Колку и да сере членството на владеачката партија за монтирање на случајов, и колку и оние опозиционерските фанови да плукаат предизборно по владата... фактите сеуште стојат, и мојата разочараност од сточариве што не влетале во влада и да си земат сите по еден компјутер дома исто така стои.
Кога толку попмезно Сведмилк влезе во Македонија, а премериот се смешкаше пред камери, со исто толку помпа може и да им обезбеди пари. Кога приватниот газда не им плаќа на оние кои ги ангажирал, изневерените граѓани ќе се жалат кај владата секако, бидејќи е тоа природен процес, децата се жалат кај таткото кога некој ќе ги нападне. На крајот на краиштата, владата е платена од народот да се грижи за народот, и не треба да има ништо чудно кога стотина револтирани луѓе ќе дојдат да се поажалат за четири месечното не примање плата.
Вашите илузии дека се` е процес на политика, се комплетно исправни. Но кога би размислиле без ничија помош, туку со вашите две клетки во главата за кои и онака не е сигурно дека ги имате, ќе разберете дека ова е идеално време за изнаоѓање начин да се добијат тие пари. Пред некој ден тутунарите беа исплатени, сите улици се поправаат, сите политичари се смешкаат, избори се... ако сега не се добие, никогаш нема.
Но, ве разбирам. Живееме по линија на помал отпор, па зошто би се труделе да го активираме и тој еден грам што го имаме, кога можеме едноставно да седнеме на школката, и дооооооолго да сереме без да се трудиме да го изнајдеме фецесот во нас, туку онака од прва, чисто биолошки, бидејќи сме надарени да сереме, не мора ни труд.
Слава ви.
п.с. Не знам дали прашав, знае ли некој зошто не ја срушиле ЦЕКА момциве?