГРЦИЈА (4)
Ги терале да пијат рицинус ако зборувале македонски
Скопје 25 октомври 2008 (МИМ)
„На децата кои задолжително го посетуваат училиштето за да го научат грчкиот јазик им се забранува да го зборуваат својот мајчин македонскиот јазик. Ако се случи такво нешто, учителот го затвора детето во училишната визба цел ден, а многу пати и повеќе. Ако полицаец сретне на патот работничко дете што зборува на свој јазик го помодрува од тепање. Истото тоа им се случува и на возрасните“. Ова е извадок од една од репортажите што ќе ги објави весникот на грчките комунисти „Ризоспастис“ од самото место по посетата при крајот на 1932 година во Леринско и во Костурско кога кога грчките власти применуваат невиден терор за да ги грцизираат Македонците.
Во суштина, основната цел на грчката денационализаторска политика во Егејскиот дел на Македонија се состоела преку присила и терор да се спречи употребата на македонскиот јaзик во јавната комуникација, на јавните места, во училиштата, црквите, во семејствата, смета академик Иван Катарџиев. Од црквите се бришел секој текст, натпис, се откоренувало секакво обележје, се уништувале иконите или книгите што потсетувале на македонската словенска култура.
„Во својата политика за брза денационализација и асимилација на македонското малцинство, на оние што успеале да го избегнат прогонот во Грција, грчката држава обрнувала особено внимание на образованието. Таа не само што се трудела да избрише се’ што можело да ја храни индивидуалната и колективната меморија на еден народ за долговековното живеење, историја, култура, традиција на овие простори, туку како фактор за брзо и ефикасно постигнување на својата цел ќе се потруди да воведе драконски мерки против употребата на македонскиот јазик во прв ред од младите генерации. За таа цел, во прво време, во прв ред ќе му обрне внимание на образованието и воспитанието на младите генерации и на забрана на употребата на македoнскиот јазик - секаде, надвор и дома во семејството, на нивата, во шумата со стоката и кога ора и кога пасе. Или се носат дрва со неа“, пишува академик Катарџиев за денационализацијата и асимилацијата на Македонците од страна на грчката држава.
До истите сознанија ќе дојде и грчката професорка по антропологија во САД Анастасија Каракасиду, која осум години ќе го истражува минатото и сегашноста на малото место Ѓувезна (Арисос) во Солунската околија, чии жители целосно се асимилирани. Таа во својата книга „Полиња жито, ридишта крв“ вели дека многубројните директиви на грчката влада упатени до локалната власт во 1920 и 1930 година извршиле длабоко влијание врз социјалните односи и сфаќањата на идентитетот на населението. Најзначајна била забраната за јавна употреба на друг јазик, освен грчкиот. „Особено, употребата на ‘бугарскиот’ (збор, кој често се користел во Грција за да се означи или да се категоризира словенскиот јазик, што се зборувал во Македонија) се забранувала на секое јавно место, во продавниците и на пазарите“, пишува професорката Каракасиду.
Како што нагласува таа, за време на меѓувоениот период, жандарите постојано го држеле на око локалното населени и му пишувале казна на секој што на јавно место ќе прозборел „бугарски“ (наводниците ги става авторката, н.з.) или некој друг јазик освен грчкиот. „Употребата на словенскиот јазик била успешно ограничена, а главно го зборувале жените меѓу себе. Кога децата ќе влезеле во училиштето, каде што било најстрого забрането да се зборува друг јазик освен грчкиот, а тоа важело за цела грчка Македонија, културната и лингвистичката рамнотежа се нарушувала уште повеќе. Исто така, биле основани и вечерни училишта за да можат и возрасните мажи и жени да учат на грчки. Ова мерка, веројатно, била една од најефикасните орудија за културна асимилација. Во 1940-тите само мал број постари жени во Арисос се’ уште зборувале словенски јазик, а според сознанијата од мојата теренска работа таму беше останала само една жена, за која селаните велеа дека го „бугаризира“ грчкиот јазик кога зборува. Но, некои зборови од (поранешниот) локален говорен речник, сепак, останале, особено изразите за роднинските врски, како доказ дека таму некогаш се зборувал словенски јазик“, пишува професорката Каракасиду.
Според неа, градењето на грчката лингвистичка хегемонија очигледно во Арисос, местото каде што таа истражувала, се случила релативно лесно, но во другите места овој процес бил насилен. Таа го посочува примерот на жителите на Сохос, источно од Лангадас, кои биле принудувани да пијат рицинус или били испраќани дури в затвор ако зборувале на некој друг јазик, а не грчки. „Во западна грчка Македонија, каде што словенската свест кај локалното население била посилна, а влијанието на грчкиот јазик историски послабо отколку во заедниците во централна грчка Македонија, како во Асирос, кампањата на хеленизација била поагресивна, а имало и поголем отпор спрема неа. Таму дури и младите ученици биле тепани ако зборувале словенски“, пишува Анастасија Каракасиду.
Какви мерки преземале грчките власти за да го протераат македонскиот јазик говори и следниот пример. Еден селанец од Нерет бил повикан да се јави на суд по обвинение дека бил фатен од полицијата како со други луѓе од селото „зборува на јазик што останатите не го познаваат (словенски) и како на истиот јазик пеел“.
Воспитувањето на младите во грчки дух било најлесниот пат за да се оствари целта. За развој на образованието во краиштата каде што живееле Македонците грчката влада одобрила 14 милиони драхми кредит за подигање на училишта. Само во Леринско се предвидувало да се подигнат 80 училишта. На таа засилена грцизација на Егејскиот дел на Македонија реагирала и Кралска Југославија. Нејзиниот амбасадор во Лондон ќе забележи дека Грција има намера да го избрише прашањето на словенското малцинство од десната страна на Вардар.
Репортерот на весникот „Ризоспастис“ ја опишува тогашната состојба на македонското малцинство во Грција како многу тешка. „Нема да зборувам за економското угнетување, кое е пострашна отколку во другите околии. Ќе дадам само неколку податоци за духовното и политичкото угнетување за да видат трудбениците во Грција какви маки трпат кутрите Македонци“, информира неговиот репортер и ги изнесува примерите како учениците се повикувале секој ден на испитување за да ги натераат да „признаат“ дали и кога нивните татковци прифатиле вооружени луѓе во своите куќи, кој јазик зборувале. „Ги задолжуваат, се разбира, сите вработени да зборуваат грчки, дури и во своите куќи за да ги погрчат. За одбележување е дека ни една жена не знае грчки. Околискиот управник Бакос, еден од најкрвожедните луѓе, порано капетан на андартите, редовно ги повикува учителите за да дознае за движењето во селото и им дава различни совети за ‘националната мисија’, т.е. пожестоко да ги угнетуваат Македонците“, пишува „Ризоспастис“.
Новинарот нагласува дека луѓето повеќе се плашеле од националистичките организации ЕЕЕ и „Павлос Мелас“ отколку од полицијата. Тој наведува пример како еден припадник на ЕЕЕ во присуство на полицаец претепал еден земјоделец, бидејќи зборувал македонски. Во В’мбел, Костурско, биле претепани и осудени на десет години затвор поради тоа што пееле песни на својот македонски јазик.
Академик Катарџиев пишува дека жестокоста со која се прогонувал македонскиот јазик не можел да остане без последици и практично тој станал апокрифен јазик. „Македонецот можел да се зборува само тајно и тивко, да не биде слушнат од непознати и непосакувани личности. Од друга страна, прогонувањето го оневозможило неговиот развој. Тоа го конзервирало и објективно одело во полза на еленизација на македонскиот народ на подолг период“, заклучува македонскиот историчар.
(продолжува)