Сакам да дадам мислење до каде сме со основање на држава.
Сметам дека сме многу далеку од основање сериозна држава( можеме да основаме ама не некоја јака држава,некоја неактивна и слабо ,,фермана"од целиот свет) која не да биде светска силу,туку држава која нема да биде само колку да ја има на карта.Ние сега сме на пат да основаме таква,неактивна,слаба мала држава,што се должи и на малиот број играчи во голема мера,но и некои наши грешки.Наместо да учиме од некои мали држави кои успејаа да се наметнат во еСветот за нас само знаат Турците и само кога не викаат за можен ТО.
Прво што ни треба е активно вклучување во политичкиот живот,ни требаат луѓе кои ќе бидат конгресмени во своите држави,добри бизнисмени и воени лица.Нешто што досега немаме.Ние правиме грешка што се селиме ко цигански караван од држава во држава,со што немаме време да се позиционираме вискоко и тоа во најбројните и најјаките каде е многу тешко да се успее во политиката и бизнисот,па и во војската,а истотака ни треба и активна соработка со луѓе чии земји ги нема на еРепублик.Еве примери од балканските земји.За пр. ќе ги земам Хрватска и Србија.Додека беа во дијаспора тие соработуваа заедно,најмногу во Австрија каде и заедно и беа на власт,чекаа долго време но создадоа држави кога имаа веќе доста јаки играчи.Роби Петриќ од Хрватска,конгресмен во Америка и нејзин претседател и 6 најуспешен еАмериканец во историјата на еАмерика, Иван Радман познат бизнисмен има фирма Цроатиа Холдинг која и пред да се направи еХрватска стана многу јака фирма,Кокацх генерал во многу светски армии и уште неколку такви играчи( ги набројав хрватските бидејки живеам во Хрватска и запознаен сум со нив).Треба сите организирано да се преселиме во некоја земја,бидејќи веќе го одбравме PEACE пример Турција.Уште една грешка е уште Петко нероден капа да ми кроиме,со која си ги намаливме шансите за основање бидејки кој разумен од земјите на Атлантис (иаку распаднат се во лоши односи со земјите од ПЕАЦЕ и војуваат со нив) би потпишал да си добиеме држава.Да се населиме во Турција,а у Бугарија не е лоша опција и да основаме некоја политичка партија пр. Party for Macedonian-Turkish friendship, и да освоиме бар едно или две пратенички места( ќе се кандидираме и населиме во многу слабо населени региони од таму да извадиме конгресмени),и дел од поискусните играчи што сакаат да војнички живот да се приклучат кон Турската армија,и работејки за доброто на еТурција ќе си го зголемиме угледот и ќе имаме играчи кои стварно ќе бидат ценети.
Сега имаме друга состојба нашите играчи со исклучок на 4-5 души,се само работници и војуваат ради ех.Треба сериозно да се посветиме на политичиот,воениот и бизнис живот во земјите каде живееме,да издаваме весеници (ако се доселиме во Турција доволно е еден па сите да го читаме тој) да основаме заеднички компаниии во косопственост да не запознаат во светот,бидејки само така ќе можеме најдобро да добиеме држава,а и ќе имаме вредно искуство во водење држава.