- Член од
- 20 декември 2005
- Мислења
- 503
- Поени од реакции
- 6


Претседателот на државата Бранко Црвенковски продолжува со старата практика да помилува сторители на тешки кривични дела - изборни инциденти, финансиски криминал, злоупотреба на службена должност и овластување, обид за убиство, тешки кражби..., обвини вчера на прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ.Од кабинетот на шефот на државата немаат коментар на обвинувањата. Наместо тоа, одговор преку прашање стаса преку соопштение на СДСМ.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека претседателот Црвенковски на 12 март го помилувал Зоран Трајанов, поранешен претседател на кочанскиот суд, кој е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување.
- Апсурдот да биде поголем, Трајанов нема одлежано ни половина од пресудената затворска казна, а Црвенковски го помилува. Министерството за правда има дадено негативно мислење за ова помилување. Црвенковски го помилувал и Благоја Постолов, осуден за давање поткуп, иако не почнал со издржување на пресудената затворска казна. Иако не одлежала ни ден од пресудената затворска казна, Црвенковски ја помилувал и Ружа Кузманова, осудена за финансиски измами со тековни сметки. Помилување добил, а не одлежал ни ден и Филип Маназиев, осуден за сообраќајна несреќа со смртни последици - рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.Според него, за сите наведени случаи Министерството за правда дало негативно мислење.
- Тоа не го спречило Црвенковски повторно да се стави над законите и практиките за законско и морално постапување, односно да се стави во позиција на заштитник на криминалот. СДСМ и Црвенковски остануваат исти. Единствено што ги интересира е злоупотребата на функциите за свои и за партиски интереси. Оваа постапка на Црвенковски, лидерот на СДСМ, докажува дека во таа партија ништо не се променило од времето на мрачната транзиција. Пет години Црвенковски ја злоупотребуваше функцијата претседател. Тој завршува како и што почна, со штитење на криминалот - обвини Бичиклиски од името на ВМРО-ДПМНЕ.Во Министерството за правда велат дека ваквото постапување е недозволиво.
Ima uste nekolku dena da pomiluva kriminalci, ama prasanjeto e!!! koj nego posle se ova ke go pomiluva