Писмо од Милошоски до Дора

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Антонио Милошоски испрати писмо до шефицата на грчката дипломатија, Дора Бакојани,во кое се вели: -Имајќи ги предвид неодамнешните недоразбирања околу историските прашања изнесени јавно од високи грчки функционери и со цел да се надмине застојот во билатералните односи и повторно да заживее политичкиот дијалог, сметаме дека двете држави би сакале заеднички да ја искажат својата обврска и одговорност за натамошното развивање на грчко-македонските односи во духот на добрососедството и партнерството.

Во овој дух на пријателството, би сакал да ги повторам трите македонски иницијативи предложени до грчката страна на официјалниот состанок во рамките на ОН за прашањето за името меѓу двете страни што се одржа во Охрид на 21 јануари 2008 година. Овие иницијативи сведочат за нашата постојана подготвеност за заеднички ангажман и тесна соработка во сите области кои се важни за нашите меѓусебни односи и за нашата целосна посветеност на решавање на сите отворени прашања на најдобар можен начин.
Оттука, а воден од словото и духот на Времената спогодба од 13 септември 1995 година, би сакал да го повторам и, со тоа, по втор пат да предложам потпишување на Декларација за пријателство, добрососедство и соработка меѓу нашите две земји. Цврсто сум уверен дека оваа Декларација не само што ќе придонесе кон пријателството на народите од двете земји за денешните и идните генерации, туку и ќе даде значаен придонес кон мирот и развојот на регионот на Југоисточна Европа и на Европа во целина.
Земајќи ја предвид искажаната чувствителност на Грција за историските прашања, верувам дека еден од можните чекори за градење доверба меѓу двете држави и народи е заедничко разгледување на историските настани. Во овој контекст, би сакал уште еднаш да предложам основање Заеднички комитет за образование и историја. Подучувањето заедничка и повеќеперспективна историја на Балканот може да игра важна улога во процесот на помирување со минатото, преку спречување на употребата на историските настани за поттикнување идни недоразбирања.

Врз основа на начелата на Времената спогодба од 13 септември 1995 година, инструмент што мојата Влада длабоко го почитува, и со цел да се зајакне меѓусебното разбирање, сметам дека двете држави треба да ја продолжат праксата на одржување редовни консултации и состаноци на различни нивоа, како и на потпишување билатерални спогодби во сите области од заеднички интерес. Затоа, би сакал да го повторам нашиот Рамковен предлог за унапредување на билатералните односи меѓу нашите две земји. Ова ќе придонесе кон понатамошното зајакнување на соработката и меѓусебното разбирање, како и кон унапредување на регионалната соработка, што е неопходен услов за создавање стабилен и просперитетен регион и негова интеграција во европските и евро-атлантските структури.

Длабоко сум убеден дека Грција, како земја со силна посветеност на целите и начелата на Повелбата на Обединетите нации, Финалниот документ од Хелсинки и Париската повелба, отворено и искрено ќе ги поздрави овие иницијативи во позитивен дух во целите на развивање на пријателските односи меѓу двете земји.

Покрај тоа, цврсто сум уверен дека со прифаќање на овие три иницијативи обете влади ќе испратат силна порака за својата силна посветеност и конструктивен приод кон тековните разговори меѓу Република Грција и Република Македонија под покровителство на ОН за надминување на разликата околу името.

Со искрени желби и надеж дека пријателската и блиска соработка меѓу нашите две земји уште повеќе ќе зајакне во иднина, Ви ги упатувам изразите на моето највисоко почитување.-

Автор на веста: Нетпрес
 
Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
батали го неписмениов
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
А Дора веднаш побрза да одговори негативно на писмото.
 
ivana22

хиперактивна
Член од
21 декември 2007
Мислења
34
Поени од реакции
7
Касно е сега да грдат добри соседски односи кога веќе они ја усраа работата и ја изолираа Македонија па веке никој не ја сака и подржува и не испокараа со сите сега писма ке пракаат за смирување:smir: па не е ова градинка :nesvest:

Ако си карактер стои на своето што и праќаш писма на Дора за да не ти даде лоша оценка за овие избории а до прееска ја плукаше како и сите што ја плукавме:kesa:
На нејзе не и треба писмо брееее туку еден така поголем ај да не бидам вулгарна ми се гади од Пандора:nerv:
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Овој ја подебава Грција.

Вика.
Длабоко сум убеден дека Грција, како земја со силна посветеност на целите и начелата на Повелбата на Обединетите нации, Финалниот документ од Хелсинки и Париската повелба, отворено и искрено ќе ги поздрави овие иницијативи во позитивен дух во целите на развивање на пријателските односи меѓу двете земји.

Грција на сите тие начела и повелби уринира а Геровски им го држи заедно со Фрчко и Бранко.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
На нејзе не и треба писмо брееее туку еден така поголем ај да не бидам вулгарна ми се гади од Пандора:nerv:
А тој поголем......мислам дека Милошов го нема :toe::kesa:
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Срамота бе дами така да разговараат.
:)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Овој ја подебава Грција.

Вика.
Длабоко сум убеден дека Грција, како земја со силна посветеност на целите и начелата на Повелбата на Обединетите нации, Финалниот документ од Хелсинки и Париската повелба, отворено и искрено ќе ги поздрави овие иницијативи во позитивен дух во целите на развивање на пријателските односи меѓу двете земји.

Грција на сите тие начела и повелби уринира а Геровски им го држи заедно со Фрчко и Бранко.
Кон ова твоево ќе додадам уште еден момент од писмото:

Земајќи ја предвид искажаната чувствителност на Грција за историските прашања, верувам дека еден од можните чекори за градење доверба меѓу двете држави и народи е заедничко разгледување на историските настани. Во овој контекст, би сакал уште еднаш да предложам основање Заеднички комитет за образование и историја. Подучувањето заедничка и повеќеперспективна историја на Балканот може да игра важна улога во процесот на помирување со минатото, преку спречување на употребата на историските настани за поттикнување идни недоразбирања.

Дали Милошов у овој дел ми изгледа како плачипи*ка или така ми се чини??????:tapp::tapp:
 
Не го гледам како плачење, туку како демагошка флоскула.
Грците не признаваат разговор за историјата, историјата е нивна, ИСеСТОРИЈА.
Грекос, архаикос.
Сепак писменцево ја голицка Дора, а ова чим одма одговорила доста незгодно голицкање било.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom