Lanna
Taller, Stronger, Better
- Член од
- 30 септември 2008
- Мислења
- 550
- Поени од реакции
- 165
Колку пати инстинктивно сте тргнале кон Вашата бања со далечинскиот управувач во раката? Колку пати сте посакале да го преселите телевизорот во тоалетот, за во миговите на зорт да не пропуштите макар ни минута од омилената серија или натпреварот на омилениот фудбалски клуб? Колку пати сте замислувале романтични моменти во џакузи со омилената музика и ротирачки светла? Колку пати за време на редовните сеанси во тоалетот сте посакале да ја играте вашата омилена видео игра?
Колку пати сте ја замислувале својата бања како добива нови димензии под ударот на новите технолошки бранови?
Дизајните на иднината обезбедуваат мал милион погодности за современиот човек. Ако се земе во предвид податокот од едно истражување дека човекот во текот на својот живот во просек поминува околу 11.862 часа во тоалетот, зборуваме за околу година и пол повеќе време за гледање ТВ, за слушање музика, за одговарање на телефонски повици, за сурфање на интернет, за играње на видео игри... и се ова од сопствената бања.
„Тоалетот е совршено место за вашиот личен престол. Погрешно е на него да се гледа само како на место каде се оди од потреба. Единствен проблем со тоалетот е што можеби нема да сакате некогаш да излезете од него“ – ќе каже еден од актуелните производители на луксузни тоалети во светот.
Каква е вашата замисла за изгледот на тоалетот на иднината? Што сметате дека вам би ви го направило тоалетот специјално катче за уживање?
Доколку можете да најдете, би било супер да прикачете и некоја сликичка.
Неколку примери за сегменти на тоалети со совремни технолошки моменти:
А сега повелете вие.