Бањи на иднината

  • Креатор на темата Креатор на темата Lanna
  • Време на започнување Време на започнување

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Колку пати инстинктивно сте тргнале кон Вашата бања со далечинскиот управувач во раката? Колку пати сте посакале да го преселите телевизорот во тоалетот, за во миговите на зорт да не пропуштите макар ни минута од омилената серија или натпреварот на омилениот фудбалски клуб? Колку пати сте замислувале романтични моменти во џакузи со омилената музика и ротирачки светла? Колку пати за време на редовните сеанси во тоалетот сте посакале да ја играте вашата омилена видео игра?

Колку пати сте ја замислувале својата бања како добива нови димензии под ударот на новите технолошки бранови?

Дизајните на иднината обезбедуваат мал милион погодности за современиот човек. Ако се земе во предвид податокот од едно истражување дека човекот во текот на својот живот во просек поминува околу 11.862 часа во тоалетот, зборуваме за околу година и пол повеќе време за гледање ТВ, за слушање музика, за одговарање на телефонски повици, за сурфање на интернет, за играње на видео игри... и се ова од сопствената бања.

„Тоалетот е совршено место за вашиот личен престол. Погрешно е на него да се гледа само како на место каде се оди од потреба. Единствен проблем со тоалетот е што можеби нема да сакате некогаш да излезете од него“ – ќе каже еден од актуелните производители на луксузни тоалети во светот.

Каква е вашата замисла за изгледот на тоалетот на иднината? Што сметате дека вам би ви го направило тоалетот специјално катче за уживање?
Доколку можете да најдете, би било супер да прикачете и некоја сликичка.

Неколку примери за сегменти на тоалети со совремни технолошки моменти:



techvision-infinity2.jpg
techvision-infinity1.jpg
interior_design_store_luxury_contemporary_modern_apartment_furniture_seating_tables_chairs_property_home_london_uk_england_bathroom_tv_shower_tap_faucet_taps.jpg
bathroom-TV.jpg
north-star-spa-tv-1_48.jpg



А сега повелете вие.
 
Ми се допаѓаат бањиве поради ентериерниот дизајн... деталите со телевизорите ги занемарувам, сметам дека е непотребно нивно постоење во бањи - премногу разлигавено, ме потсеќа на Crib на некој амерички рапер кој уште само во гаражата нема поставеноо телевизор и surround озвучење...

Каква е вашата замисла за изгледот на тоалетот на иднината? Што сметате дека вам би ви го направило тоалетот специјално катче за уживање?

Моите лични стилски убедувања во однос на дизајн на ентериер, јасно ја поткрепуваат „доктрината“ на минимализмот - добро осмислена, едноставна и функционална форма, без дополнителни декоративни елементи, нити во поглед на колорит, нити во поглед на просторно декорирање. Форма која е проследена со елегантно дефинирана линија, која скулптурално го врамува елементот (или објектот, ако зборуваме за архитектура) и искрено ја покажува морфолошката тенденција на дизајнот.

Според тоа, како прво нешто кое ми доаѓа на памет да го претставам како бања која мене ми се допаѓа е таканаречената Ebb Bathroom:

ebb-bathtub-sink-shelf.jpg


ebb-sink-bath-shower.jpg


...понатака ќе надополнам и други слики, од слични минималистички дизајни.
 
Кога сме кај минимализмот...


Со феноменот наречен Vertebrae се запознав пред неколку месеци. Го превртев цел Интернет за повторно да ја најдам сликата и кога конечно успеав морам да ја споделам.

vertebrae_bathroom_system.jpg



swiss-army-knife_bathroom1.jpg



Личи на уметничка инсталација испирирана од hi-tech комбинирани отварачи за шишиња. Може да ви личи и на орнамент или скулптура. А всушност е првата преклопна вертикална бања во светот.

Наречена The Vertebrae, следејќи ја симболиката на 'рбетот, составена е од тоалет, лавабо, цистерна со вода, и два туша поставени на 2.5 метри висока метална шипка.

Цената и е £9,000 и е наменета за домаќинства во кои особено треба да се внимава на добра искористеност на просторот заради вечната борба да се сместат туш кабина, лавабо и тоалет во нивната бања.

The Vertebrae е изум на повеќепати наградуваниот дизајнер Paul Hernon од Huddersfield, кој ја креираше мислејќи на малите станчиња. Човекот содзаде интригантна ама сепак функционална и едноставна бања, зачувувајќи простор преку позиционирање на елементите еден врз друг. Дизајнирана е да го користи вертикалниот наместо хоризонталниот простор. Лесна е за собирање и одржување.Ги руши границите на се што е видено досега на ова поле. Луѓето што ја виделе се едноставно запрепастени.

Двата туша, еден за возрасни и еден за деца ротираат за 180 степени, додека сите други елементи ротираат цели 360 степени.

Сите елементи се вртат околу челична шипка која ги содржи сите водоводни и одводни цевки и секој дел може едноставно да се повлече кога е потребен.

Hernon, вели дека со измислување на Vertebrae, ги поттикнува архитектите при проектирање да одделуваат помал простор за бања, давајќи им предност на димензиите на другите простории во домот.

Сепак, тој е предупреден дека Vertebrae тежи 150 килограми, и дека домаќинствата кои сакааат да ја поседуваат ќе треба да ја засилат сигурноста на подлогата пред да ја сместат ваквата бања во својот дом.

The Vertebrae е во продажба од Јануари годинава. Промотивните верзии се обезбедени со огледала за бричење, светла и други интересни додатоци.
 
Мило ми е што темава се придвижи во овој правец. Минимилистичките девизи, вградени во многу стилови во времето на Модерна и сегашниот нео-модернизам, даваат посебна елеганција и го оплеменуваат просторот на оригинален начин, а користејќи едноставни форми, природно прифатливи за сечие око.

Во ред, не баш за сечие... :)

Еден од дизајнерските стилови кој ги почитува минималистичките принципи е и пуризмот. Подолу се само некои најпознати примери на пуристички дизајн на бањи (и по некој јавен санитарен јазол, кој ги сврстувам во истиот тип на простории - намената е слична, не постои само приватноста). Ај, плакнете очи...

194192glasese-shower-design.jpg

European_Styling_m1.jpg

geometrical-bathroom-design.jpg

geometrical-bathroom-design-6.jpg

purist-bathroom-suite.jpg
 
Јас од мое искуство знам само дека колку повеќе рамно прѕирно стакло има бањата толку е потешка за одржување и треба да се утепаш гланцајќи го стаклото пошто на него остануваат секогаш флеки од водата. За мене најдобра бања е таа во која само огледалото е единственото рамно стакло, со можност да се што можно подалеку од умивалникот и тушот односно кадата.
 
bathroom2.jpg
blue-bathroom.jpg
five-franklin-place-loft-master-bathroom.jpg
white-sink2.jpg

Не ми се свиѓаат воопшто. Некако се многу монотони.
 
Не ми се свиѓаат воопшто. Некако се многу монотони.

Се сложувам на факс кога учиме за нив мене искрено ми се поврака толку безлични до крајност монотони , мразам минимализам и геометризираност и се само прави линии по гаволите каква функционалност бе не е само то важно без ни малку декоративни елементи без ни мала заобленост се само големо едноличие.. А колку ги мразам па тие кујните со метални додатоци имаш чуство како да си во лабараторија а не во дом кој зрачи со топлина..ни боја ни ништо црно бело .. празен простор неверојатно нешто...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom