Карактерот на претседателскиот кандидат Иванов

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување

Иванов мислење

  • Иванов треба да му се извини на Нано

    Гласови: 10 34,5%
  • Иванов не треба да му се извини на Нано

    Гласови: 9 31,0%
  • Иванов ја искоритува својата моќ како професор

    Гласови: 5 17,2%
  • Иванов не ја искористува својата моќ како професор

    Гласови: 5 17,2%
  • Иванов излажа во барем една од неговите изјави

    Гласови: 8 27,6%
  • Иванов не излажа во ниедна од неговите изјави

    Гласови: 6 20,7%
  • Иванов треба да се заколне дека не знаел за криминалните дејства на негвиот брат

    Гласови: 2 6,9%
  • Иванов не треба да се колне за горенаведеното

    Гласови: 7 24,1%
  • Иванов треба да се заколне дека нема да ја користи својата политичка моќ за да му помага на својот б

    Гласови: 4 13,8%
  • Иванов не треба да се колне за горенаведеното

    Гласови: 5 17,2%

  • Вкупно гласачи
    29
Добро од каква полза е расправата за иднината на Македонија.Што има врска брат му да биде на тапет.Си има институции судство власт ако згрешил ке го гонат ако не нне.Мислам расправава е под секое интелектуално ниво без навреда.Треба да даде заклетва јас нема да го штитам брат ми нон сенс и да сака не може.Македонија е мала се се дознава.Ако тоа се случи да го штити под услов брат му да згрешил тогаш ке се реагира не може однапред

Тоа што ќе даде заклетва се вика чест и е нешто што го прави цел свет. Зошто да не го прават и нашите политичари. А како прецедател има право да го амнестира и цело независно судство е џабе.
 
Па и даде заклетва ако сака пак може преку посредници разни канали да помага некој криминалец кој сака нека биде.
 
Па и даде заклетва ако сака пак може преку посредници разни канали да помага некој криминалец кој сака нека биде.

Не велам не. Ако сака може и лажно да се колне. Ама сепак треба да се заколне ако не друго да даде едно такво ветување. За да знаат гласачите дека ветил такво нешто.

Не е прв политичар во светот кој бил во ваква ситуација. Ама ако навистина сака да биде коректен прецедател треба да го вети тоа.

И треба веќе да се даде до знаење дека не може се да се толерира и дека треба да земат сите политичари многу поголема одговорност инаку никогаш нема да тргнеме напред.
 
МЕНЕ МЕ УЧЕА ТРИ РАБОТИ ДА БИДАМ ЧЕСЕН ДА БИДАМ ВРЕДЕН И ... со оваа изјава Иванов кажал се и сега тој посебно ке дава заклетви за се нешто
 
Ок сега сум ставен во теснец. Ги слушам изјавите кои се даваат на телевизиите и се чудам, особено оние дадени од ВМРО-ДПМНЕ. Она што ми остава впечаток е нивната ароганција. Сега ќе објаснам:

1. Иванов и Нано се изјаснија дека се пријатели и дека имаат фер и коректен однос, но сепак Иванов даде една изјава која беше целосно наменета јавно да го омаловажи Нано Ружин кој е пред се еден угледен професор. Нано Ружин практично и да не е во трката за претседател и јас лично не ја гледам причината за обидот за такво јавно понижување.

2. Во истата изјава Иванов призна дека користи студенти во свои намени. Сите знаеме дека кога некој професор ќе побара нешто од студентот (не зборам за секс и сл. туку за некој вакви ситници) и ќе го добие. Но сепак јавно да се покажува неговата злоупотреба на неговата функција професор и да се фали со неа за мене не е ок.

3. Повторно за изјавата ама имаше и епилог. Иванов потоа изјави дека тоа не го правеле неговите студенти туку неговите бивши студенти. Прашањето е колку бивши студенти Иванов има контакт, јас лично би рекол дека нема шанси повеќе од 100 што не би направило никаква промена во гласањето и тоа не би било нешто што тој би го спомнал на ТВ што доведува до единствениот логички заклучок дека или неговата прва или неговата втора изјава е лажна. А кога ќе те фатат во лага барем може да се извиниш ако не повеќе.

4. Неговиот брат е осуден за трговија со бело робје. Се согласувам дека не треба гревовите на неговиот брат да му се препишуваат него. Но Иванов во ниеден момент не даде изјава дека кога ќе дојде на власт нема да го заштитува криминалот на неговиот брат.

5. И пак за неговиот брат. Иванов исто треба да даде изјава дека во ниеден момент не бил свесен за крим иналните дејства на неговиот брат бидејќи ако бил тогаш тој е соучесник, а трговија со бело робје е гадно нешто. Зар не чуствува потреба да се дистанцира од својот брат.

Слободно дополнете што мислите дека недостасува и кажете го вашето мислење.

I ti cekas odgovor na ovaa anketa, gospod da cuva
 
МЕНЕ МЕ УЧЕА ТРИ РАБОТИ ДА БИДАМ ЧЕСЕН ДА БИДАМ ВРЕДЕН И ...

И да те надоврзам,да фрла клетви до 7мо поколение на млекари,сточари и сите што мислат поинаку од пастирот Груевски и Иванов.
 
Добро бе Месија зарем Фрчко е подобар од Иванов? Дај еднаш престани да фалиш трулеж во кој и ти не си убеден дека е добар избор за председател, биди како сите во СДСМ на локално ниво, не го тупи сега.
Имам прилика да соработувам со локалните ограноци на СДСМ и нема член кој го сака Фрчко, нивните зборови беа, нема кој, нема подобар.
И да те надоврзам,да фрла клетви до 7мо поколение на млекари,сточари и сите што мислат поинаку од пастирот Груевски и Иванов.
 
кога собираа потписи дојдоа со кола за да одиме да се потпишеме за Нано Ружин
 
Моето мислење за Иванов.
Иванов е чесен човек и има големи познавања. Тој функционирал во друга средина, каде важат други правила. Читал, се образувал, комуницирал со студенти и бил фер со нив, затоа и го ценат.
Меѓутоа ова е друга средина. Тој очигледно не е навикнат многу да му противречат, ретко кој студент го прави тоа. Во целава ситуација не се снаоѓа. Нервозен е па избрзува со изјави, па потоа се вади со погрешно бил разбран.

Луѓето на овој терен не се доблесни, се фаќаат за зборчиња, ги вадат од контекст, ги извртуваат и прават конструкции. Тој тоа не може да го поднесе, бидејќи веројатно не е воспитуван во тој дух, едноставно не е негова бранова должина, и затоа така непромислено реагира. За ваква работа треба да бидеш префриган и секогаш спремен на напад. И оние со кои утре ќе комуницира ако стане претседател ќе бидат такви. Се се тоа препредени луѓе, стари волци. Затоа се сомневам дека ќе се снајде во такви ситуации, каде на незгодни прашања од странски новинари или провокатори ќе треба на моментот да се снајде. Мене ми делува на темелен човек, кој не избрзува со заклучоци откако претходно не ги изанализира податоците. Но за такво нешто едноставно ќе нема време. Наогајќи се во такви ситуации, не можејќи да се снајде дава несоодветни изјави.
Мислам дека има голема желба да стане претседател, воден од идеализам и од желбата за доброто на земјата и желбата да покаже дека можно е и друг тип на луѓе кои не се лешинари кои не се водени од личните интереси да ја водат земјата. Но тоа не е доволно, мислам дека и самиот ќе се покае што се одлучил на ваков чекор, ако веќе и не се покајал досега, ама ако се фатил на орото ќе мора да го игра до крај.

П.С. анкетата е турлитава
 
Ок сега сум ставен во теснец. Ги слушам изјавите кои се даваат на телевизиите и се чудам, особено оние дадени од ВМРО-ДПМНЕ. Она што ми остава впечаток е нивната ароганција. Сега ќе објаснам:

1. Иванов и Нано се изјаснија дека се пријатели и дека имаат фер и коректен однос, но сепак Иванов даде една изјава која беше целосно наменета јавно да го омаловажи Нано Ружин кој е пред се еден угледен професор. Нано Ружин практично и да не е во трката за претседател и јас лично не ја гледам причината за обидот за такво јавно понижување.

2. Во истата изјава Иванов призна дека користи студенти во свои намени. Сите знаеме дека кога некој професор ќе побара нешто од студентот (не зборам за секс и сл. туку за некој вакви ситници) и ќе го добие. Но сепак јавно да се покажува неговата злоупотреба на неговата функција професор и да се фали со неа за мене не е ок.

3. Повторно за изјавата ама имаше и епилог. Иванов потоа изјави дека тоа не го правеле неговите студенти туку неговите бивши студенти. Прашањето е колку бивши студенти Иванов има контакт, јас лично би рекол дека нема шанси повеќе од 100 што не би направило никаква промена во гласањето и тоа не би било нешто што тој би го спомнал на ТВ што доведува до единствениот логички заклучок дека или неговата прва или неговата втора изјава е лажна. А кога ќе те фатат во лага барем може да се извиниш ако не повеќе.

4. Неговиот брат е осуден за трговија со бело робје. Се согласувам дека не треба гревовите на неговиот брат да му се препишуваат него. Но Иванов во ниеден момент не даде изјава дека кога ќе дојде на власт нема да го заштитува криминалот на неговиот брат.

5. И пак за неговиот брат. Иванов исто треба да даде изјава дека во ниеден момент не бил свесен за крим иналните дејства на неговиот брат бидејќи ако бил тогаш тој е соучесник, а трговија со бело робје е гадно нешто. Зар не чуствува потреба да се дистанцира од својот брат.

Слободно дополнете што мислите дека недостасува и кажете го вашето мислење.
А на кого треба да му дава изјави за неговиот брат, што ти е должен да зборува за брат му. Што не интересира нас за неговото семејство, ај тебе нека те проценуваат по постапките на братучетка ти , глупости.
А што и да направи Иванов тешко дека ќе го надмине Фрчковски во лаженње и простатлук, и според мене ако победи на изборите нема да биде пошто е нешто многу добар за претседател туку пошто овој другиов е карикатура.
 
2 работи во 5 точки :pos2:
ама анализа за карактер на еден човек .. браво :pos2:

ај им рекол на студентите ... грешка шо си изјави барем искрен е ...
ама за братот да се дистанцирал :) БРАТ ало .. каков е таков е еден е ... никој не е безгрешен ... БРАТ е ..

значи според тебе 2 негативни работи па да дополниме а си ги разделил у 5 точки ...
еве додади 3та за седмо колено :)
секако ќе се јави камиказата(Месијата) да не потсети :pos2:

ако се овие 3 работи шо се негативни кај Иванов тогаш уште повеќе сум уверен да гласам за него :wink:

морам да се повторам ...
и месија се јави нормално :pos2:
ако се само овие негативните работи кај Иванов ... тогаш супер....

до отварачот на темата ако може да отвори една за негативностите на останатите ...
ја неможам многу има за набројување :)
 
А на кого треба да му дава изјави за неговиот брат, што ти е должен да зборува за брат му. Што не интересира нас за неговото семејство, ај тебе нека те проценуваат по постапките на братучетка ти , глупости.
А што и да направи Иванов тешко дека ќе го надмине Фрчковски во лаженње и простатлук, и според мене ако победи на изборите нема да биде пошто е нешто многу добар за претседател туку пошто овој другиов е карикатура.

Гледај мене брат ми знам дека нее криминалец. Јас знам дека не е осудуван за тоа. И исто се гледам со него секој ден. Јас незнам луѓе кои вршеле таков криминал.
Ако сакаш да се кандидираш за прецедател треба да бидеш чист како солза. Сепак не бираме бугарски идол туку личност која ќе треба да не води во наредните 5 години. Затоа и треба да даде изјава дека нема да го штити неговиот брат.
А јас за мојот брат знам многу работи. И знам дека ако се вмеша во трговија со луѓе јас ќе го пријавам бидејќи таа е една од најгадните нешта што постојат. Затоа и очекувам тој да даде изјава и да ни каже дали знаел за активностите на неговиот брат. Ако знаел тогаш е соучесник. Ако не знаел тогаш никому ништо.
А тоа што ги игнорира сите овие работи е најтрагично бидејќи вакви работи не се игнорираат. Утре ќе треба да води джава. Ќе ги игнорира ли и тогаш сите вакви работи. Утре може да замижи за илјадници криминалци или да почне да помилува како Бранко. Ако сакаме држава мора да донесеме некој човек кој знае како се понаша.
Само во Македонија може вакви работи да се игнорираат. Во други земји осега ќе се повлечеше и од трка.
 
значи ни треба робот ... шо викаш ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom