Keвин - "the lion whisperer"

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.167
Поени од реакции
704
Возраст
39
Mистеријата на Кевин Ричардсон сеуште никој не ја објаснал. Јужноафриканскиот психијатар има специфични хоби: слободно се дружи со најопасните животни од дивината. Сепак, не го правете ова во нашите зоолошки - таму има животни на кои и најдобриот психијатар не би можел да им е пријател.

Кевин работи во резерват во близина на Јоханесбург и секојдневно си игра со лавови, леопарди, пуми, хиени и останатите диви мачки, без никаква опрема како камшици и ланци. Се што Кевин има со себе е трпението.

Дивите ѕверови во неговите прегратки се однесуваат како најпитоми миленичиња, а дури и му дозволуваат да си игра со нивните млади. Овој 32-годишен психијатар пред неколку години сфатил дека многу подобро се чувствува во друштво на животните отколку со луѓето, па дал отказ во болницата во која работел и се посветил на загрозените видови.

„Се ослонувам исклучиво на своите инстикти. Нема да му пријдам на животното доколку чувствувам дека нешто не е во ред со него“, тврди Кевин Ричардсон, кој својата способност да се спријателува со ѕверовите ја открил кога пред неколку години бил нападнат од четири годишен лав. Ѕверот го соборил Кевин на земја, но кога им се сретнале погледите, лавот одеднаш се смирил и заминал, без да го повреди.

Бидејќи во овој случај сликите навистина вредат илјада зборови, погледнете ја мини фото/видео галеријата од животот на овој уникатен човек и неговите најдобри пријателчиња.



http://www.youtube.com/watch?v=YGrVrHTT8dU

lionwhisperer02.jpg

lionwhisperer03.jpg

lionwhisperer04.jpg

lionwhisperer09.jpg

lionwhisperer10.jpg

lionwhisperer11.jpg
lionwhisperer14.jpg


Сликите се превземени од http://www.hemmy.net/2007/07/16/the-lion-whisperer-kevin-richardson/.
 
Како само може? Брилијантен човек ако успеал да ја разбере нивната психологија. Си игра со нив како со кученца и мачиња а тоа уствари се лавови, хиени и пантери...

lionwhisperer05.jpg
 
Браво,браво :bravo: Добро ја разбира нивната психологија,и знае многу добро како со нив.Јас на 200 метри кога би видел лав ќе бегам како луд а не па вака да си играм со нив,како домашни миленици
 
Секоја чест за човеков ..
 
леле, и ја сакам да имам една Меги ко неговата, секако само доколку ја имам неговата дарба:pipi:
браво, секоја чест:bravo:
 
И сметајте за некое време кога ќе прочитате/слушнете дека го изеле лавови, слично како оној со крокодилите.
Животните секогаш ќе останат животни.
 
И сметајте за некое време кога ќе прочитате/слушнете дека го изеле лавови, слично како оној со крокодилите.
Животните секогаш ќе останат животни.

Ако не веруваме дека животните еден ден може да се спријателат со луѓето, зошо да живееме? :)

Тој со крокодилите не беше пријател4е со нив, туку ги гњавеше, башка ража го сјеба него (Стив Ирвин). Кевин е друга категорија.

И да, и јас сакам да сум ко него :)
 
И сметајте за некое време кога ќе прочитате/слушнете дека го изеле лавови, слично како оној со крокодилите.
Животните секогаш ќе останат животни.
Или па како тој Гризли Мен и девојка му од Америка што беа изедени токму од гризли(иако се најде во погрешен момент на погрешно место).
 
Пред некој ден го гледав клипот кога се бања заедно со нив.. фасцинантно
 
леле блазеси му на чоеков :vozbud::vozbud: ех камо и јас да можам онака да ги галам ѕверкине :vozbud::vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom